Фан клуб - РК Вардар

Па зошто тогаш го одбрал баш тоа презиме Лазаров? Неговиот татко и неговиот дедо го носеле презимето Ч'кров.
 
Проблемот со купување и вложување во млади надежни ракометари е што за некој година пак ќе ни ги купат (пример Душебаев и Циндриќ)

Ја повеќе би преферирал купување на јаки и искусни волци како Кањелас и Тоскиќ а млади играчи да се вадат од домашната школа.

Па ова уствари е и реалноста на ‘‘новиот‘‘ Вардар т.е. реалноста на модерниот спорт. Утре кога малку ќе пркнат Борозан, Марсениќ и Мораес исто така на првата подобра понуда од надвор ќе си ги спакуваат куферите и тоа е тоа, нема лутиш. Кога може фудбалерите што заработуваат десетици милиони евра годишно за подобар договор од неколку стотина илијади евра де бегаат од клубови кај што играле со години во најголемиот ривал или за некое милионче плус да фаќаат усвет во Кина што останува за ракометариве ... :)
 
За Борозан и Марсениќ не знам ама Бразилчено како се ухода тука мислам дека за жива глава не го селиш :icon_lol:
 
За Борозан и Марсениќ не знам ама Бразилчено како се ухода тука мислам дека за жива глава не го селиш :icon_lol:
Можеби се осеќа ко дома ради фавелите во Чаир, можебе ради палмите на Коцекабана, којзнае. :D
 
Колку пари е еден дрес во фан шопот?
 
Колку пари е еден дрес во фан шопот?
1 500 денари. Треба прво да одиш таму да нарачаш каков сакаш (големина, со/без спонзори, бројки и имиња на него), па за три работни дена да си го земеш. Ако сакаш чисто дресот, само со амблемот на него, можеш да си купиш одма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom