Фан клуб - РК Вардар

Циндриќ уште еднаш пред тргнување за на утакмица ја заборави теглата со мозокот дома во фрижидер.
 
Глава ставам дека да изиграа коректно прво полувреме ќе го добиеа овој Кјелце.
Некој да ми кажеше пред почеток на сезонава дека вака ќе игра Циндрич, ќе му се пукнев од смеа. Дечкото буквално игра како оние од младинските категории да ги пуштиш прв пат на утакмица у ЛШ . И не само што прави еден куп грешки туку и ја гуши играта, една акција не може да организира како што треба.

Сега, ако не ги добијат сите утакмици до крај, нема шанси ни до второ место, а ништо чудно двата поена од Колдинг да се покажат кобни па ни третото место да не го освојат.
 
Шут карта за Циндриќ и да го донесат Бомбач или евентуално Зарабец,малиот е права машина за разигрување.Еве сега гледам Кил-Целје,буквално ги ваѓа од памет со финти,ама и Ландин се разбрани,па џабе му е и одличното разигрување.
 
Циндриќ е дете на Металург, тој никогаш нема да игра со срце за вас.

Циндриќ е страшно неписмено створење... Македа беше најавен како страшно засилување, а шо испадна од него ?? .. треба една голема чистка да се направи на крај на сезонава...
 
Не можеш бе со само 12 минути добра игра да го добиеш Радовиш, а не па тим ко Киелце. Талант ни ја прочитал играта целосно. Ниедна акција немавме до 50та минута, бековите не можеа ни да укрстат, голот не можеа да го видат. Веќе 3та утакмица играме ко без десен бек, Душебаев и Македа се очајни. Тоскич и тој ко да се изгуби малце, за Циндрич се е кажано погоре. Капа доле за Горбок само. Марсенич конечно нешто изигра, иако во моменти кога веќе беше решен натпреварот. Џамбо солидна партија имаше. Иако второто полувреме многу послабо го избрани од првото, можеше и Штербик да влезе малце ( освен ако не е нешто повреден ).
Добро е што имаме само уште 1 натпревар годинава, натпревар кој мора да се добие, па од другата година со нови сили да се проба бар 2 место да стигнеме ако ништо друго.

Чаневски како Шмал е, 3 пенала им фати до сега на Радовишани :D
 
Последно уредено:
Е да, никој не го коментира Македа ама затоа на големо се урла по Циндриќ и Марсениќ... пошто дојдоа од Металург нели, и Манасков го забораив.
А од друга страна го сакате Гајиќ да дојде. :чда:
 
Шут карта за Циндриќ и да го донесат Бомбач или евентуално Зарабец,малиот е права машина за разигрување.Еве сега гледам Кил-Целје,буквално ги ваѓа од памет со финти,ама и Ландин се разбрани,па џабе му е и одличното разигрување.

Бомбач од идната сезона ќе игра за Киелце.
А мојата желба за среден бек Стас Скубе, потпиша за Пик Сегед.
Иако и Зарабец не е лоша опција.
 
Е да, никој не го коментира Македа ама затоа на големо се урла по Циндриќ и Марсениќ... пошто дојдоа од Металург нели, и Манасков го забораив.
А од друга страна го сакате Гајиќ да дојде. :чда:
Ти текнува на муабетите со Пеџа у кафана што ги правевме ? И двајцата го имате истиот став уште? Дека е достојна замена за Дибиров? Десет минути во игра 2 акции пропаднати ради него и исклучување. :чда:
 
Па сезонава вкупно нема повеќе од 60 минути изиграно се на се, за да кажеме дали е достојна замена за Дибиров....
 
Бомбач од идната сезона ќе игра за Киелце.
А мојата желба за среден бек Стас Скубе, потпиша за Пик Сегед.
Иако и Зарабец не е лоша опција.
Уште тој им фалеше на Киелце,ќе бидат многу јаки со него.

Инаку врти сучи,Словенец се бара на таа позиција.:icon_mrgr:
Ти текнува на муабетите со Пеџа у кафана што ги правевме ? И двајцата го имате истиот став уште? Дека е достојна замена за Дибиров? Десет минути во игра 2 акции пропаднати ради него и исклучување. :чда:
И седмерец промаши.
 
Па сезонава вкупно нема повеќе од 60 минути изиграно се на се, за да кажеме дали е достојна замена за Дибиров....
Да, од една страна Дибиров буквално делува како да мора да игра по секоја цена ради односите со Самсоненко, ама од друга страна и Раул не ми изгледа на некој што друг му ги крои плановите за играчкиот кадар.
Ајде ќе го коментираме на крај на сезона ако му се даде поголема доверба.
И седмерец промаши.
Да, и седмерецот го заборавив.
 
И Душебаев промаши пенал, и утакимцата ја заврши со 1 гол... од седмерец а никој не рече абе Алекс денес беше камен, или за Карачиќ кој што ништо не игра последниве 2-3 утакмици, или Дибиров лани што го немаше пола сезона, или Македа сезонава што со ништо сеуште не покажува дека е донесен како сериозно засилување.... ама за Циндриќ, Марсениќ и Манасков сте први. :kuracc:
 
Па реално со Циндриќ на среден бек, и се останато зафатено од среден бек, да се потпише Рутенка на една полусезона не би било тако лошо. Полошо од Циндриќ тешко да игра, башка знае и на пикер :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom