Фан клуб - РК Вардар

Ne ja krivete upravata kriv za ovie potezi e pred se rfm. Ako se sekavate pred nekoja godina donesoa pravilo za namaluvanje na strancite pred se da im se nasteti na rk i zrk vardar. Ova bese u erata koga antickive pocnuvaa da pagaat. Sto ocekuvate sega, koj mkd igrac bi mozel da igra ls? Od se sto imame kako nacija najbezbolni se krilata I Kire, drugive se kade kade beter opcija.

Абе еве им се наштети одма, затоа и Черварот купува странци сеуште.


Тоа важи само за во домашно првенство и куп, а тие две и со Јовчески можат да ги освојат.

Него „Фитиљо“ ќе го земат или треба прво да замине од Металург во странство па да го вратат, така е рутата? :icon_lol:
 
sto e rabotava dali stvarno nema dobri slobodni igraci ne znam, ali ako recite deka ne sakaat da doagaat u mk ke mi bide mn cudno so ogled na zrk sto sve iznakupi...zenskiot tim kako e skockan za naredna godina, ne me cudi da bidat i glavni favoriti za osvojuvanje na titulata, a mazive so najavenite zasiluvanja ne znam dali ke stasaat i do cetvrtfinale
 
А сакате да кажете дека Брумен и Шишкарев ќе не однесат на Ф4 или Раковиќ да го вратиме? Гоце е најдобра опција што може да се донесе во моментов јас така гледам на работите...Небаре Шишкарев историја испиша во Вардар па штета е да му го земе некој местото.
Не сакаме да кажеме, ама реално нема ни Гоце да не однесе на Ф4 :D
Сите сакаат екипата да оди понапред, не дека ми смета што го потпишаа, ама сепак ова е тапкање во место. Крилото треба да ти биде некој лудак од Скандинавија :D
На крај краева можат да го потпишат Гајиќ, сигурно е подобра опција.
Ни треба играч што ќе игра добро и во одбрана, Брумен падна во играта во напад, ама во одбрана вршеше работа, иако и јас се сложувам дека и он и Шишкарев треба да си одат.
 
Абе квалитетен скандинавец не носиш во Македонија така лесно, не дека е невозможно ама откако го договорија Чупиќ не верувам да се ангажираат да носат некое играчиште, така да според мене Гоце е добар избор и ќе бидеме добро покриени на таа позиција, мене тоа ми е важно...И јас сакам екстра тим да направиме, сакам Вардар што ќе заврши на Ф4 и да освои ЛШ еден ден, ама така лесно и за брзо време не се гради тим, еден ПСЖ со да речам неограничен буџет ништо не направи неколку сезони...Затоа велам мене ми е ок да дојде, нема да бара многу, позната му е веќе средината и играчите и верувам дека лесно ќе се прилагоди на тимот, не се курчи како лиглево го сака ракометот и може да му помогне доста на Вардар. Не верувам дека пречката за на Ф4 ќе ни биде на десно крило со Чупиќ и Гоце, проблем ќе ни биде што ќе играме како без пикер и што немаме еден асален шутер помеѓу бековите, што нема кој да го замени Штербик кога ќе има 5 одбрани на утакмица, тука гледам многу поголем проблем :)


И да, не може да очекуваш крило да те однесе на Ф4, го имавме Дибиров во топ форма, во топ 3 леви крила во светот па ништо не направивме, тука треба да се бара екстра бек, доволно е да се направи споредба со Веспрем и да видиме зошто се пред нас и каде е проблемот кај нас :)
 
Не сакаме да кажеме, ама реално нема ни Гоце да не однесе на Ф4 :D
Сите сакаат екипата да оди понапред, не дека ми смета што го потпишаа, ама сепак ова е тапкање во место. Крилото треба да ти биде некој лудак од Скандинавија :D
На крај краева можат да го потпишат Гајиќ, сигурно е подобра опција.
Ни треба играч што ќе игра добро и во одбрана, Брумен падна во играта во напад, ама во одбрана вршеше работа, иако и јас се сложувам дека и он и Шишкарев треба да си одат.
Кој е тој лудак од Скандинавија?
Не се ни Скандинавците во последно време нешто со крилата..
Има и таму вакум,една Данска години игра со истата постава крила,го вратија Линдберг да покрива десно,на 36 години,а и кај левите крила немаат некој избор...
Помина времето кога излегуваа играчи како Ларс Кристиансен,Николај Јакобсен итн..
Исто и во Шведска,кога години немаат замена за Калман..
Норвешките крила се помлади и се актуелни,ама доста слаба одбрана играат,а и реално играат во слаби клубови,пред се Бјорнсен...
И Исланѓаните ќе се мачат на крило години,ќе нема замена за Гудјон таму,кога еден труп како Сигурмансон го спремаат за "наследник"се е кажано..
Според мене Балканските крила не заостануваат многу зад сегашните Скандинавци,Чупиќ е ОК крило,само има хендикеп во висина и покрај него ќе мора да игра некој суртук како Македа во напад,па ќе се забави контрата...
Иначе за Гајиќ,многу тешко да го пушти Монпеље,имаат +8 милиони евра на лагер,не се проблем кај нив парите,барем не за Словенските играчи како Доленец и Кавтичник кои им се 70% од екипата..
А и Гоце е сосема солидно,да не речам Европско крило,стабилен во контра,долг чекор,не се глупира со некои "непотребни потези"како Дибиров и Деки,едноставно оди во контра си ја плеска и се враќа,исто и од позиција кога шутира,нема кај него паѓање,тркалање кога има мал агол,би рекол крило од СТАРА ШКОЛА,сосема ОК е дечкото,плус е далеку помлад од Шишкарев,него вратете го во Медведи,нека прај егзебиции таму..
Вас ви фалат бекови,бековите го добиваат мечот+голманот,ако немаш бекови немаш екипа,од нив тргнува се,и шутеви,и топки до пикер,крила..
Шо викаше еден тренер на Пелистер на времето"Донесете ми бекови,крилата за :kuracc:ми се":cool:
Со 4 бека на кои техниката им е посилна страна(Карачич,Циндриќ,Алекс па и Кањелас)еден сосема различен тип на играч од нив како Македа,играч кој нема техника и има само сурова сила и шут и еден Деревен,повреден бек со конституција на играч од младинска екипа,не на ЛШ екипа+Вилипче:pipi:...
Премалку е ова,во споредба со останатите шо имаат да понудат,со ваква "скромна артилерија"не се добиваат мечеви со големите екипи...
Баш и на првиот меч со Веспрем се покажа колку се важни бековите,кога не одеше кај Веспрем бековите превзедоа,прво Илиќ,па Палмарсон па на крај Наџ,тоа ти е кога имаш комплетна бековска линија,нема шанса барем едан да нема лош ден..
Иако и вака не е лоша бековската линија,ама ви треба еден екстра квалитетен лев бек,колку и да е добар Кањелас не е таков тип на бек кој би можел да ја носи екипата цел меч,како шо прај Илиќ..
Во Барса заминувањето на Карабатакот се гледа од авион,каква екипа беа со него и без него...
 
Последно уредено:
Абе тоа што дел од форумџииве критикуваме потпишување на Гоце како десно крило, не значи дека сме задоволни од покриеноста на останатите позиции во тимот :icon_mrgr:

И јас сум кажал одамна дека џабе се крила, ако немаш добри бекови во тимот. Иако, не се согласувам во едно нешто со вас, а тоа е дека за пласман на фајнл 4, ни треба ЦЕЛОСНА екипа со по минимум двајца одлични играчи на секоја позиција, од кои едниот е во прва класа на играчи на својата позиција, а вториот не заостанува премногу. Ниту Чупиќ, ниту Гоце не ми се играчи за два правци, Гоце дава контри, па и Манасков реализира контри, само што за да дојдеш до контра, ти треба добра одбрана. Ако он не може ништо да придонесе во одбраната, ми затребало тоа што знаел да истрча контра.
Според мене меѓу Дибиров и сите други крила кои ги имаме, има разлика од небо до земја, затоа што човекот знае да не извади и во мртви акции, да погоди од скоро секој агол. Тоа што знае да промаши зицери понекогаш, им се случува на сите крила.
Бековската линија плаче за реконструкција, особено на лев бек. Гледајќи го Кањелас мислам дека напраивме голема грешка што го потпишавме во моменталната форма. Деревен не се знае во каква форма ќе се врати, бидејќи и претходно не важеше за бек од прва класа на играчи, туку во надежен играч со добар удар. На ниедна позиција немаме играч кој е класа, со таков тим тешко до Ф4.

Не ми се допаѓа насоката во која се развива тимот, немаме пикер, се заебавме со носењето на Марсениќ, Столе е дрво, а овој што го донесоа не ми личи на подобар. Крилата кои ќе се донесат не знаат да играат одбрана, иако во нападот се добри. Бековите истотака се играчи во еден правец и немаме доволна покриеност на секоја позиција. Недостасуваат млади играчи кои ќе покријат како трети бекови, од кои може да се очекува да станат добри во иднина. Кога нема такви Македонци, барем Србија, Црна Гора и Хрватска знаат да бидат расадник на таленти... Загреб извади 500 играчи кои можевме да ги донесеме, па не е можно да не можеме ниеден играч од нив да потпишеме...
Можеа Бомбач да го земат на пример, Житников, Сулиќ за пикер, Агинагалде :icon_mrgr:
Одма се познава кој тим има амбиции за Ф4, а кој нема.
 
На бекови техничари и добри крила неможе да се гради игра и да се очекува сериозен успех. Без барем две јаки хаубици на бек (било на која страна) ќе биде многу тешко за следна сезона. Посебно ако се погледно триото пикери (луд, збунет и ?) и триото голмани. Штербик и Диви се пред вратата на ПИОМ, тешко одржуваат константност, посебно Диви кој и нема многу прилики за тоа, а и Џамбо е како ПМС - го има еднаш месечно и после можеш да го ебеш како сакаш.
 
Што кур им е на суддиве бе? Од 3 минути игра, 2:50 Веспрем ја држи топката и нема пасивен напад.
 
Свират со свирчиња од публика, семката да им ја ебам нивна, да се засркнат од тоа гулашот и полека да цркосаат маме им ебам.
 
Мамата акрепска да му ја изнаебам на овој Мирко!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Тепавме фудбал, ајде и ракомет па ги чекаме на аеродром :D
 
Шишкарев изгледа нејќе да си оде на крај на сезона.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom