Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ради дуел со Шишкарев у жар на утакмицата?Душебаев заслужи да биде исвиркуван , таква непочит не заслужи клуб како Вардар.
Борозан дефинитивно нема потреба да се исвиркува , право на играчот е дали сака да игра за пари или без.И играше повреден башка , така да си пружи момакот максимум неможе да му се замери..
Кога потпиша Атман изјави дека од клубот му рекле за наредните 4 години има обезбедено финансии,да се надеваме дека е точно.Некој има ли било каква информација околу финансирањето на клубот во новата сезона? Се спомнаа еден куп комбинации од Комерцијална Банка заедно со Сергеј, па други, трети, петти фирми ама со освојувањето на ЛШ и со новите трансфери на клубот ниту еден медиум не споменува ништо такво, како да заборавија. Да не ни се случи истата ситуација на крајот на 2019/2020 како и оваа?![]()
ПИСМО УПАТЕНО ДО РЕДАКЦИЈА НА 24 РАКОМЕТ:
Почитувани,
Од неодамна сум читател на порталот 24 Ракомет и како колега, од професионален аспект, би сакал да ви укажам на една елементарна грешка што се прави во новинарството. Имено, текстот од Дејан Михајловски (Едниот како херој, а другиот како душман, со Веспрем повторно пред скопската публика) е објавен под рубрика ВЕСТИ (sic!) и како вест работна обврска на новинарот е да пренесе информација (ВЕСТ), а не коментар. Коментарите се објавуваат во посебна рубрика со издржани аргументи и вообичаено најдолу се нагласува дека мислењето е исклучиво на авторот.
Во наведениот текст на колегата Дејан станува збор за коментар, а не за вест и таквите коментари недостојно е да се објавуваат како вест, особено ние читателите НЕ САКАМЕ да ги прочитаме личните мислења на новинарите, односно навивачите, бидејќи во случајот колегата ги помешал овие две функции. За навивачките коментари постојат блогови, страници на фанови и сл.
Неодамна во хрватските медиуми се појави текст којшто го пренесоа повеќето интернет портали. Стануваше збор за поразот на Загреб од Вардар во осминафиналето насловен како: „Вардар го понижи Загреб“. На таквиот текст се јави читател со реакција дека новинарсктие текстови треба да се пишуваат новинарски, а не навивачки. Односно, новинарите треба да пренесат вест, информација, а не лична желба, страст фрустрација и слично. Уште попластично кажано Вардар НЕ ГО ПОНИЖИ Загреб, туку ГО НАДИГРА, бидејќи станува збор за спорт.
Во конкретниот случај новинарот Деајн своите емотивни доживувања треба да си ги остави за приватни коментари, бидејќи новинарството не прифаќа такви експресии, колку и да е тоа вообичаено во Македонија во поширок контекст.
Дегутантно е новинар јавно, како ВЕСТ, да изнесува негативни квалификации за личност (Борозан) којашто кај повеќето во јавноста е од голема почит и која носи големи заслуги за успесите на Вардар.
Секако, и тој како професионалец почитува утврдени правила коишто важат во спортот, но и во спортот како бизнис и ние истите треба да ги почитуваме.
Ве читам за да прочитам нова информација којашто сте ја добиле пред другите. Ништо повеќе од тоа. (Пардон, и колумните СЕДМЕРЕЦ)
Поздрав
ПС. Таквите кавлификации се спорни (ниски) дури и од аспект на навивач
A za crnogorska rep kako se isponasa ?? I tamu pari se problem? Ista sema ne im se javuva na tel, neke da igra za da moze da zeme pasos katar matar da lapa zelembsiКој кого оставил на цедило??
Клубот не му даваше плата цела сезона ти викаш он не оставил на цедило.
Човекот колку голови има дадено за Вардар,еден од клучните за првата титула,одби еден куп понуди за да остане во Вардар,нема шански да го свириме,барем јас.