Фан клуб - РК Вардар

Епа редно време беше општината да застане зад Вардар. Потег за поздравување, секако.
За утакмицава, стендинг овејшнс. Мачно прво полувреме. Лош почеток на второто. На голманска позиција максимум три одбрани да имавме. Во 40та минута губиме три разлика. Судиите редат ситни грешки. И ми се чини сѐ тргна во наша корист откако го признаа голот за кој играчот на Елверум ја прими топката во 6 метри. Тука полета и некое шише, атмосферата се наелектризира до максимум и играчите почнаа да играат ко во транс. Украдени топки, цврста одбрана, еден куп голови на празен гол.
Хајлајт на утакмицата, НБА пасот на Њокас до Тимур. Гол на колото.
 
Баш така,таа ситуација ја дигна публиката.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Денешнава победа сигурно многу позитивно ќе влијае врз тимот.
Конечно убедлива победа на натпревар кој не ни беше толку битен, обично на ваквите натпревари се игра опуштено што јас лично не го поддржувам тој пристап, според мене треба да се игра на ниво на сите натпревари без разлика на нивното значење.
Дефинитивно многу голема заслуга за напредокот на тимот има Дејвис, но исто така имаат и играчите што се трудат да бидат се подобри.(y)
Се надевам дека ќе играме одлично против Веспрем и ќе си победиме... :)
 
Што се случи со водата на терен ? На Арена се спомна нешто дека течело од кровот...тоа беше причината ?
 
Што се случи со водата на терен ? На Арена се спомна нешто дека течело од кровот...тоа беше причината ?
Летна шише накај судиите и испрска се наоколу.
 
Додиќ 6 клучни пасови до 50'.
И да потенцираме дека дечкото има само 18 години. Ако успееме да го ќариме на позајмица за догодина, добра работа ќе завршиме.
Инаку го следев Дејвис како го води тимот. Во сред акција ја менува одбраната, ги поместува играчите ко шаховски фигури. Во второ полувреме кога го стави Тимур фластер на нивниот лев бек ги пореметивме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom