razbirashh
No puedo,tengo nobio.
- Член од
- 11 мај 2014
- Мислења
- 983
- Поени од реакции
- 2.202
Искрено никад не сум сакал мега гига ѕвезди во Вардар, освен ете Штербик, во спорт кај што голманот е половина тим, и вреди на таа позиција да се фрлат троа појќе пари. Со големи трансфери и очекувањата стануваат многу големи, посебно за народ како нашиот, а со тоа и разочарувањата. Од друга страна не знам и колку може да издржи еден таков проект, со расфрлање пари на веќе готови ракометари, и трупање на истите на секоја позиција. Таков начин на функционирање можеби можат да си го дозволат од Веспрем, Киелце, Швабите и Арапите, но не и ние, ниту пак би требало така да функционираме.
Покажавме уште 2014-та дека не е се во парите, кога за влакно ни избега Келн, а да се пласиравме најверојатно ќе бевме и "најевтиниот" тим во историјата на Ф4. Со факинг Малумбрес, голобрадиот Алекс, деда Петриќ, Растворцев, Брумен и ѕверот Чипурин.
Докажавме и на овој Ф4, ако ги тргнеме на страна Душебаев (наше дете), Циндриќ (кој Раул го извади од некој магацин,заборавен, неупотребуван неколку месеци и зарѓан), освен Штербик, Дибиров, можеби Кањељас и Чупиќ кои имаат големо искуство, ние други ѕвезди немаме во тим ако се споредиме со останатите екипи.
Едноставно многу ѕвезди на едно место не е на арно, тоа е најкраткиот пат до банкрот и пропаст.
Далеку подобра опција за нас е земање на играчи со среден квалитет и цена но со победнички дух и желни да станат шампиони. А такви во Екс-ЈУ ги има на претек, само добар скаутинг и трпение. 