Фан клуб - РК Вардар

Борец-Вардар Јуниор 17-33 :D
Спонтано се собравме јас и @Jsp Slavija и отидовме да ја гледаме утакмицава во Велес :icon_mrgr:
Во 14 часот дознав дека играме, во 16 и 40 веќе бевме на железничка да фаќаме воз. Ни тргна уште од старт, возот за Гевгелија не тргна, па отидовме со тој за Битола што тргаше накај 17 часот. Се шинавме трчајќи накај сала, а таму што да видиме.
Утакмицата почната, а на билетара редици се чекаат за карта. Картата 30 денари :icon_mrgr:
Во салата имаше можеби 2000 луѓе, а на почетокот и на навивачката трибина имаше околу 60-тина луѓе без некој особен транспарент освен некоја кратенка од Ултрас Велес најверојатно.
Не знам од која причина не навиваа Гемиџии, веќе на второ полувреме никој не остана на трибината, а неколку пати група од 5-6 души скандираше управа педери и неизбежното Скопски педери :kuracc:
Пепи излезе со истиот состав како со Пелистер:
Чаневски (27 години) на голот, Јовчевски (29 години), Недановски (30 години) на крилните позиции, Андовски (27 години) на лев бек, Чурлевски (23 години) на среден бек и Вујачиќ (21 година) на десен бек, како и Тренчевски (25 години) на пикерска позиција. Со други зборови просечна возраст на нашиот првотимски "Јуниор" е околу 26 години :)
Водевме цела утакмица, немаа никакви шанси домаќините. Поведовме со 2-5, па намалија на 3-5, па направивме 3-10, па 6-10, па зголемивме на 6-14 на полувреме. Јовчевски им бапна 5 гола во прво полувреме. Чурлето 4, Вујачиќ 3, Андовски 3, Недановски бапна една вртена... :icon_mrgr:
Чаневски неколку пати погрешно фрли контра и како само се нервираше, се паднавме од смеа. Пет минути се маваше по глава :pos::pos::pos:
Имаше солидно прво полувреме на голот. Домаќините имаа минути каде што не бушеа преку пикерот кој е наша школа, Дарко Јанев, а истотака се истакна и еден од бековите, мислам дека се викаше Лазаревски. Им фалеше Раде Стојановиќ, ама мислам дека и без него ќе ги растуревме.
Во вториот дел влезе Манасков место Андовски и имаше одличен меч. Беше доста пробивен, извади некои додавања до крило што се непознат поим за другиве на теренот, чиста десетка за прв пат сезонава :icon_mrgr: Влегоа и вистинските помлади играчи, Ристов на лево крило, Ангелов на бековска, Поповски на десно крило, Василевски и Костовски на пикер и Ивановски на голот. Борец долго време не можеа да дадат гол, а потоа имаа една серија без која немаше ни до 15 погодоци да дојдат. Кај нас сите дадоа погодоци. Поповски имаше таков удар од бековска позиција (иако е крило) што го откорна голот:icon_mrgr: Погодоија сите што влегоа освен резервните пикери. Од пикер доста слабо игравме...
Во екипата нема шутери, али Пепи поставил доста брзи акции па ги избушивме последните два противници. Да игра и повредениот Стефанов, би биле уште подобри. Вујачиќ изненадува во последните две кола. По дуелот со Металург мислев дека е тешко дрво, ама почна да прикажува солидни партии.
Би требало да играме плеј-оф, ама реално тешко дека овие играчи би заиграле за првиот тим. Добри се и Манасков и Чурлевски и некои од другите, ама сепак во моментов имаме екипа за фајнл фор во ЛШ, а овие се далеку од тој квалитет :icon_mrgr:
Убава екскурзија си направивме, одличен резултат, се прејадовме скара, видовме поголем број на публика, штета што немаше поконкурентен противник :icon_mrgr:
 
Чаневски неколку пати погрешно фрли контра и како само се нервираше, се паднавме од смеа. Пет минути се маваше по глава [emoji14]os:[emoji14]os:[emoji14]os:

Поповски, Мартин ли се вика?Не ли е тај Мартин Поповски шо го земате од Текстилец, ако е тај мислам дека игра бек, али не сум сигурен.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Тој е, само што му сменија позиција и сега е десно крило :D
 
Влага влага, сеа прошлава со татран само него му подаваа. Еве кај е сабота, осеќам сега ќе има повеќе анти деки фанови.
Па мора да влага. Нели тој мора да е во репрезентацијата, па колку-толку да не заборави да игра.
 
Бев на пресот, Раул машки си ја одработи цела прес конференција на македонски јазик :bravobe:

Во повеќе наврати спомна дека е потребна поддршката од публиката, потенцирајќи ги Комити.
Изјави дека победата на Р.Н Ловен над Кил ништо не значи, исто како што ништо не значи и фактот дека минатата сезона ги совладаа во Германците во два наврати. Прашан дали се гледа како фаворит, изјави дека неговиот тим не ја презема фаворитската улога, дека ќе биде тешко и дека ништо не се знае. Но, дека играат подобро пред гласна публика - впрочем, се' што и самите знаеме :)

Горбок, како екс-член на Ловен кажа дека играле брз ракомет и дека мора да бидат сконцентрирани, да не правеле технички грешки и да не им дозволат да ги искористат.

Раул потенцираше дека Караџиќ, Столе и Марсо ги мачат повреди (Марсо вчера го повредил скочниот зглоб) и дека ќе биде тешко со нив во сабота. Ама нормално, ова се повеќе умствени игри за противникот - кога сите знаеме дека ќе настапат :)

Тоа би било се' од пресот, се гледаме во сабота :)
 
Раул бара помош од Комити ☺, кога е тешко наша помош треба ☺
http://ekipa.mk/raul-ni-treba-pomoshta-na-komiti-protiv-nekar-leven/

Знаеш и сам дека и Раул и играчите сакаат да сте со нив и дома и на гости, тоа што управата им ја водат копита е друга работа.
И повеќе од потребна ќе им е вашата подршката во сабота.

п.с. Се збореше дека Комити ќе присуствуваат со РНЛ. Точно е или ?
 
За Комити ништо не се знае официјално, претходната утакмица ставот на РК Вардар беше демек има карти, само што не беше возможно да се влезе до 5 саат ради фудбалот. Комити ги одбиваат гратис картите и сакаат истите да си ги купуваат најнормално на билетара, ќе видиме како ќе биде, форумот на Комити не работи деновиве така да ништо нема сега за сега :D Греота е кога РК Вардар е најсилен, кога има вака силни утакмици, кога имаме големи шанси за Ф4 да не навиваме ради лоши односи со управа, и тоа пред се со управата на ФК, а не на РК Вардар, иако мање-више истите се :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom