Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
За Бомбач имаше некои муабети и ова лето.
Ево еден слободен плејмејкер за следната сезона?Овај, Ненадич или Безјак,а имало незадоволство во Магдебург кај тренерот не е чудно некој и од таму да ја збришит....
Класа играч нема збор.
Ама да дојди наваму е многу тешко, само некоја сериозна понуда.
Ќе оди најверојтно негде Германија, Франција...
Подобро наредна сезона да земат 2 играчи капиталци, со 30 К плата, отколку да се бркаме со 10 нови играчи на сите позиции и да не знајме на шо сме.
Вака ко ќе платиш некој екстра играч, знајш дека од него можиш да чекаш по 5,6 гола, асистенции, игра во одбрана.
Јас да сум на местото на управата на Пелистер одам со куферчето уште сега во Вецлар.
Колку треба за Фитило? Толку..Бујрум... Нема штедење тука..
Го врзвам на долг договор, најмалку 5 години и ја градам екипата околу него.
Исто и за Бомбач, сега се брка работата, одиш потпишваш договор, ако се чека до лето, кој е слободен пак ништо, ќе се бркаме до септември.
На Пелистер сега му треба лидер, а досега го немаме.
Ниту еден од овие играчи шо ги имаме не можи да ја повлечи екипата и да ја гради играта околу него.
П.С.
Ненадиќ замина кај Арапите негде, 2 години договор, за по 600 К годишна плата.
Безјак мислам дека ќе ја заврши кариерата во Нексе.
Тешко дека Магдебург ќе пушти туку така некој од бекојте.
Играт на 4 фронта, преку 50 и кусур јаки утакмици.
Без бекој ништо не прат. го знај то и Бенерт Вигерт.
Феликс Клар, овај можи и лев да игра, тука се иВебер, Дамгарт, Лагерген и Инги Магнусон на десен.
Тешка артилерија на бек.
Смарасон го зедоја за бекап.
Ама ко ќе се врати и Гисли Кристиансон, тука ќе биди доста гужва и ќе отпадни некој, најверојатно Смарасон,
Имат доста помали утакмици во Бундес Лига, без ротација на бековска линија и свежина ќе те изедат екипи ко Лајпциг, Хановер, Мелсунген и слично.
Лани ја изгуби титулата Магдебург баш заради тие порази со аутсајдерите.