Вардар-Охрид 18-8 на полувреме. Играме со Даскаловски на гол (првите десет минути бранеше Диви), крила Јовчевски и Бутинот, бекови Лазаров, Прибак, Терзиќ/Душебаев и на пикер се менуваат Чипурин и Тоскиќ. Во одбрана влегуваат Мите Стоилов и Кукоски. Утакмицава е скроз лаганица, мислам на тренинг дека повеќе се замараат. Не бројам кој колку гола даде, ама ми се чини дека крилата се најпрецизни. Мики даде гол од контра.
Sent from my iPhone using Tapatalk[DOUBLEPOST=1399984669][/DOUBLEPOST]Конечни 36-19.
Хајлајтс во второ полувреме:
- Цела постава на Охрид се окези од уво до уво кога во игра влезе Тимур
- Довикувањето од тренерот на Охрид во периодот кога направија серија од 2-0: Вака да игравте против Преспа ќе тепавме пет разлика
- Стендинг овејшнс од цела клупа и од Охриѓаните во сала кога голманчето на Охрид му фати пенал на Тимур
- Цело второ полувреме го игравме со три леви крила, со тоа што Бутинот си играше баш на лево крило, а Дибиров и Марковиќ се менуваа на лев и среден бек, btw, Добривоје ги искина ко бек
Вечер од 7 против Џуниор играме за место на завршниот турнир во Охрид.