Пристапот одличен.
Желба, мотивација,дрскост, инает да се игра до крај, без разлика на моментален резултат.
Вака треба да се игра на секоја утакмица.
Ко ќе имаш самодоверба личи на нешто, ко ќе излезиш на терен и се предаваш во 10 минути нема шо да бараш во ЛШ.
Ете вчера Пик Сегед, ги демолираа во Норвешка, 24-11 на полувреме.
Ова фалеше претходно, во дуелите со Колстад и Алборг, да не прајме муабет на шо личеше екипата во дуелите со екипата на Борко со јадранките и хавајката.
Конечно и Борзаш покажа зошто е тука, како и Тајник.
Покажаа агресивност, напаѓаа на зона, имаше брзо движење/
Фалеше мала ротација на плеј, за да ја зачуваме таа свежина.
Вака само со Тајник прашање на време беше кога ПСЖ ќе ги казни нашите грешки.
А, имаше многу чисти зицери промашени, 2 пенали.
Промашија и тие додуша.
На крај пораз си е пораз, реален резултат.
Покажавме дека не сме толку отепани и дека имаме шо да понудиме.
Сепак, ПСЖ е велесила во европскиот ракомет.
Во неделата на дербито со Нант, во 40та минута губеа на домашен терен, 15-22, на крај за 20 минути дадоа 20 гола и тепаа 35-32.
Сега следат интересни 10 ина дена.
Одиме во Загреб, против екипа со која реално можиме да се надигруваме.
Иако овај Загреб, со онај на почеток на сезона се сосема различни екипи.
Дома газат, Колстад го демолираа ко на мајтап.
Машка утакмица даде Загреб вчера со Алборг. на крај реално реми иако лесно можеа да тепат.
Водеа со 29-27 на 5 минути до крај, заради технички грешки и 2 скинати зицери на Ландин, мораа да спасуваат бод.
Каков гол даде Милош Кос на крај, в гол го пикна Ландин.

Опасна екипа се Загреб, голем и висок голман, незгоден, посебно за ударите од далеку.
Агресивна одбрана, подвижна, шо нема да одговара многу за пикерите, Гојун, Валчак кинат на средина, плус Срна, Кларица, Куни Моралес.
Брзи крила, брзи контри.
Заебано ќе биди, Загреб со нас ја гледа шансата за пласман понатаму.
Тука му е шансата, со победа со нас и дома да го тепат Пик Сегед, еве 7 бода.
Исто и нас ни е шансата да пробаме да напрајме нешто појќе освен добра претстава.
На 21.10 иди екипата на Борко.
Да не се заебаваа во Скопје ќе бркавме во најлош случај некоја минимална разлика од 1,2 гола.
Вака 5 разлика, најверојатно и 6 ( ако не играт одбрана ) не е лесно да бркаш.
Макар шо, ако играт мотивирано и агресивно како со Кил и ПСЖ реално е да се очекува да ги тепаме со поголема разлика.
Ама не се прашваме само ние тука.
Ако го остават пак онај ХРЧАКОТ да се шета и да изиграва Стејнс од Али Експрес ќе имаме проблеми.
Зато треба уште на старт, две, три воспитни за Хрчакот и да се олади малку.
Ќе видиме, има време.
Па на 25.10, со Киелце во Битола.
Без Алекс Душебаев и Волф не се истата екипа.
Се е можно овде.