Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Талентирани за мене се браќата Митеви, ако е овој како средниот бек Митев ондак е талентиран , а ако не добивал никаква минутажа сениорско ниво ондак тешко да се надеваме дека е поталентиран од оној Савревски и како и да беше шо игра у Алкалоид сега. На 19 години треба да игра нешо у стил на Митев кој шо ни е моментално најдобар играч на 20 години у сениорска репрезентација за да го кажуваат како талент ,а овој има 19 баш ме интересира колку е талентиран ,барем се надевам поише од дрвово Јагуриновски.
Ќе игра исто колку и Ќосевски и Стојановски што играа.
Хориха има страшен преглед на игра, буквално дава пасови како да е среден, мислам дека ќе биде топ засилување… Од она што го знам од клубот е дека биле презадоволни од Танкоски како се вклопил, може ќе се врати у топ форма и он кај нас како Тале…Не дека Тиквеш е некој репер, ама одбраната е топ поставена. Ко што вика @EdenZivotEdnaLjubov - Мечка, Аларов и Који се ѕид. Интересно ми е како функционираат Хориха и Мечка. Еден куп асистенции му спушти во периодот дур играше. Исто ко што Еспиња му фрли еден куп контри на Хансер.
Не ме сфаќај погрешно, ама ако Карапале и Крсманчиќ ти се исти по конституција тогаш или лоша ти е сликата на ТВ или не си го глеал Крсманчиќ… 10 кг и 10 цм е разликата меѓу нив, не би рекол дека се истиВака по ова прво полувреме може да се каже дека воопшто не изгледаме лошо. Голманот е супер, украинецот на лев бек ке брка работа, со Петриќ ке бидат топ. Пак доаѓаме до проблематичната централна позиција каде направивме ужасна грешка која ќе не кошта многу. Замислете сеа што ќе беше во овој состав да го имаме Јапан, а вака треба да играме со Танкосен кој по тоа што го покажа во прво полувреме е кадарен за резерва централен, и со Крсманчиќ кој по тоа што го видов е полош од Карапале ( oсвен што по конституција се исти). Холандезот на пикер е добар , подвижен во одбрана и на црта во напад. Тунижанецот не покажа нишо, не ни шутна нешо многу за да оценам, чекам второ полувреме за да даам оценка. Иако секако ова е прв позначаен контролен турнир сезонава, уште се тешки нозе и се упознаваат играчиве, сепак не е лошо за почеток. Само не знам како ќе се вадиме на централна позиција, ќе биде ептен тешко. Ќе мора да се земе нешто јако на полусезона, тешко ќе иде со Танкосен и Крсманчиќ, бар по она што го видов во ова прво полувреме. Ќе видиме, има уште многу натпревари па може ќе се сменат некои работи.

Хориха има страшен преглед на игра, буквално дава пасови како да е среден, мислам дека ќе биде топ засилување… Од она што го знам од клубот е дека биле презадоволни од Танкоски како се вклопил, може ќе се врати у топ форма и он кај нас како Тале…
Автоматски споено мислење:
Не ме сфаќај погрешно, ама ако Карапале и Крсманчиќ ти се исти по конституција тогаш или лоша ти е сликата на ТВ или не си го глеал Крсманчиќ… 10 кг и 10 цм е разликата меѓу нив, не би рекол дека се исти![]()
Ќе видиме ајде, ја мислам дека може да ни заврши работа, не делува лошо, ќе биде уште подобар…Не знам, може више по одењето со ноџињата криви, а и на тв не ми делуе нешо поголем тој Крсманчиќ. У глобала многу слична игра имаат, у превод тапа.
Ќе видиме ајде, ја мислам дека може да ни заврши работа, не делува лошо, ќе биде уште подобар…
