Столе се врати, вајстина се врати. Ја чекав утакмицава на Столе кој на почеток беше ван форма и плус коронава. После послаби натпревари ( кои се бројат на прсти) се враќа ко највечи лудак на терен. Ова денес може и нема да претерам ако кажам дека беше негов најдобар натпревар. Ме радува жарот на играта во одбрана, тоа сакам да го гледам на секој натревар, па и да изгубиме после ваква одбрана нема да ми биде воопшто криво. Стев-О стварно денеска не заслужува лош збор, напротив одлично тактички подготвен натпревар. Сеа да можеме да извадиме победа и против Порто ќе биде фантастично. Николче Митревски блескаше денес против Пик Сегед. Брао за момциве стварно пријатно ме изненадија, посебно после долгиот период без официјален натпревар. Само вака нека продужат.Ќе биде фантастично ако Михајло успее да донесе уше еден десен бек. Напред Вардар!!