Фан клуб - РК Вардар

rk-alkaloidrk-vardar-61-2024god-11.jpg.webp
 
20 души бевме грмење 60 минути , изгазивме и ние и играчите на терен :cool:
Денеска 60 минути газење на терен и трибина, а 80% од мотивацијата на играчите дојде од навивањето на комити тоа е тоа што го пишав пред почеток на плејофот дека вардар со комити е 10пати појак и дека играчите гинат затоа да продолжиме во овој ритам барем тие што бевме денес и така сите утакмици се играат у малата сала (освен со пелистер која секако ќе биде полна) и ќе направиме колку толку некоја атмосфера, сега шансите за титула се драстично поголеми и реални да се надеваме на најдоброто. Спортски поздрав до сите што бевме денес во сала, изгазивме. НАПРЕД ВАРДАР ❤️
 
Бреееј колку различна екипа сме со Јапан во тим. И во Битола ќе беше неизвесно со него. Во добро време доаѓа тринеделнава пауза пред Охрид. Се гледа дека и Николиќ не е на 100% сеуште. Ако за Томи е завршена сезоната се надевам бар Бакар ќе го добиеме до тогаш. За Петриќ знае некој како е ситуацијата? За него најмалку надеж имав дека ќе се врати чим на штаки бил во сала со Пролет.
 
Ете зошто не се давале информации, за да бидеме фактор изненадување (бидејќи никој не ни очекуваше дека ќе играат покомплетни од прошлата утакмица). :icon_lol: Многу јако изиграно прво полувреме, поготово оној вториот дел.
 
Се надевам дека ќе земеме малце здив во репрезентативнава пауза која следува, односно дека Николиќ ќе се врати 100%, Бакар дека ќе се врати (ако стануваше збор за повреда кај него) и дека нема да имаме нови повреди. Со Томи не знам како е ситуацијата, штета ако го имаме изгубено до крај на сезона. Не знам ниту со Петриќ што е, но штом бил на штаки веројатно станува збор за посериозна повреда и не треба да се надеваме дека ќе го видиме сега против Охрид.

Родригез не беше воопшто лош против Алкалоид, даде два гола во моменти кога они фаќаа резултатски приклучок и мислам дека му беше најдобро одиграна утакмица во одбрана до сега во дресот на Вардар. Се надевам ќе се искористи периодов да се уиграат акции и елементи со него кога веќе го немаме Петриќ, а ротацијата ни е крајно ограничена.

И за крај, некој има инфо за договорот на Јасухира? Нели Борко пред Нова Година изјави дека по завршувањето на ЕП ќе отпатува во Полска за да се договори оштетата за Висла со цел да се потпише двегодишен договор со него. Претпоставувам со има изјаловено работата некаде.

Се надевам и дека кај да е, ќе има најава и за нов играч за идната сезона.
 
Родригез не беше воопшто лош против Алкалоид, даде два гола во моменти кога они фаќаа резултатски приклучок и мислам дека му беше најдобро одиграна утакмица во одбрана до сега во дресот на Вардар. Се надевам ќе се искористи периодов да се уиграат акции и елементи со него кога веќе го немаме Петриќ, а ротацијата ни е крајно ограничена.
Не беше лош, ама некако пренапален е и размислува само да шутне накај гол при секој допир со топката... Има потенцијал, физички предиспозиции има страшни, али треба многу да се работи со него, не сум сигурен дека Бутин има капацитет да напраи добар играч од него... Во одбрана се слагам, беше одличен на таа минутажа што ја доби изигра и повеќе од солидно :)
 
Да и јас имам такво чувство кога го гледам, како да секогаш сака да шутне кога е топката кај него.

Немаме избор, мора да работиме со тоа што го имаме во миментов.
 
Да и јас имам такво чувство кога го гледам, како да секогаш сака да шутне кога е топката кај него.

Немаме избор, мора да работиме со тоа што го имаме во миментов.
I vo najgolem broj od napadite koga ja ima topkata e na rabot da napravi čekori, nema tehnika. Ima da se raboti, ama kao što kaža mora da go koristime pošo nemame drug.
 
Желба и на Косуке е да остане во Скопје.
„Сакам да останам во Вардар, но ситуацијата е тешка. Висла сега сака да се вратам назад, а јас не го сакам тоа, сакам да останам. Сега останува да видиме дали Вардар и Висла ќе успеат да се договорат. Среќен сум тука. Играм, имам добри пријатели. Со Карапале сме другари уште од СП, одржавме контакт, а сега и играме заедно. Не знам што ќе се случува. Доколку не успеат клубовите да се договорат не сакам да се вратам во Полска. Тие имаат три плејмејкери и ќе нема минутажа за мене. Ќе се обидам да одам во некој друг клуб.“
 
Последно уредено:
 
Претпоставував дека Пољаците се имаат умешано во муабетот, односно дека сакаат да го вратат назад за следната сезона.
Штета ако не успееме.
 
Последно уредено:
Ќе биде "mind game" со пољаците за Косуке. Прашање е дали и покрај одличната сезона која ја игра реално би го планирале за повеќе од трета опција или ќе се натегаат за евентуално да извлечат некоја пара плус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom