Фан клуб - РК Вардар

На Телекабел има Eurosport 2, ама изгледа мечот е во 19:30 по наше време.

Пееее на ова кејблтелов ништо не фаќаме да им ебам се да им ебам :nerv:

До година здравје, има време...тогаш ке дискутираме околу тоа алиии...битно е што има Вардар да покаже оваа година, како што гледаме и самите нема и нешто многу :( за жал... тимот на Вардар се формираше цел месец, можеби и повеќе, па сите ние очекувавме гоолем буум на теренот...али за жал, пак ќе кажам, не изгледа така баш и дека ќе се постигне многу со ваквиот состав од Вардар-не ми се верува ... Под итно мењавање да има на Пејовиќ, а се сложувам и за Симовиќ, ептен непрецизен беше на овој меч. Даскаловски како голман би бил подобра опција, али не ми се верува дека Ристовски би бил запоставен затоа што мислам дека премногу го форсира Савевски него.

Чекај бе брат, треба малку време да му дадеме на составот. Да видиме како ќе му се спротиставува на Меѕалург до полу сезона па после ќе правиме муабет...
 
До година здравје, има време...тогаш ке дискутираме околу тоа алиии...битно е што има Вардар да покаже оваа година, како што гледаме и самите нема и нешто многу :( за жал... тимот на Вардар се формираше цел месец, можеби и повеќе, па сите ние очекувавме гоолем буум на теренот...али за жал, пак ќе кажам, не изгледа така баш и дека ќе се постигне многу со ваквиот состав од Вардар-не ми се верува ... Под итно мењавање да има на Пејовиќ, а се сложувам и за Симовиќ, ептен непрецизен беше на овој меч. Даскаловски како голман би бил подобра опција, али не ми се верува дека Ристовски би бил запоставен затоа што мислам дека премногу го форсира Савевски него.
Ја од тоа што го видов од Пејовиќ, сум задоволен. Не знам ти што си очекувал од него. И пак ќе кажам, Вардар според мене одигра солидно и мислам дека нема потреба од дигање толкава паника. Поготово што еден скоро комплетно нов тим не се оценува според 3 одиграни утакмици.
 
Новите крила се одлични ,голманите треба да влезат во форма.Вардар игра добро играчите се заедно само еден месец и мора да се уиграат.
 
Многу јасно дека новоформиран тим не се оценува само од три изиграни утакмици, па ете како што кажавте ќе чекаме до полусезона да видиме како Вардар ќе му се спортистави на Металург. Не викам дека јас се знам и дека секогаш точно проценувам, ама ако не ги проценував тие работи како што треба досега ќе останев без својата професија. Баш ме интересира каков ќе биде исходот од овој муабет и кој ќе биде во право...се надевам дека 100% ќе грешам и дека нашиот Вардар ќе си ја врати титулата ...

А иначе Пејовиќ мене не ми смета у тим, ја не го плаќам од свој џеб па да зборам тука лошо за него, туку кажував само што видов и кажав дека не сум задоволен и дека не ми изгледа искусно на пр.ако го споредам со Продановиќ или Надовеза !!! А ти Gokso што толку добро виде во неговата игра, па си толку многу задоволен...образложи молам...
Поздрав.
 
Нов пораз на турнирот во Добој,овојпат од Босна,со 27-26....
Ќе играме за 7мото место со Колубара или слога...

Не ми изгледа на добро,али ај,реков не коментирам додека не ги видам во живо како играат.
 
Добро е што конечно добивме една утакмица за поправање на впечатокот. Тимот полека се уигрува а како што гледам предводник е Пецаковски. Претпревме многу порази, а посебно ме разочараа оние од Извиѓач, Борац па и овој од Босна иако секогаш на нивни терен сме минувале лошо. Поразите од Чеховски Медведи и Монпеље беа очекувани и нема да приговарам. Тимот покажа дух кога се врати на мечот против Колубара и успеа да ги победи, а ме радува и победата над домашната Слога. Се на се мислам дека подготовкјите беа полу успешни. Неможевме одма да очекуваме тимот да гази, туку ме радува што формата полека се темпира. Незнам сеуште со каков квалитет располагаме и едвај чекам да почне првентсвото. Не очекувам спектакуларни резултати, па можеби ќе имаме и конкуренција од пелистер за втората позиција, но се надевам дека може да дојдеме и до титулата. Се поизвесно е дека нашите комшии нема да успеат ни да останат во Европа, па се надевам дека тоа ќе ги демотивира и ќе ги распарчиме во првенството. Реално имаат подолга клупа, но составите на првите екипи се скоро еднакви по јачина. Лошото е што нашите брзо ќе се уморат а немаме некои замени за разлика од нив...
НАПРЕД ВАРДАР!!!
 
Има некој идеја како завршил првиот дуел од турнирот во Блаце???
Вечерва игравме со Раднички Крагуевац, а утре ќе играме со екипата на Планинка.
Инаку во моментов во Вардар Про на проба се уште три ракометари. Едниот доаѓа од Чешка, Томас Резничек, кој ланската година за Целје и игра на позиција десен бек. Останатите двајца се Српскиот репрезентативец Вукашин Рајковиќ и Хрватот Араповиќ.
 
EDIT: Всушност во група сме биле со Смедерево и Планинка. Значи вчера сме играле со Смедерево, а не Раднички (незннам само од кај ми текнало на ваков тим :pos:), ииии сеуште незнам како завршила утакмицата :toe:
 
РК Вардар ПРО – РК Смедерево 34 – 22

РК Вардар ПРО – РК Планика 38 – 25

РК Вардар ПРО – РК Ловќен 30 – 28

Денес од 19 часот е финалето на турнирот против Рк Наисус.
 
Вардар е победник на турнирот,ги победиле Наисус со 37-32.
 
Конечно неколку добри изданија на нашиот клуб.
На мечот со Смедерево, Продановиќ дал 5 гола, а Симовиќ и Чантурија по 4. На голот Даскаловски имал 18 одбрани, а Борко не ни бранел.
Во вториот меч со Планинка, 5 гола на маркоски и на Јокиќ, 4 на Пецаковски, 14 одбрани на Даскаловски.
Против Ловќен Продановиќ дал 8 гола, Пејовиќ 5, Надовеза 7, Даскаловски имал 8 одбрани ,а Борко и Чаневски по 6...
За финалето незнам :)
Настапиле и Резничек и Араповиќ. Вториот давал по два гола на секој меч, а Резничек дал по еден на два меча и три против Планинка.
Не се знае нивната иднина во тимот, исто како и на Рајковиќ кој дојде од Копенхаген и не настапуваше на овој турнир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom