Фан клуб - РК Вардар

Изгледа и ние финансиски сме многу по утепани отколку што мислиме, кога не можеме да потпишеме ликови како Ико што 7 сезони биле во клубот, створиле фамилија тука, поминале буквално се, од играње во Кале, дерби дуели со Металург, до доаѓање на Самсоненко, Раул, титула во Лига на шампиони...

Сигурен сум дека можеше да го договориме за многу помала плата од таа што ќе ја има во Пелистер, очигледно толку ни е силата моментално, останува да тераме со Томче Стојановски и Мишевски.
 
Не претерувајте, лош е потегот ако отиде во еурофарм, ама на нас на 36 години што ќе ни беше кога веќе ги имаме Мечка и Аларов во одбрана? Поише ни требаат бекови за во напад, не ни требаат одбранбени, поготово на неговите години…
 
А, зошто некој мисли дека постоела заинтересираност од наша страна за Абутовиќ, и како би го вметнале во сегашниов состав? Мело и Стојановски како бекови со 99% дефанзивни задачи веќе ги имаме во составот, како и Аларов - пивот со дефанзивни задачи.
 
Абе Србија му е блиску до Скопје, од Битола ако се затера, поубаво ќе му беше некаде во Унгарија да игра :D
Ни аеродром има, ни асален автопат :D

Ме разочара со потегов, нема оправдување. Топ ќе ни дојдеше и на нас, ѕверотина е Иљо.
Ама ете ние си го имаме Томе Стојановски, а може и Мишевски да си го задржиме :D

Абе на 36 години една ѕверотина, па посебно у одбрана :D. Остајте го чоекот нека зема уше некоја паричка на крај на кариера коа више му кешираат битолчани:D.
 
Кизиќ, Гедбане, Манасков, Илија... кој е следниот предавник?
Гедбан не може да е предавник. Ни направи услуга што си отиде. И нека седи во Пелистер до пензија, слободно. :D
 
Кизиќ, Гедбане, Манасков, Илија... кој е следниот предавник?

Верувам дека не го гледаат они така тоа, како предавство. Ги следат парите само. Ехее, колку играчи на Металург дојдоа во Вардар на времето. Но клупски легенди, оние кои се повеќе од само минливи играчи, оние кои оставиле длабока трага во еден клуб...не би требало вакви избори да прават. Почитта кон клубот со кој го доживеале врвот во кариерата и честа негова треба да им биде една од вредностите.
 
Реално и Вардар-Металург беше ривалство, но ова што го имаме со Пелистер и во фудбал и во ракомет е друг level, инаку да реално и од другиве споменати не ме ни погоди заминувањето, да бидам искрен. Од Абутовиќ не очекував, но тоа е нека му е со среќа
 
И ја сум со ставот дека не ни треба. Нека му е со среќа. Искрено, се сомневам дека ќе направи некоја разлика кај нив.
 
3-ти јули дојде, за не повеќе од 20-тина дена ќе започнат припреми за новата сезона, (сериозните клубови веќе одамна ги имаат јавно објавено плановите за подготовки, но добро) а ние сеуште немаме голман потпишано. Или па можеби имаме потпишано, но немаме објавено.

Да не искочи на крај Борко да биде и министер и директор и голман...
 
Нема ли да го имаме истиот спонзор како и фудбалскиот тим ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom