Aтман е среден бек, кој игра лев по потреба, како Игор лани. Ова се тактики под принуда. Лани Борозан да беше фит, Игор немаше да игра лев бек скоро цела сезона. Сега Дисингер и Горбок да можеа офанзивно да играат, немаше Атман да игра лев бек. Реално и тројцата што играат лев бек, се стаклени играчи.
Зошто не се ангажираше некој лев бек? Разбирам дека не може да се донесе некој класа играч, ама некој од среден квалитет, да игра 10-15 мин во напад колку да се скрпи нешто. Вака, пак ситуација ко лани, имаш 5-6 играчи на клупа кои никад нема влезат во игра. Други играат во неприродни позиции. Се тера, ама една-две повреди во лош момент, лош ден на еден-двајца играчи и се почнува да шкрипи.
Европски шампион си, собери некој млад, надежен. Некој стар, но уште компетентен за некоја минута. Некој што ќе влезе чат-пат во игра, не што е во екипата да навива. Лани имавме многу тенка-непостоечка клупа, сега... пак исто.
Не ми е јасно дали дотолку е тесен буџетот, па се собира толку-колку се може.