Српскиот репрезентативец и бившиот чувар на голот на Металург, потпиша за Вардар, каде што ќе го брани голот на македонскиот шампион во наредните три години. Станиќ изјави дека воопшто не му пречеле скандирањата на популарните ,,Kомити" туку напротив тоа за него понекогаш претставувало и мотив плус, 34 годишниот голман исто така додаде дека сепак фановите на Вардар биле тие што го давале шмекот на дербињата и дека со нив секое дерби претставувало дерби, во секоја смисла на зборот. Инаку после овој потег од управата на Вардар, извесно е дека еден од голманите ќе го напушти тимот, со оглед на тоа дека Вардар веќе ги има и Милиќ, Даскаловски и Чаневски во составот. Со Станиќ, Вардар доби големо засилување за престојната сезона во лигата на шампионите, каде што клубот повторно се враќа на ова натпреварување со големи амбиции.