Фан клуб - РК Вардар

Па ако дојде друг, прашање е дали за две години ќе видиш ЛШ, сеа кога ќе ја скратат.

Ако ја скратат, тука е СЕХА Лигата, па повеќето клубови ќе избегаат таму.
Никако не се со скратувањето.

Се збореше едно време дека газдата на Шахтјор ќе ги купел РК и ФК Вардар. Ама сеуште нема ново инфо за тоа.
 
Абе и јас рекреативно користам дрога ама лоша ми даваат некоја, дај пиши број у пп од дилерот. фала
 
Да споменеме за Игор дека пред недела имаше шпекулација дека имал преговори со Флензбург, кои пропаднале. Сега чим потпиша со Киелце, доколку точно, тоа кажува дека најверојатно он барал нов клуб. Сеа, зошто, кој знае.

Мислам дека во Јуни им истекуваат договорите на Каралаш, Поповски, Гедбан и Војводич. Дај да видиме дали ќе има продолжување со некој од нив.

Борозан, Милосављев и Скубе се до 2021. Горбок, Дисингер,Чупиќ, Стоилов, Шишкарев и Дибиров се до 2020 под договор.

Ќе видиме што ќе биде.
 
Последно уредено:
Кукуловски не успеав да видам добро играше? Гледам имал 4гола, а тоа ја што гледав не го видов, мислам лев бек играше у прво 6ка, а баш тогаш снема пренос.
 
Кукуловски не успеав да видам добро играше? Гледам имал 4гола, а тоа ја што гледав не го видов, мислам лев бек играше у прво 6ка, а баш тогаш снема пренос.
Да, добар беше. Додели и 2-3 убави топки до Фереира и Калараш.
 
Имаше и некои исфорсирани шутеви над гол во второ полувреме.
Вкупно 4/5, неколку асистенции до пикер и крила, имаше мислам и пенал и исклучувања врз него, исфорсирани шутеви не видов над гол што кажува и самата статистика само прво полувреме имаше една одбранета од голман, можеби си го помешал со крстевски имаше исфорсиран шут над гол второ полувреме и војводич исто така, се на се добро се покажа.
 
можеби си го помешал со крстевски имаше исфорсиран шут над гол второ полувреме и војводич исто така.
Може, може, не ја гледав со целосно внимание. Видов од лево крило имаше 2 шута во второ над гол од некој по физиономија што не ми беше познат.
 
Да, Стефан Крстевски беше тоа. Играше на нестандардна позиција, централен/лев бек е, еден од моите омилени играчи во Вардар Јуниор сезонава.
 
Еве, сеа и Екипа ја пренесува шпекулацијата за Котов. Овој е репрезентативец на Русија. Русија полека може да ја има најуиграната екипа во свет. Нон-стоп ќе биде заедно првата постава :)

Руската колонија во Вардар би можела да се зголеми за уште еден член доколку се реализира најавениот трансфер на Александар Котов во таборот на „црвено-црните“. Како што јавуваат руските медиуми, Котов е многу интересна опција за македонскиот првак, и тоа како замена за Даинис Криштопанс, кој својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Станува збор за 24-годишен играч на Чеховски медведи, висок 198 сантиметри кој сезонава беше најдобар стрелец на својот тим во Лигата на шампионите со 36 погодоци во елитното европско натпреварување.

Доколку трансферот се реализира, „вардарци“ би имале руски тандем на позицијата десен бек откако минатото лето ангажиран беше Димитри Кисељев, кој дојде во Скопје од редовите на Санкт Петербург.

Екипа шпекулира дека Чупиќ ќе си оди исто. А, и пишуваат дека се шушка нешто за Милосављев дека може да си оди.

Кој знае што е точно, делува ко дел од работиве од ракав ги вадат за да напишат нешто.
 
Екипа шпекулира дека Чупиќ ќе си оди исто. А, и пишуваат дека се шушка нешто за Милосављев дека може да си оди.

Има шекулација дека и од Псж притискале за Криштопанс да оди од наредна сезона наместо од 2020.
 
Позитивна вест, Горбок тренира со екипата.
 
Еве, сеа и Екипа ја пренесува шпекулацијата за Котов. Овој е репрезентативец на Русија. Русија полека може да ја има најуиграната екипа во свет. Нон-стоп ќе биде заедно првата постава :)

Екипа шпекулира дека Чупиќ ќе си оди исто. А, и пишуваат дека се шушка нешто за Милосављев дека може да си оди.

Кој знае што е точно, делува ко дел од работиве од ракав ги вадат за да напишат нешто.

Екипа не е у добри односи со Вардар
цело време од инат вадат муабети а немаат никакви информации
само пусти желби да го видат Вардар пропаднат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom