Затоа викам со комплетен фокус, со детална анализа на секој нивен играч, посебно на голманите. Најважно ќе биде каква одбрана ќе одиграме против нив. Ако ја подигнеме одбраната на уште еден левел погоре, со брзо движење и покривање, тогаш патот то победа ќе биде многу полесен. Кога е така и они влагаат во грешки. Во напад секако нема да има место за смешни технички грешки, не смееме да им даваме шанси за лесни голови, пошо тоа ќе не убие. Од тоа што го видов на натпреварите со Охрид и Пелистер, мислам дека имаме шанса да ги добиеме, ама као што кажав, да бидам исполнети најголем дел од елементите кои ги набројав. Валах пак да биде на ниво, поважно е да одбрани топки во прав момент, него да напука на почеток неколку одбрани а после да го нема. Се надевам дека се опушти после дербито, собра дрскост и самодоверба и ќе тера така понатака. Би било супер и Комити да има во шталата, тоа е оној ветер во грб на вакви натпревари кој е доста важен. Тоа е, ќе видиме како ќе биде, се надеваме на најдобро. За едно сум само сигурен. И покрај се што ќе биде, да не бараме смена на Чупко, и да му дадеме шанса и наредната година со плус негови засилувања да работи. Мислам дека ќе биде добар потег. Полека ствара хемија, има кај секој од нив, и кај брат му и кај Келентриќ. Многу му значи Вардар, се гледа тоа, и има искрени намери да го врати Вардар на врвот. Со кешарица и неговото име мислам дека можеме повторно да донесеме солидни имиња кај нас.