Речиси сите трансфери беа добри и потребни. Освен Манасков. Он е добар, одличен беше во Бундес ама тука е прашање како ќе игра. Ама беше непотребен кога веќе на таа позиција го имаш Марковиќ, играч кој е подолго време во тимот, квалитетен е, различен од Дибиров и играше скоро секогаш на ниво од кое се бараше од него. Плус лошата истроија која ја има Манасков со навивачите го прави ептен непотребен потег.
Според мене и Деревен нема да донесе нешто ново во тимот. Тој ти е Филип Талески за богати или Сергеј Горбок во млада верзија. Олд скул тип на бек, брзината не му е јака страна, има клачичен шкок-залет-шут, знае да му телефонира некад. Сепак, лани Вардар многу патеше ради честите повреди на Горбок, па така сега со Деревен би требало да има фиксно покриена ljeva vanjska позиција.
Мерак ми беше Степанчиќ да го земат, ама Веспрем го собраа, мислам дека тоа е најдобриот млад лев бек кој веднаш може да допринесе за тимот, ќе донесеше скроз нов изглед на бековската позиија и со Алекс десно и кој било на среден ќе ебаваа маме.
Другите три трансфери се одлични. Маќеда носи дополнителна и толку потребна цврстина во одбраната на таа позиција. Брумен сега ќе може да игра на крило и во одбрана кога Македа ќе биде во тим. А и во напад знае да распали, има добар шут од место со залет. Не треба да се очекуваат од него многу голови како од Душебаев ама ќе си има свои моменти.
Марсениќ беше тип на пикер каков што беше потребен. Висок а не толку тромав, добар дефанзивец, модерен тип на пикер кој му служи многу на тимот. Ако игра како што се очекува од него, Вардар и субјективно и објективно ќе има пикерска линија на ниво на Барса, Киелце и Веспрем, најдобрите во Европа.
И тој кој може најмногу да изненади ако си ја врати формата е дефинитивно Циндриќ. Ваљда она лани не му беше само мал крик и може да го повтори. Во полна форма е нешто како Прибак на стероиди, треба да биде одлична замена за Игор и да помогне кога нападот ќе закрчи.
Останува и на Раул да ја поправи играта во нападот сега со новите играчи. Според мене подобро е да се врати онаа тактика која ја форсираше во неговата прва сезона, која потсеќаше на Вардар од последниве неколку години, со широка игра каде крилата беа примарни егзекутори а потоа бековите. Лани премалку се користеа крилата, рака на срце и ради нивните повреди/слаби натпревари.
Ако со ланскиот и прехланскиот состав се стигаше до последното скалило пред Ф4, сега составот е уште подобар и треба да се очекува тоа што сите го очекуваат. Со новиот формат ќе има повеќе натпревари па така е добро што составот доби на ширина. Сега и втората постава ќе може да се носи со кого било барем 15 минути дури другите се одмараат.
Она што остана недополнето е ко што пишавте и погоре, што не се зема мега ѕвезда која автоматски би станала лидер на тимот. Сега пак на грб ќе треба тимот да го носат Игор и Алекс, и секако Штербик. Од Дибиров не очекувам да биде тоа, пак ќе варира со игрите. Ќе беше ебење да се собере Кире или Карабатиќ, ама тоа е. Можеби догодина повесело.