Фан клуб - РК Вардар

Грешат многу Вујо и Михајло...
Посебно со Надовеза,Продановиќ,Маркичевиќ...
Ова се едни од најквалитетните странци шо заиграле овде....
Ова се класа играчи...а лесно се откажува од нив..
Па сигурно еден Тихомир Додер не е подобар од Надовеза...
Го памтам од пред некоја сезона...не е нешто посебно...
Надовеза за него е Карабатиќ....
Продановиќ е прва постава во Српска репрезентација....
Сигурно дечкото има квалитет штом е пред сите конкуренти.....
Тешко дека ќе најдат барем на нашиот пазар поквалитетни играчи од овие....
Не се прави тим каде шо костур на екипата се Кукоски,Јанев,Никола Марковски,Даскаловски.....
Ова се добри млади играчи,настрана се...ама не се носители на игра....
 
Вардар сака чешко крило
Чехот Јан Собол (27) е потенцијално засилување на скопски Вардар про за следната сезона, како замена за Рајко Продановиќ. Собол е репрезентативец на Чешка, а играше со Татран Прешов и има интернационално искуство во Монпелје, каде што настапувал три сезони.

Собол беше на прегледи и преговори во Скопје и наскоро ќе се знае дали ќе потпише и на колку време.

Скопјани повторно прават интернационален состав, но сакаат да „соберат“ и повеќе домашни квалитетни играчи што се слободни на пазарот. Романецот Стамате и бекот Додер се првите засилувања. Според тренерот Веселин Вујовиќ, в година Вардар треба да има 18 ракометари, од кои 10 домашни кандидати и осуммина странци.


Извор
 
Навистина јас сум за Пелистер ама со губењето на Надовеза ќе изгубите одличен играч на левата и на централната бековска позиција !
 
Нека го сдонесат Манасков и им простувам:ROFLMAO:
И сега ќе видиме исто сценарио како и во другите години...
Металург ќе си ги земе Надовеза и Продановиќ и ќе ја освојат пак лигата. Или Пелистер можеби ќе го направи истото:D
 
Ќе се чудат Михајло заедно со Вујо ако следната сезона во бараж од регионална лига Пелистер не тепаат со Надовеза и Продановиќ...
Ја мислев озбилни ќе бидат од следната сезона пошо почнуваме регионална лига они пак исто.
 
А, да оставиме да видиме што ќе направат? Ипак Романци, Чеси носат Вујо вратен јаки бекови така да нека праат што мислат ако направат исто како оваа година и пак губиме ќе критикуваме, сега не е време, зошто ако освојме се ќе падне у вода ова што го пишувате. :)
 
Не можеме да освоиме пошо играме регионална :) .
А купот каков ќе биде Македонски или пак регионален?
 
Проданович највероватно ке оди во Пик Сегед.
А зошто да не кога се слободни Надовеза и Маркичевич, да не ги земи Пелистер и така фалат бекови и тоа не се овие некој слаби...
 
Нека го сдонесат Манасков и им простувам:ROFLMAO:
И сега ќе видиме исто сценарио како и во другите години...
Металург ќе си ги земе Надовеза и Продановиќ и ќе ја освојат пак лигата. Или Пелистер можеби ќе го направи истото:D
Продановиќ и не се покажа баш нешто посебно сезонава. За Надовеза се слагам дека би било грешка ако се откажат така лесно од него, па и за Чурувија донекаде. Другите странски играчи што играа сезонава можат слободно да си одат.
 
Не можеме да освоиме пошо играме регионална :) .
А купот каков ќе биде Македонски или пак регионален?
Брат ако играме во регионална тоа не значи дека нема да играме во шампионастот хахахаха
Едноставно сега шампионатот ќе има друг систем. Ќе се играат пак мечеви во кои ние нема да учествуваме, и на крајот ние ќе се вклучиме во плејофот заедно со Металург и првите две во регуларниот дел во кој ние нема да учествуваме.
Слично ќе си настапуваме и во купот...
 
Слично ќе си настапуваме и во купот...
Ова го барав :)
Незнаев дали ќе има регионален куп ( во кој учествуваат истите од регионалната лига ) или македонски куп ( во кој учествуваат само мак екипи.
Иначе знам дека ќе учествуваме во Плејоф а нема во регуларен дел.
 
Ова го барав :)
Незнаев дали ќе има регионален куп ( во кој учествуваат истите од регионалната лига ) или македонски куп ( во кој учествуваат само мак екипи.
Иначе знам дека ќе учествуваме во Плејоф а нема во регуларен дел.
Во следна година ќе имаме многу натпревари. Значи ќе учествуваме во регионалбната лига, а на крај ќе се вклучиме во домашната, ќе играме во Македонскиот куп и во еден од Европските (Куп на ЕХФ или КПК во зависност од тоа дали ќе ги спојуваат сезонава или не...).
 
Крајот на домашната ( од која првите двајца играат во регионална лига ) е после крајот на регионалната. Ќе биде интерсно следната сезона :) . Ние ( Комити ) ќе одиме на сите утакмици од регионална или уште не се знае.?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom