- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 2.013
- Поени од реакции
- 9.713
Го гледав сега натпреварот, ништо ни повеќе ни помалку од тоа што го очекував кога беа потпишани играчите.
Од новите засилувања некако највеќе око ми фаќа голманот, мислам полн погодок ќе биде неговиот трансфер, би се осудил да кажам и дека е подобар голман од Томовски, правите негови квалитети ќе ги видиме на дерби дуелите, делува на голман што сака луди натпревари, навивање, атмосфера, секогаш сум сакал повеќе вакви мали и брзи голмани, отколку некои високи, тромави со долги раце и нозе.
Горига е добар лев бек, покажа дека има шут и осет за додавање, за разлика од Петриќ е доста поискусен, плус игра одбрана, така што тука сме сигурно подобро покриени од ланската сезона.
Танкоски веројатно ќе биде прв среден бек, има кај него желба да се докаже, сега ќе добие и поголема минутажа, очекувам да има добра сезона.
Крсманчиќ и Маргели не знам колку може да се наречат засилувања, без врска потпишани играчи, сигурно тука можевме многу подобро да испазариме.
Генерално на екипата и фали еден класа среден бек, да биде лидер и да организира акции за останатите, уште не можам да прежалам дека Косуке го испуштивме, како само ќе легнеше на овој состав...
Ако се споредуваме со Пелистер имаат далеку подобар ростер од нас, без разлика што ние имаме за нијанса подобар состав од ланскиот, пак тие се фаворити за титула, тоа е реалноста, колку и да не сакаме да се помириме со тој факт, мене искрено ми изгледа дека разликата во квалитет помеѓу нас е уште поголема од лани.
Ги имаат Ивиќ и Митрески на гол, за наша лига страшно голманско дуо, комбинирано ќе имаат на секој натпревар минимум 10-15 одбрани.
Го вратија Хосни на десен бек што ја познава одлично лигата и против нас е секогаш напален, плус Цехте го имаат тука.
Фитиљот за наше првенство е Карабатиќ од најдобри денови, Пешевски е искусен и секогаш на дербиња игра добро, Манасков сигурно ќе ја крене формата од минатата година, потпиша Абутовиќ, ќе се врати Костески од повреда, тука се и Тајник, Борзаш, Радивојевиќ...
Сепак не е дека немаме шанси, неколку натпревари се и се може да се случи, веројатно и оваа година детали ќе одлучуваат за титула.
Најбитно е што пак овие две екипи ќе се борат за врвот, секако за нашиот ракометот се добри вакви натпревари, се надевам само дека оваа сезона ќе имаме интересни дерби дуели со две навивачки групи.