Нападот ви беше многу очаен,како ретко кога овие две сезони во ЛШ....
Повеќе на сила и индивидуално....плус крилата отсечени нема шо да се бара...
Дибиров тотално аут беше со умот,не знам шо мислеше,па како само го изведе седмерецот...

(за играч со такво искуство е резил ова)...
Плус воопшто не учествуваа крилата во нападот,втор пикер,вркстување со бековите,ништо...
Одбраната солидна(само 22 гола примени,нема шо да се замери тука иако примивте еден куп наивни голови,пред се од контра и полуконтра),Штербик одличен...
Раул според мене доби салам корпа од неговиот ментор..
Го уби Талант во сите сегменти,освен во почетните 10 и кусур минути во второ,кога Вардар одлично го затвори голот....
Нападот на Киелце во прво полувреме класично изненадување,речиси со 3 пикери играа,по цела линија,и ја оневозможија густината на зоната на Вардар..
Опасно куче е овај Талант да си еби векот,голем тактичар...
Требаше нешто да смени во одбраната Раул,,да проба со фластер на некој од бековите,посебно на Ткачиг,да оневозможи проток на топка до пикер,да ја умртви играта и да ги брка уфрлените играчи од линијата,вака ве пореметија со измената на местата и нон стоп имаа вишок на линијата...
Во второ полувреме немаа игра Киелце,ама искористија простор преку крила...
Мораше повеќе да ротира Раул и да ја зачува свежината во екипата,вака се најде затечен со повредата на Карачич(иако и без него се држевте некако)но десната страна падна целосно...
Против оние тепачи како Чкрапковски,Ткачиг,Јурецки не е лесно да се игра...
Посебно ако целата своја игра ја базираш на бековите..
Додека мрдаше Карачиќ имаше некоја дупка во одбрана и се правеше простор за удар,ама после тоа не...
Можеби требаше да се проба со два пикери,или упорно форсирање на крилата на втор пикер,да се анулира играта еден на еден со таа 4ка на средината,па да има повеќе простор за Горбок и Душебаев или за игра еден на еден на Карачиќ...
Вака кога не им тргна нив,и почна да брани Шего се изгуби цела концепција...
За само 15ина минути ве отепаа,и тоа по класични контри и полуконтри...
Страшна игра преку крила имаат....Имаа среќа шо се вратија по шокот во првите 10ина минути,како беа тргнати си реков дека ќе ги отепате,ама наместо тие да паднат вие паднавте на притисок....
А доста простор оставивте на крај за крилата,премногу простор,недозволиво е на меч со толку малку голови да примиш толку лесни голови....
Да ви трчаат во контра играчи како Јурецки и Чкрапковски,не е ни чудо,едно чудо топки пресекоа...
Долги раце имаат,висока зона,агресивна,секоја топка која оди до пикер е потенцијал за пресекување и контра...
Столе перфектен,секоја чест,сам играше на крај,сите други беа тотално отсечени...
Само уште не ми е јасно која е поентата на Раул кога имавте играч плус да ги игра цело време заедно Лазаров +два пикери..
Губите на брзина ептен,само за да добиете некоја позиција за шут..
А во прво полувреме при две ситуации кога имавте играч плус ви правеа сериии од контри и полуконтри по изгубени топки во напад..
Наместо да искористите техника и брзина на Карачиќ и Душебаев вие ја умвртвувавте играта без потреба,се доведувате сами во позиција да грешите,а против таква одбрана која лесно пресекува топки е погубна таа тактика..
Ако не се лажам,само еден лесен гол по играч плус,премалку за ваков меч,тотално промашена тактика...
Киелце не изигра ништо посебно,само си изиграа добра одбрана,ве натераа да играте еден на еден со 4ката на средина,крилата тотално отсечени шо не е чудно,зошто имаше еден куп прекини во нападот и немаше доволно брз проток на топка за да се разиграат крилата,да шутираат макар и од лош агол..
Тоа е таа тактика,кога решаваш со тепачки екипи да играш еден на еден,со вакви екипи треба да играш широк напад,речиси до аут линија,и да ги натераш да се рашират малку,па да пробаш да уфрлиш некоја топка да пикер или крила..
Не сте без шанси,но требаше да си ги тепате неколку разлика,па тие да се нервираат во реваншот,вака е многу тешко,речиси невозможно,единствена добра работа е шо примивте малку голови,па со добра игра во напад се бива таму...
Монпеље за малку ќе анулираше 4 разлика,ама изиграа страшна напаѓачка партија,и имаат многу брза реализација,не влегуваа во контакт игра,многу брзо шутираа,макар и од неизградени позиции....
Ако одите да се рвате со нив,напади по минута и кусур тешко,немате такви играчи како нив...
Плус денес играа без Муса и Грабарчик,уште двајца тепачи кои доста ќе ги користи Талант....
П..С.
Браво за Комити..

А другиот дел од навиЈачите,подобро нека не идат...посебно тие од ВИП ложата..
Седлоски во ложа

,тој индијанецот сигурно прв пат на ракомет стапна денес...