Фан клуб - РК Вардар

Не верувам офанзивно да има значително поголем ефект против Веспрем, Барса, ПСЖ, КИФ, Металург (под нив мислам на тоа што дефанзивно беа до крахот), отколку што има Душебаев. Ја лично не глеам многу голема разлика меѓу него и Алекс во нападот, иако тоа што е 7-8цм повисок само по себе му дава предност, ама технички е па ептен понеталентиран.

Едноставно е нешто измеѓу, ем нема значителна скочност и јак скок-шут ем не е технички врвен. Може лесно да се направи паралела дека е нешто слично на тоа што е Брумен на крило. Просечен напаѓач али одличен дефанзивец.

Ко што и пишавте сите, баш дефанзивата е она во кое Вардар ќе добие многу со него.

Но сепак, имајќи ја во превид и неконстантноста која ја има Вардар на лев бек и покрај Горбок и Лацковиќ, мислам дека подобро ќе легнеше инвестиција во офанзивно оружје на десен бек, т.е. Кире.

*** Не е потребно ништо посебно за Бундеслигашите, покажа Раул веќе дека го има у џеб нивниот стил. Единствено Кил е малку поразличен затоа би правел проблеми.

Со таа реченица што си ја цитирал нормално дека мислев за во дефанзива. :) Да се носи со воловите.
 
Ова наброениве бекови ми делува како: Ојлески, Дибиров, Гансхајмер, Сигурдсон.

Колку што е Ренато во класата на тие тројца толку е и Ојлески во класата на овие тројца ;)
Ајдеееее Македа во класата со Наџ и Ким а Дибиров во класата на Сигурдсон......у стилот на скаутинг тимот на Вардар....останува да ја видиме нивната класа во елиминационите натпревари.
 
Најмногу кај Македа ми се свиѓа тоа што е играч што игра во два правци.Со него конечно го добиваме она што ни беше потребно на таа десна страна,а тоа е играч што игра и напад и одбрана и играч кој што ќе дели минутажа со Душебаев кој што ни беше единствена опција на таа позиција за тешките натпревари.Од јануари па натаму очекувам далеку поопасен Вардар од таа десна страна од теренот.
 
Се собраа 4 десни бека сеа во Вардар. :) Најдобра варијанта ќе биде уште во јануари да се ослободат од Петрич кој има договор до крајот на оваа сезона а Терзич да остане во тимот.
Може засега не е некој квалитет Терзич ама дечкото има само 20години. Во Македонија нема ниеден играч до 20години што е поквалитетен од Терзич, Талески и Нелоски имаат по 18години и се единствените од кои мислам ќе биде нешто ама треба минутажа вака џабе е се.
Во Терзич дефинитивно има потенцијал е сеа како ќе се развива во иднина то е друго и незнам како му се седи на клупа нон стоп. Во Хамбург дремеше на клупа, тука иста прича.
Незнам зошто не си најде некој послаб клуб каде што ќе игра. Изгледа зема добра плата па затоа не му се мрда никаде.
Сепак за 3 избор на десен бек е одличен, да добива солидна минутажа во СЕХА и да ги игра натпреварите во домашното првенство.

Епа тоа е, Душебаев на негови години оди во послаб тим за да може да игра, он оди во Хамбург каде се знае дека ќе дреме на клупа. Талент има, ама проблемот во Хамбург беше што не се трудел доволно на тренинзи и што не бил доволно фокусиран на ракометот. Не знам тука како се однесува надвор од теренот, ама на теренот и тука си е повеќе онака ноншалантен.
 
Да ги кажеме и недостатоците. Како што кажа и Kasabian, нема убавина во играта на Македа и често знае и да исфорсира шутеви од 9 метри како Лацковиќ, а притоа да има подобри опции. Во секој случај лесно знае да се пробие на 6 метри, има два пара муда, има силен шут, а ми се чини дека и една сезона заврши и како прв асистент во Асобал. Мене највеќе ме радува тоа што негова главна позитивна карактеристика е тоа што е прејак во одбрана. Буквално машина, таков играч ни треба за да можеме во иднина да парираме на Бундеслигаши, Барса, Веспрем.
Би било забавно Вардар да налета на Барса па да го видиме тоа парирање оваа сезона и споредбата на Македа со Кире(10 против Фленсбург).
 
