Фан клуб - РК Вардар

Многу полна салата на градското :pos: екс европскиот првак е помалку следен од вторник навечер во спортлајф лш пренос....
И после некој ќе демантира заради безбедност купот е преместен ден порано, абе ај гитла, Стерјев и будала шо го игра воопшто купот на ова дупенка шо му ја мава Мукаетов и рфм...
Европскиот првак си полнеше и ќе си полни сали со Флензбург, Барса, ПСЖ, Кил, Киелце итн... За разлика од некои аптекари како вас што дочекавте да освоите 2 титули по ред, заради наш кикс со Тиквеш (реално наша кривица)
 
Многу полна салата на градското :pos: екс европскиот првак е помалку следен од вторник навечер во спортлајф лш пренос....
И после некој ќе демантира заради безбедност купот е преместен ден порано, абе ај гитла, Стерјев и будала шо го игра воопшто купот на ова дупенка шо му ја мава Мукаетов и рфм...
Шо тие чудно Кале е нивниот дом сега заради русинот си ја сменаа салата па така да е нормално шо не ја полнат салата едино ко ќе дојди шампионот мора да го пречекаат како шо треба [emoji16]

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Абе души напатени, убаво што сте ја гледале, ќе се порадувате на зелената ера уште некој месец, после пак во дупките ќе се вратите кај што бевте 20 години… Зборите за посетеност во работен ден во период кога во Скопје никој нема пола град се на споен викенд, ама ми се допаѓа што не следите, Горанчо дури и од странство прати :D
 
Горанчо го следеше Вардар во време кога газевме се и сешто,на широк сокак славеше и 2017 и 2019 титула Лига Шампиони.
Беше и на аеродром во Скопје на дочек ,сакаше да се вози во панорамскиот автобус ама не му дадоа и затоа многу се налути.
@Goran Bt нека ти кисне
RK-Vardar.jpgvardar 1_1.preview.jpg
 

Attachments

  • 20240502_204821.jpg
    20240502_204821.jpg
    266,1 KB · Прегледи: 7
  • Precek-na-evropskite-sampioni-za-2019-VARDAR-15.jpg
    Precek-na-evropskite-sampioni-za-2019-VARDAR-15.jpg
    127,9 KB · Прегледи: 7
Вештачкиве мотивирани за Вардар,а да ги видиш во Битола нема ни да пружат отпор.Ги разбирам Вардарци кога знаеш дека шансите за титула се нула поради една грешка а вештачките нема да се борат.
 
Многу полна салата на градското :pos: екс европскиот првак е помалку следен од вторник навечер во спортлајф лш пренос....
И после некој ќе демантира заради безбедност купот е преместен ден порано, абе ај гитла, Стерјев и будала шо го игра воопшто купот на ова дупенка шо му ја мава Мукаетов и рфм...
Зошто со вакви ниски удари? :D
Па се знае дека кога нема навивачка група во сала, максимум што може да се привлече публика е по 300-500 луѓе. Колку публика очекуваш во ден од период кога во цело Скопје нема ни 10% од популацијата? :D
Треба да ставам слика колку публика имавте вчера со Тиквеш?
Куп полуфинале со навивачка група на трибина е нешто сосема друго, особено што се игра во нормален период, а не за празници.

Не знам што толки ве погоди тој ден одмор плус што сме го имале. Па фер ли неше првичното кога ние требаше да играме на помалку од 24 часа од финалето, а вие на два дена пред него? Да не коментирам што вашава е ревијална утакмица. Со втор тим да играте ќе ги победите. Пресмешно ми е што се буните што ќе се игра во Скопје.
А каде да се игра?
Сали кои може да задоволат финале за куп се двете во Скопје, Куманово, Кавадарци, Битола и Охрид (можеби Гевгелија). Во сите овие имаше куп завршница во последниве 5-6 години. Нормално е да дојде ред на Скопје, особено што нашите две сали се светлосни години пред другите. И Вардар не е организатор, НИКОЈ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА и затоа си организира РФМ, каде што си сака.
 
Зошто со вакви ниски удари? :D
Па се знае дека кога нема навивачка група во сала, максимум што може да се привлече публика е по 300-500 луѓе. Колку публика очекуваш во ден од период кога во цело Скопје нема ни 10% од популацијата? :D
Викаш Скопјаните се вратија по селата :sneaky: :D
 
Многу полна салата на градското :pos: екс европскиот првак е помалку следен од вторник навечер во спортлајф лш пренос....
И после некој ќе демантира заради безбедност купот е преместен ден порано, абе ај гитла, Стерјев и будала шо го игра воопшто купот на ова дупенка шо му ја мава Мукаетов и рфм...
Градското?! Друже градско дерби може да биде Пелистер вс Еурофарм, во Скопје има четири прволигаши..Тинекс пролет, Бутел, Алкалоид..Сите се во рангот на Пелистер...Признај дека и ти не одиш на дербито Пелистер вс Еурофарм.. некогаш си бил , знам..во минатото...
 
Викаш Скопјаните се вратија по селата :sneaky: :D
Се вратија де, дел по селата, дел по странство на одмор. Колку чудно што во главен град, повеќето се доселеници, дека тоа не е случај во целиот свет :D
Само одлучете се што е точно дали се сите од други градови дојдени и ништо не ги врзува за Вардар или кога имаме 10 пати поголема бројка од вас во просек во една сезона, проблемот бил што ние сме имале можности да собереме луѓе од 500.000 народ во општината :D

Кое е вашето оправдување што вчера на братското дерби бевте двајца без тројца во сала? Ден претходно бевте 17 души на фудбал на домашен терен? Кај отиде за празнициве зелено белата армија што доминираше на секое поле? :D
 
Абе души напатени, убаво што сте ја гледале, ќе се порадувате на зелената ера уште некој месец, после пак во дупките ќе се вратите кај што бевте 20 години… Зборите за посетеност во работен ден во период кога во Скопје никој нема пола град се на споен викенд, ама ми се допаѓа што не следите, Горанчо дури и од странство прати :D

Секогаш ќе ве гледаме, за да ве демантираме со факти во бајките во кој живејте :D

А шо ако беше работен ден ? Да не беше фул? И кој е крив шо е Скопје празно ?? :D
Уште еден доказ дека скопјани ги боли стапо за Вардар, ви се вратија назад мештаните од Орешани, Сарамзалино, Мартолци и Мислешево и празно ќе е нормално, интересен спорт му е нив ракометот, денес баш бевте правите скопјани на утакмица и се виде колку беа...

Сабја слободно клај слика од вчера, еве јас ќе ти кажам дека обична публика имаше двојно од цела сала кај вас, а навивачи не повеќе од 35 луѓе, Мај ако е за вас, исто е и за нас :D

Друга работа никој не се буни шо се игра Скопје, знајш за шо се буниме, ако гледаш реално на работите ќе разбериш, ако тераш инает до утре нема да се разбериме :гик: тајмингот на утакмицата и денот одмор се во полза на скопските, овде никој од нас не рече Вардар е крив, напротив ова е добредојдено за Вардар и си ќути, ние со право се буниме, не на вас туку на рфм со хајката која ја има према Пелистер, нека го дај Кркачев пак да суди и то ќе биди јагода на тортата....

И за крај, издејствувајте вие како клуб и група кон ОРГАНИЗАЦИЈАТА, за евентуално финале меѓу нас и вас да ни ја дај цела трибина во Борис, нормално следва 50-50 во ваква ситуација, па да видите шо е публика.
 
Шо тие чудно Кале е нивниот дом сега заради русинот си ја сменаа салата па така да е нормално шо не ја полнат салата едино ко ќе дојди шампионот мора да го пречекаат како шо треба [emoji16]

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Колку историја е испишана во Кале, тешко вашата ,,Ледена" да доживее;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom