Фан клуб - РК Вардар

Ова е очекуван потег. Бар за нас навивачите. Се надевам некад и прв тренер ќе биде Столе. Мада поише респект секако има од Владо, така да.
Автоматски споено мислење:

Иначе интересно е ова што пропадна трансферот на Херона во Партизан. Би било добро доколку има можност Михо да проба да го донесе кај нас. Со оглед на тоа дека Партизан бил во игра да го потпише, зошто да не пробаме и ние.
 
Вардар, третопласираниот тим од минатата сезона во македонското првенство, нема да учествува на турнирот во Охрид што ќе се одржи на крајот на август. Црвено-црните првично прифатија учество, но веројатно го превидоа моментот дека во истиот период се играат квалификациите за Европската лига.
Добрата вест е што Вардар планира да игра Европска лига сезонава, што со други зборови кажано, (ќе) го реши проблемот што го има со ЕХФ поради кои лани не му беше дозволено да игра во Лигата на шампионите.
 
1-ви јули ќе дојде, а ние немаме апсолутно никаква официјална информација од клубот!

Последната објава на сајтот на клубот е на 25-ти мај, два дена пред одигрувањето на мечот со Алкалоид. Последната објава на официјалната фејсбук страна на клубот е на 31-ви мај кога Деки и Тале беа одбрани за дел од all-star тимот.
Ана Стојков пред два дена го напушти клубот после 11 години, клубот ни глас да пушти.
Без разлика какво е мислењето за нејзината работа, 11 години се во прашање! Сериозните клубови тоа не го прават така, РК Вардар е двократен европски шампион, не го личи едноставно. Па у 2009-та потранспарентно се работеше!

Екипите кај и да е ќе почнат со подготовки, а ние уште не знаеме освен Стефан Петриќ кој ќе биде дел од тимот оваа сезона...
 
Еве ги ја прочитаа твојата критика, денес насловната на фејсбук ја смениле, од некаде мора да се почне, да се надеваме дека полека ќе се активираат.:D
 
Вистина е муабетот за Зеленовиќ или е само шпекулација ??? Топ играч за Вардар во оваа ситуација ако е вистина ???
 
Attachments

  • 5D2926B2-2074-424F-9401-2E429D89B5B7.jpeg
    5D2926B2-2074-424F-9401-2E429D89B5B7.jpeg
    566,6 KB · Прегледи: 34
Автоматски споено мислење:

Шпекулациите, неофицијалните информации не се во прилог на Вардар, но засега се само шпекулации.
Ако Вардар добие дозвола да игра во Европа, а тоа најдоцна до 11 јули ќе се знае, затоа што тогаш ќе бидат објавени учесниците и шеширите, тогаш ждрепката за квалификациите ќе ја чека на 17 јули.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom