Фан клуб - РК Вардар

 
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Автоматски споено мислење:

Па реално Валчак во овој момент и во одбрана му земаа место. Дијало е одличен, а за напад па да не збориме, Тото е пред него светлосни години. Ако сака да си иде, нека го земе некој, исто како и Гурбиндо хаха :)))
 
Монпелје во каква форма се сезонава ? Не сум ги гледала долго време...
 
Па реално Валчак во овој момент и во одбрана му земаа место. Дијало е одличен, а за напад па да не збориме, Тото е пред него светлосни години. Ако сака да си иде, нека го земе некој, исто како и Гурбиндо хаха :)))

Некако отпадна од прв план, Тото изненади и игра одлично и во напад и во одбрана, ама долга е сезоната и имањето широк состав многу значи, јас не би сакал да си отиде, не знам колку можеме да се ослониме на Столе и Атанасовски, ако имаат доверба во вториов да добива минутажа и на ЛШ утакмици тогаш океј, во спротивно ќе не кошта доста евентуално заминување, плус во два правци може да покрие Валчак
 
Ако си оди и со парите од неговата плата се вложи во среден бек секако дека би имало смисла.
Ама ако си оди и не донесеме ни среден ни пак замена за него на пикер ќе е лошо.
 
Ако си оди и со парите од неговата плата се вложи во среден бек секако дека би имало смисла.
Ама ако си оди и не донесеме ни среден ни пак замена за него на пикер ќе е лошо.

Ми го зема зборот. Може прават буџет за среден. Со парите од Гурбундо и заштедата од заминувањето на Валчак може ќе се таргетира некој среден бек. Ќе видиме.
 

Никогаш нема да ми биде јасно како ваков играч остана толку долго во Вардар, поготово после сите проблеми што ги имавме последниов период, легенда!
 
Никогаш нема да ми биде јасно како ваков играч остана толку долго во Вардар, поготово после сите проблеми што ги имавме последниов период, легенда!
Ѕвер, ѕверотиња Дагестанска! Атлета каков што ретко се гледа во спортот воопшто! По 60 минути напад, одбрана, ЛШ, домашно, сеха, турнири.... К#р му чуе, незнае за умор, да го пуштиш да трча ќе го заебе и Форест Гамп...
И мене ми беше чудно како остана во Вардар кога бродот почна да тоне, а и сигурно добил многу неодоливи понуди, сите мислевме ради пријателството со Самс, сега кога го нема ѓуптинот, Тимур уште е тука!
Дефинитивно најголема легенда на клубот по сите параметри!
DI31ROV!
 
Тото заслужено избива во прв план на таа позиција, но и синоќа видовме дека Валчак ни е потребен за ротација и тоа како. Тото е одличен но ако го споредам со Мораеш на пример, не може да издржи толку време на терен како него, му треба повеќе одмор. А од друга страна Столе е многу паднат во формата, ист како и лани. Губи многу топки упатени кон него, и после вика кон другите .. Вон форма е некако, и на 6 метра еден на еден често не може да се избори за шут, го затвораат, што не беше пример до пред 2-3 години. Цели одбрани на Германија и Словенија не му можеа ништо, ги носеше на грб. Оттука, играч како Валчак е доста битен за долгата сезона. Да не го побарале Еурофарм случано, нудејќи му голема минутажа? се поклопува некако периодот кога Кушан замина и овој бара да си оди (ако е вистина)
 
Последно уредено:
Има ли некој инфо сега колку се платите на играчите на РК Вардар ?

Знаеме дека после заминувањето на Самсоненко платите драстично се намалени , особено Дибиров во времето на Самс зимаше јака плата , се шпекулираше дека сега зима 3 пати помала плата ..
 
Нема врска за Валчак ⚫
Автоматски споено мислење:


Македонска работа :
Ако не е тајна , колку ти е платата ???
:vozbud::vozbud::vozbud:
Каков цар! (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom