Фан клуб - РК Вардар

Не знам баш каде да го лоцирам проблемот, но очигледно е дека не функционираат стварите и тоа е евидентно веќе подолго време. Далеку од тоа дека имаме екипиште, ама освен Алкалоид/Еурофарм Пелистер овој тим треба со сите други екипи да нема проблем да се носи. Не верувам дека е до техничко-тактичката спремност, но има нешто друго во позадина што шкрипи.

Не може против овој Тиквеш без Симиќ и без Шулески со реално доста ограничена ротација на бековски позиции да се мачиме да се одлепиме. Не се до толку утепани играчите кои ги имаме во составот.
Called it!

Добро е што Бутин ќе остане дел од клубот, да видиме што ќе следи.
 
Со оглед на тоа дека е селектор на Јапонија, не знам дали е изводливо, не дека не би било одлично :D
Знам дека е селектор на Јапонија,чисто онака да се занимаваме до Среда :D
 
Samo promeni ne vadat ako sakame da se nadevame na titula. Ajde da vidime što ke se donese, od trener do igrači.
 
Михо, стариот лисец, уште не ги пушта конците од своја рска. Сите овде на форумот бевме свесни дека Бутинот не е вистинско решение на клупата, но во актуелната ситуација беше најрационално и најприфатливо. Верувам дека покрај државниот ваучер има уште некоја финансиска инекција, па Михо се решава на овој потег. Добро е што Бутин останува во клубот, сепак има стаж и придонес, така се постапува со некој кој подметнал грб во тежок момент. Следен чекор мора да бидат 2-3 квалитетни засилувања, минимум голман, среден/десен бек. Во спротивно ќе ни треба Дејвид Коперфилд на клупа со Крис Ејнџелс за помошник.
 
И да нема титула оваа сезона не е страшно,битно е да се стабилизира финансиски клубот и да се вратат долговите кон бившите играчи.Потоа све ќе биде полесно.
 
Само Шпанецот да не е Писонеро, па да се врати заедно со Карапале и Димитриоски. :D
Шала на страна, да се надеваме дека ќе трефнеме со тренерот. Сѐ почнува од таа позиција. Па полека и некое засилување да пазариме.

И браво што Бутин останува во клубот. Човекот го сака Вардар, друго е што толку може да понуди како тренер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom