Скапи биле картите, сме немале стандард.

За по комари на Реал, Барса, Англија 7ма лига да игра има пари Македончето, по казина 24/7 остаен е народот.
За таму има пари, за друго нема, тешко се живеј.
Скапо било Кил, ПСЖ, Киелце да ги гледаш.
Едно кафе на Широк Сокак го напраја 150 денари, за то никој не се буни.
По кафани цените ко небаре во Лондон сме, а услугата небаре во биртија во Лопатица и Чарлија сме.
Јас да сум на местото на управата 10 000 ќе беше сезонската карта.
Кој шо сака нека иди нека гледа.
Мора и клубот да живеј од нешто.
Квалитетот треба да се плати.
Не гледаш утакмица со Алкалоид, ќе го гледаш Кил, Псж итн.
Споредби на Звезда биле картите толку, на Партизан толку.
Одете бе луѓе на Звезда, Партизан, таму евтино е.

И патот до Белград е муфте, и трошоци нема, Вучиќ покрива се, за добрососедски односи.
Сеа Звезда ЛШ ќе игра во фудбал, ќе се закреват каравани со навивачи, тури по агенции, за таму не жалат пари.
Брача Срби, сви смо један народ.
Или дресој шо порачват од оригинални фан шопој навивачите на Јунајтед, Челзи и компанија.
По 150 фунти, со шипинзи, царини и слично.
То евтино е. гага.
Ама да се подржи нешто локално, шо вреди, е тука е маката на Битолчанчето.
Оти да се плати, оти да не е муфте? Ко шо беше порано, преку РЕК.

Ова ти е ко проблемот со невработеноста во Битола, ШО ИМА ЈАС ДА БАРАМ РАБОТА, ВЛАДАТА ТРЕБА ДА МИ НАЈДИ РАБОТА, ГРАДОНАЧАЛНИКО, ПРЕЦЕДНИКО МЕ

, СОЊА ЌЕ РАБОТИ ЗА МЕНЕ.
Така и со ракометот, сите само кажват, вака така, а никој со прст не мрдна за клубот да тргни од мртва точка.
Конечно по толку години дојдовме на некое ниво, и пак не чини.
Не иделе да гледат, разочарани биле од поразот во суперкупот, па не идете.
Дали ќе била полна салата или не, то е најмалце важно.
Поубо да има 500 прави навивачи в сала, отколку 3000, од кои 2500 семкари, кои идат 3 пати годишно, шо ќе прат селфи и ќе глумат Данци в сала и ќе гледат дали некој/а пишал/а на Инстаграм....