Епа тоа е, Душебаев на негови години оди во послаб тим за да може да игра, он оди во Хамбург каде се знае дека ќе дреме на клупа. Талент има, ама проблемот во Хамбург беше што не се трудел доволно на тренинзи и што не бил доволно фокусиран на ракометот. Не знам тука како се однесува надвор од теренот, ама на теренот и тука си е повеќе онака ноншалантен.
па ко шо глеам и на фб објавите не ќе да е многу по ракометот :) мислам дека воопшто не е ни заинтересиран многу за спорт.

Е и да додадам нешто за кое збореше Коњаникот еднаш. Одредени ракометари во составов не пропуштаат ракометна утакмица кога има во градов (Карачиќ, Тоскиќ), без разлика дали се женски/машки и дали играат женски/машки, металурзи, рк, жрк ваму таму. Ама има некои мислам дека играат ракомет оти немаат образование и добри пари се вадат. Јас по цел ден би дремела така на утакмици, да видам некој потег плус да научам... :)
 
па ко шо глеам и на фб објавите не ќе да е многу по ракометот :) мислам дека воопшто не е ни заинтересиран многу за спорт.

Затоа го бива за правење селфи слики на ракометарите :icon_mrgr:
 
Би било забавно Вардар да налета на Барса па да го видиме тоа парирање оваа сезона и споредбата на Македа со Кире(10 против Фленсбург).

Ај не замарај, 2 поста над тебе пишав дека со таа реченица мислев за дефанзива. Ај Ел Нињо сигурно се збунил, ама ти изгледа си глуп па не си сфатил дека реченицата се надоврзува на тоа претходно што напишав дека е одличен во дефанзива и дека тоа му е главна карактеристика. Во истиот пост пишав дека нема убавина во играта во напад на Македа затоа што технички е лимитиран.

Крај краева Шпанија убедливо освои Светско со Македа како прв десен бек и во напад и во одбрана. За крај еве ти едно голче од него да се присетиш на Прибак:

 
Кога спомнавте за Терзич да ви споделам и јас нешто од него додека беше во Струмица. Бил главен забавувач и во соблекувалната и за време на тренинзите и додека патувале. Не знам само со кој точно играа во ЕХФ купот додека беше во Зомимак но кога патувале на гости, во хотелот во кој престојувале, купил неколку плишани мали прасиња, демек да ги подари на некој, а две задржал за себе. И кога биле на аеродромот додека чекале, едното прасе во едната рака, другото во другата и правел конверзација меѓу нив, тресел глупости, се собрало народ околу него, па и му ракоплескале на крај хахахаа :D . После тоа, пред да влезат во авионот ја зел старата авионска карта, и застанал пред девојката која ги проверувала картите, и демек еве едната за мене другата за моето пријателче, а таа кое пријателче, и вадење прасето од дуксерот, еве го пријателчето...хахахаа...будала човек. И каде од него ракометар ќе биде. :D
 
Би било забавно Вардар да налета на Барса па да го видиме тоа парирање оваа сезона и споредбата на Македа со Кире(10 против Фленсбург).
И лани беше интересно кога металург со ренато и ојлевски налета на кил....:свиркам:
 
Ајдеееее Македа во класата со Наџ и Ким а Дибиров во класата на Сигурдсон......у стилот на скаутинг тимот на Вардар....останува да ја видиме нивната класа во елиминационите натпревари.

Леле човек каде бре читаш во мојот пост дека го споредувам Македа со Кире или Наѓи. Смешно ми е ставањето на Ренато во класата со нив. И незнам зошто Дибиров не е во класата на Сигурдсон, ти си знаеш ваљда.
 
Леле човек каде бре читаш во мојот пост дека го споредувам Македа со Кире или Наѓи. Смешно ми е ставањето на Ренато во класата со нив. И незнам зошто Дибиров не е во класата на Сигурдсон, ти си знаеш ваљда.
Незнам што е тука смешно кога Ренато има играно врвен ракомет за најдобрите клубови, има освоено ЛШ, минатата сезона беше најдобар стрелец во ЛШ, игра напад(сам решава натпревари), одбрана, шутира пенали, и е меѓу најдобрите десни бекови дури и на негови 39 години а да не правиме муабет на кое ниво играше кога беше помлад.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom