- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 2.200
- Поени од реакции
- 4.171
И тој објектот до Офицерски што стои така со години е на Самсоненко. Тоа треба да е уште еден Мериот хотел мислам (која е логиката на тоа не знам).Не е добра ситуацијата во клубот на финансиски план.
Ептен е заглавен Самсоненко со изградбата на ебаниот офицерски дом или како и да се вика гомното што го градеа. Должи огромна сума на пари.
Се плашам дека колапс ќе ни се случи уште на крајот од оваа сезона. Наслушнав дека и во моментов имало закани со штрајкови поради неисплатени плати, од страна на ракометарите.
Дибиров во емисија пред месец рече дека состојбата е супер и дека редовно се земаат пари. Деке не му е јасно од кај сите овие муабети дека нема плата и дека клубот е во криза. Во негови зборови, се е супер. Аргументот му беше - па дали вие мислите играчи од калибар на мене, Чупиќ, Борозан ќе седат без плата, па и ние имаме фамилии.
Пак, колку е се тоа точно, кој знае. Самсоненко сам си кажува дека плати доцнат 2 години, ама дека се исплаќа се. Стоилов лани на прес спомна дека ситуацијата е таква каква што е, он е фокусиран на играње ракомет.
Некако мене ми делува ко клубот да е пораздвижен од лани. Повеќе активност има на социјални мрежи, сајтот е бајаги поактивен и сл. Дали тоа е индикативно за нешто, не знам.
Треба да се земе предвид дека Самсоненко на фудбалерите им искешираше 1.2 милиони евра, исплата на долгови пред месец.
Никој не знае што се дешава. Може е се ок, може не е.
Инаку, исто вреди да се спомене, дека BetCity порано се водеше како 3та најголема компанија во Русија за онлајн кладење, пред некој месец стана прва. Самсоненко рече дека во 2016 компанијата направила профит од некои 23 милиони. Тој пред 2 години е и спонзор на ЦСКА Москва, фудбалскиот клуб и таму дава по некој милион годишно. Исто, BetCity е меѓу 500те најголеми руски фирми. Малку тешко е да се поверува дека Самсоненко нема пари да одржува ракометен клуб во Македонија. Може ќе се повлекува он од тука општо, ако не дава пари.