Фан клуб - РК Вардар

Баш ми е криво за Валчак...
Коректно си ја завршува својата работа на теренот.
Според мене игра со срце и се гледа дека го сака Вардар.
Мислев дека ќе остане, но ете...
 
Пешевски на крај на сезона си заминува од Штутгарт.
Не знам зошто но мислам дека Михајло ќе го донесе кај нас...
 
РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈ-ОФ
1.КОЛО (05/06.03.2022)
ВАРДАР – ОХРИД

2.КОЛО (26/27.03.2022)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

3.КОЛО (02/03.04.2022)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР

4.КОЛО (09/10.04.2022)
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

5.КОЛО (20/21.04.2022)
ТИКВЕШ – ВАРДАР

6.КОЛО (27/28.04.2022)
ОХРИД – ВАРДАР

7.КОЛО (30.04./01.05.2022)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

8.КОЛО (07/08.05.2022)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

9.КОЛО (21/22.05.2022)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР

10.КОЛО (28/29.05.2022)
ВАРДАР – ТИКВЕШ
 
На Њокасиве плата не им даваат или што е работава со техничкиве грешки? Апла паѓаат во очи.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
За Валчак имате некое друго инфо дека ќе си оди или само од постот на гол.мк? Мене искрено би ме зачудило ако си оди, во тој случај ќе треба да се бараат двајца добри пикери (нели и Тото си оди), бидејќи знаеме дека Столе не може да игра многу минути.
За начинот на кој е пренесена веста за Петров делува како да е за до крајот на сезоната, бидејќи ако е апла трансфер ќе пишуваше колку години и слично (како и за сите други), а пренесено е на подруг начин. Оттука не мислам дека Валчак ќе си оди за да направи место за него. Но да видиме.

За Пешевски, и покрај ограничувањата за странски играчи не сметам дека треба да се размислува да донесе. Никогаш не прерасна во одличен пикер како Столе, ден денес знае да промаши чисти зицери во важни моменти. Столе кога ќе прими топка или гол или пенал е, во најлош случај фаул. А и Пешевски не игра одбрана. За денешен модерен ракомет не ти треба играч што игра само во еден правец. И Штутгарт кога го промовираа пикерот што потпиша за следната сезона баш спомнаа дека со негово доаѓање ќе играат побрз ракомет бидејќи игра во два правци. Индиректно беше јасно кој од пикерите ќе си оди.
 
Последно уредено:

Чисто да кажам, тоа за Пешевски беше само моја претпоставка. И јас исто мислам дека не ни треба таков тип на играч и дека сигурно може да се најде некој подобар од него.
За Столе исто се споменуваше дека би се пензинирал од наредна сезона од репрезентација, се надевам дека ќе продолжи барем уште некоја година на клупски план.
 
Чудо од клуб сме , ама затоа што толку лесно пуштаме оформени играчи да си одат без проблем !!!
Не се анонимуси ни Тото, ни Валчак , ни Чувара , ни Кантрагел , нити било кој друг , проблемот е што политиката ни е таква :
- Не си задоволен од нешто , оди си !!!
 
Не беше многу различно ни во ерата на Сергеј за жал, во времињата кога бевме финансиски многу моќни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom