Тешки комплексаши, поголеми плачковци испаднаа од патетиките на Металург со муабетите за „антички“. Ко да се замрзнати таму некаде 80-90ти години и сега одмрзнати, тотално надвор од реалноста.
Небитно, не би трошел енергија и зборови на нив и објаснувања во празно кои не водат нигде. Можам само да кажам секоја чест за момците, без Манасков и Чувара на лево и Џукиќ на десно крило, без измена на лев и десен бек, со единствена ротација на среден бек Дутра-Карапале и на пикерската позиција, изгинаа и освоија куп трофеј. Нереално е каков победнички менталитет и енергија се створи изминативе години, тотална спротивност на она што сме навикнати да го гледаме обично од македонските клубови и репрезентации, без разлика на спортот. Штета што титулата ни „клизна“ на таков начин, ама не може да им се замерува, тешко е да издржиш такво темпо со една иста постава на толку натпревари, да го немаше Алкалоид во приказната повторно лесно ќе дојдевме до титулата, ама вака е малце подруго и краткиот ростер си го зема данокот.
Единствено за што јас лично барем жалам, е што цела енергија оди кон ФК, и многу често РК делува запоставено, и би било стварно штета да го изгубиме ова што го имаме, едноставно мора да се пренасочи дел од енергијата таму и да се бара решение и излез од ситуацијата во која сме, поготово што е полесно изводливо. Вчера дефинитивно во Охрид заслужија поголема подршка, ама тоа е, останува да ги отпоздравиме во последно коло со Алкалоид како што доликува и да го осигураме второто место, со надеж дека ќе имаме право на настап во Европа следна сезона.