Имаме активен резултат, ќе беше перфектно да дадевме гол во последниот напад и со -2 да се вратевме во Скопје, ама што е - тука е.
Во секој случај, на реваншот очекувам да создадеме пеколна атмосфера која ќе ги понесе ракометарите до конечен триумф и пласман во групите.
Реално, колку и да не се јаки како што беа во минатото, Магдебург се членови на најсилната ракометна лига во светот. Тоа кажува доволно, па нивна елиминација би била вистинска сензација. Така да, можеме и да очекуваме ситни судиски грешки во нивна корист.
Колку што можев да разберам од преносот прилично активни беа Марковиќ, Драгаш и Прибак.. исто така, може да не радува дека и Рајковиќ изигра сосем солидно со оглед на противникот. Ми се чини дека даде три или четири голови.
Туку, кај ќе не собере во Кале??
