Фан клуб - РК Вардар

Го гледам составот за наредната сезона и само едно не разбирам зошто се потребни четири голмани.Се прашувам кога ќе добие шанса Богдановски.
Ќе се слика со другите тројца за на инстаграм. #motm #howidefeatedradovis #rkkumanovocannotscoreonme
 
Добро што Томче оди во Тиквеш, немаше многу резон неговото останување во тимот во ситуација кога успеавме да го вратиме Тале. Домашен играч кој игра и одбрана и напад, за разлика од Томче кој е еднодимензионален. Подобро за него од аспект на минутажа, подобро и за нас од аспект на помалку играчи на платен список.

Се надевам ќе се освестат и ќе се ослободиме и од Богдановски. Не знам зошто воопшто не ја користиме опцијата за позајмици. Кога веќе му дадовме четиригодишен договор на Стаменковиќ, комотно можат да го испратат да игра во прволигашка конкуренција и да се челичи барем сезонава. Мислам дека апсолутно немаше потреба од дури четири средни бекови, пребројани сме на таа позиција. Ќе видиме за многу брзо на кого навистина може да сметаме.

На десно крило три играчи од кои еден веќе направи 24 години, а никогаш не доби вистинска шанса...
 
Последно уредено:
Не гледам некаква логика во моментов Игор да дојде како играч во Скопје. Како играч во ростер со 4 средни бекови и 3 леви, како и фактот дека во ноември прави 37 години зошто би го сакале тука? Во некоја друга улога во иднина можеби, но тоа е веќе сосема друг муабет.
 
Кара во Загреб. Толку од желбите дека ќе го пензионираме во Скопје...
Да имаше Вардар настап во лига шампиони ќе дојдеше во Скопје, вака паметна одлука направи.
 
Кара во Загреб. Толку од желбите дека ќе го пензионираме во Скопје...
Со моменталните играчи што ги имаме на среден бек, мислам дека не ни треба. Само непотребно оптоварување на буџетот би бил.
 
Платата што ја побара Кара за да дојде кај нас беше нереална, во моментов 4-те средни бекови заедно земаат безмалку исто како сумата што он ја побарал за да се врати... Доволно добро сме покриени на среден во моментов...
 
Не реков дека ни е потребен, затоа спомнав ништо од ЖЕЛБАТА да го видам во Скопје. Безразлика на моменталниот квалитет, сакав да го видам во Вардар за крај на кариерата.
Ако тоа што го барал е слично колку сумата на платите од сите 4 бекови, значи ептен сме сиромашни, маме му ебам :D

П.с. тројца од нив би ги избркал сместа (сите освен словенецот), за он да биде во составов :D
 
Сите сакавме да го видиме во Скопје и во Вардар уште еднаш, но не по цена на плата повисока од таа што ја зимаше во времето на Самс... Бараше плата што не ја зимал ни во Киелце годиниве наназад ниту еднаш...
 
Оваа сезона најголема загуба за нас мислам дека ќе биде заминувањето на Столе.Човекот и во играчки денови а и сега ја држеше цела соблекувална а и односи меѓу тренер-играч,играч-играч.Мое мислење се надевам грешам.
 
Јапан 2 е дело на Недановски како и Јапан 1? Дали затоа Недановски е спортски директор или изборот на Јапан 2 е сепак чиста случајност и нема врска со него, патем знае ли некој дали Недановски е спортски директор (сеуште) ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom