- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Утре многу ќе биде важно отварањето на натпреварот.Да успееме да одиграме на почетокот пола од она што го одигравме со РНЛ и Веспрем и голем дел од работата ќе завршиме.Не се малку овие -6 што ќе треба да ги бркаме, но од друга страна па и не е некоја разлика што тешко се достигнува...за едно полувреме може да им ја стопиме предноста на пољаците ако се функционира како што треба.Она што ќе мора утре да се реализира се пеналите.Без разлика на тоа колку пенали ќе имаме мора 100% реализација од таа позиција за да си ја олесниме задачата, а и брзите голови после одбрана на Штербик се надевам дека нема да изостанат.Се надевам дека свој ден ќе имаат и Карачиќ,Душебаев и Дибиров а очекувам поддршка и од Горбок кој што изигра премногу слабо во Полска.Пикерите ако добијат топка не се сомневам дека ќе ја претворат во гол.