За жал, мора странски играчи.
Ако падне нивото на Вардар ќе падне и интересот за ракомет во државава, помалку деца ќе играат, помал развој, послаба репрезенатција.
Ние изгубивме многу со падот на Металург. Ама, па настана ситуација каде што имавме екипа составена доминантно од млади македонски играчи кои играа константно СЕХА и ЛШ. Што и не беше толку лошо за развој на таленти. Лошо ќе биде ако нивото на Металург продолжи да паѓа. Да не збориме ако пример Вардар се пресели во послабите групи на ЛШ.
Вака, да имаш две екипи во ЛШ, финансиски стабилен и солиден клуб како Работник, некои посериозни супер-лигаши, за наше ниво и земја од наша големина и степен на развој, се ова е сосема солидно. Добра основа за добра репрезентација.
Иако јас не ги следам младинскиве натпреварување, па не му ги знам квалитетите на овој играч. Ако е некој голем талент, го поддржувам трансферот. Иако и ја сум за Кузмановски во Вардар. Ама пак ќе споменам, пред неколку месеци Самсоненко рече дека сакаат македонски играчи, ама некои и го одбиваат Вардар, тука го посочи Кузмановски, кој неќел да потпише за нив. Може во оваа ситуација сега е идеално за него, да изигра една сезона во Вардар. Реално ќе игра многу јаки натпревари. Ако му падне формата на Борозан, ќе биде и стартер.
Мене ми е чудно од кај пари за сите овие трансфери.
На спорт1.мк пишуваше дека ФК Вардар должи некои 2 мил евра. Ова цифра се врти по повеќе весници со месеци. Но пишуваше дека долгот на сите клубови на Самсоненко е некаде 6 милиони. Шпекулација. Ако е ставрно толкав, тоа значи дека и ракометниве клубови должат неколку милиони. Зошто пример Кузмановски би одел од еден клуб кај што му должат пари, во друг клуб каде што најверојатно ќе му должат пари?