Фан клуб - РК Вардар

Играме како просечна екипа , Нант 6 разлика не води , вие Киелце ке сме го здробеле.Додека пишувам 7 разлика е ;)
Нант е во страшна форма, сепак збориме за тим кој е на втората позиција во група А и кој нема пораз на домашен терен. Додади ги финансиските проблеми и слабата форма на најголем дел од играчите на Вардар.
 
Со играва што ја покажува Вардар во вториов дел, ниту Кил ниту пак Киелце ќе го помине у 1/4 финале. Очигледно неизвесноста околу клубот и неисплатените плати си го зимаат данокот. Ако не се среди ситуацијата пред тие дуели, ништо од Ф4.
 
Нант е во страшна форма, сепак збориме за тим кој е на втората позиција во група А и кој нема пораз на домашен терен. Додади ги финансиските проблеми и слабата форма на најголем дел од играчите на Вардар.
и то шо е скрос небитна утакмицаваа..

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Јебига не може а да не се одразат сите срања кои се случуваат во клубот. Сите долгови и неисплатени средства имаат одраз на падот. Плус голем дел од ракометарите имаат пад по настапот на ЕП. Ако на тоа го ставиме и очајниот настап на голманите во првото полувреме, ништо не ме изненадува. Добро е што против Висла дома решаваме.
 
Да се игра уште десет минути повеќе, ќе ги тепаме 10 разлика. Штета што толку доцна се освестивме.[DOUBLEPOST=1519579551][/DOUBLEPOST]Хахахаха, пенал досуди :pos::pos::pos:
Која циркузијада, ги остава две минути во напад и од најмртвиот напад, со најмртвиот цепелин им дава непостоечки пенал ццц
Прв пат Раул да подиве вака, сосема оправдано.
 
Ја ебаа утакмицата , џабе сега си ги чистат имињата и турбо мод не помага
 
Ја ебаа утакмицата , џабе сега си ги чистат имињата и турбо мод не помага
Другар зборуваш како со Ринија да играме.
Види ја целата ситуација во клубот, нема потреба вака да зборувате за ракометарите.
 
Исто ко со Барса, кога орангутаните комбинираа на своја половина, сега им беше дозволено истото на овие орангутани од Нант, без притоа да биде досуден пасивен напад.
Пеналот за 3 разлика:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Не знам дали има врска со (не)платеноста, ама одбраната после репрезетнативнава пауза делува изгубено на сите 3 меча.

На Абутовиќ секоја сезона му се дешава вака да пропадне во еден дел од сезоната, се надевам дека ко лани на во нокаут-фазата ќе го гледаме правиот стуб. Исто и Мораеш и Канељас. Она што беше најдобро во првиот дел од сезоната, сеа е обратно.

Не дека и нападот е добар, тотално од ритам се излезени Циндриќ и Борозан. Пикерите не постојат. Мора да се тепа Висла и да се заврши на првите 2 места од групата па или да се има пауза или да се игра против ШКЉ клуб во осминафиналето за да се врати формата.
 
Малку го претерувате со финансиските проблеми, две години веќе е вака а лани шампиони станаа, само тие проблеми седеа пикнати под тепих. Според мене се работи за комбинација од имаме уште една утакмица + лоша форма после ЕП како што кажавте.
 
Другар зборуваш како со Ринија да играме.
Види ја целата ситуација во клубот, нема потреба вака да зборувате за ракометарите.
Последните 10 минути покажаа дека Нант е Ринија за Вардар.
А за клубот батали ја дискусијата..
 
Се гледа дека се исцедени ко лимон играчите, а и репрезентативната пауза ги исфрли од ритам. Башка што еден дел од играчите асално се истрошија на европското со утакмици на секои 3 дена каде што нормално дека секоја репка си форсираше свој стил на игра и сега очигледно е дека им е потребно време и пред се одмор за да ја вратат старата форма.

Во моментов најважно од се е да се добие последната утакмица на домашен терен и со тоа да се обезбеди директен пласман во 1/4финале. Секое глупирање и играње во 1/8финали убеден сум дека скапно ќе не чини. Доколку успееме дома да ја тепаме Висла тогаш до наредниот меч во ЛШ ќе имаме една солидна пауза од важни утакмици и сигурен сум милион посто дека тоа време ќе го искористи Раул до максимум за да ги наполни батериите на тимот и да избори пласман во Ф4, а таму се е можно.
 
Последните 10 минути покажаа дека Нант е Ринија за Вардар.
А за клубот батали ја дискусијата..
Го потиш. Стварно го потиш. Голем работа ако изгубиле со Нант во гости. 1 разлика изгубиле голема работа. Се дешава на секој да има лош ден да изгуби. Да не изгубија гомнојадци како тебе сеа ќе немаше што да пишуваат во темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom