Фан клуб - РК Вардар

Не гледам некаква логика во моментов Игор да дојде како играч во Скопје. Како играч во ростер со 4 средни бекови и 3 леви, како и фактот дека во ноември прави 37 години зошто би го сакале тука? Во некоја друга улога во иднина можеби, но тоа е веќе сосема друг муабет.
 
Кара во Загреб. Толку од желбите дека ќе го пензионираме во Скопје...
Да имаше Вардар настап во лига шампиони ќе дојдеше во Скопје, вака паметна одлука направи.
 
Кара во Загреб. Толку од желбите дека ќе го пензионираме во Скопје...
Со моменталните играчи што ги имаме на среден бек, мислам дека не ни треба. Само непотребно оптоварување на буџетот би бил.
 
Платата што ја побара Кара за да дојде кај нас беше нереална, во моментов 4-те средни бекови заедно земаат безмалку исто како сумата што он ја побарал за да се врати... Доволно добро сме покриени на среден во моментов...
 
Не реков дека ни е потребен, затоа спомнав ништо од ЖЕЛБАТА да го видам во Скопје. Безразлика на моменталниот квалитет, сакав да го видам во Вардар за крај на кариерата.
Ако тоа што го барал е слично колку сумата на платите од сите 4 бекови, значи ептен сме сиромашни, маме му ебам :D

П.с. тројца од нив би ги избркал сместа (сите освен словенецот), за он да биде во составов :D
 
Сите сакавме да го видиме во Скопје и во Вардар уште еднаш, но не по цена на плата повисока од таа што ја зимаше во времето на Самс... Бараше плата што не ја зимал ни во Киелце годиниве наназад ниту еднаш...
 
Оваа сезона најголема загуба за нас мислам дека ќе биде заминувањето на Столе.Човекот и во играчки денови а и сега ја држеше цела соблекувална а и односи меѓу тренер-играч,играч-играч.Мое мислење се надевам грешам.
 
Јапан 2 е дело на Недановски како и Јапан 1? Дали затоа Недановски е спортски директор или изборот на Јапан 2 е сепак чиста случајност и нема врска со него, патем знае ли некој дали Недановски е спортски директор (сеуште) ?
 
Prodoren e noviov Japan kao Jasuhira?
На тренинзи бил најдобар и на технички план и на физичките тестирања, од него сите се изненадени и презадоволни, ќе го видиме кога ќе биде фрлен у оган на највисоко ниво…
 
Сесвете не би требало да претставува проблем ниту дома, ниту на гости.
Велам Сесвете затоа што се третата хрватска екипа по квалитет после Загреб и Нексе, не би му дал многу шанси на Дуго Село во двомечот.
Малку чепкав деновиве и гледам дека Дуго Село направиле добра екипа.

Го ангажираа Тони Чолина за тренер, неколку години работеше во Љубушки, во Извиѓач и тоа мошне успешно.

Потпишаа неколку млади играчи од Загреб за кои што немаше место (Целегин, Бувиниќ, Франковиќ, Шпрем), меѓутоа имаат и искусни играчи како Анте Калеб (поранешен играч на Загреб, Марибор, Азоти, Берн), Дориан Маркушиќ (најпознат од настапите за Нексе) и како најголемо засилување Томислав Северец кој се враќа од Бундеслигата (Хамбург и Либек), а пред тоа Нексе.

Така да, мечот меѓу нив и Сесвете може да отиде во било кој правец. Лесно може да се случи и они да ни бидат ривали во групата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom