Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Се знаеше дека оваа не му е битна, посекако играме финале и очигледно си играја шо сакаат и си "екпериментираа" али изгледаше лошо за око.
Можда и ради Олимпијакос пробваја да "скријат" нешто иако нема шо да се крие тие ни се играчите:)
Оправдано да штедат сили за утре па и да изгубеа и со поголема разлика али одредени играчи беа тотално за на ладење.
Добро шо не ни се повреди некој.
Утре мора да одиме на победа!
 
Ракометот еби ветер шо вика еден другар лепчиња или народна трчај скокни шутни а денес и покрај шо не беше важен малку не сериозно за клуб како Пелистер а тајмаутите крвој убо ги спремија физички сега нека го земат тој селекторот на Србија шо некој го споменуваше поназад за чекор плус напред оти вака ќе бидиме на најважен напад одиме 7со6 ќе играте еден на еден а за акција или претходно шо беше за нешто промена во напада и одбрана многу тешко само ако згреши некој одма да го извадиме од игра и после другиот греши шо е на негово место па тој се вади и така се во круг а баш очекував да ги изгазиме сите на турнирот !

Браво шо играа со вистинските бои [emoji16] ај овие ќе бидат јаки туку шо се случи со двојката шо толку изгуби оти со кецот ако се погоди уште еден играч дома ќе прајме проблеми но веќе на сите му е јасно дека крилото и средниот бек ќе бидат на ниво за другите ќе се надеваме
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Последно уредено:
Тотално небитна утакмица, убаво е дека испробаа во игра да им дадат појќе шанса на останатите, појќе ме загрижува 10 гола разлика од Пролет на вториот тим и тоталната неефикасност во напад.
Дали ден лош и не се поклопуваа работите или пак Пинки не е кадарен. Сепак почеток е допрва ќе се гледа резултат таму.
 
Nie ne igrame nikakov rakomet po so bi bile pretpoznatlivi go kaza to i borzas posle utakmicata so metaloplastika vo prevod izjavata treba uste mnogu muvi da jadime za da bidime barem 5ti vo grupata. Lev bek i levo krilo uste edno nemame petrovic pokaza deka nemozi na krilo a niti pak kosteski mozi sam na desno krilo levo krilo petar dobar vo odbrana vo napad poslabo cvetan vo napad dobar vo odbrana dupka od dvata eden treba da naprajme. Gledam brance poleka si se mesti na klupa pa nalikuvame na vardar vo vremeto na samsonenko koga coekot bese od ekonom do pretsedatel pa trener so eden zbor dno dna neka mu kazi nekoj na brance da si sedni na tribina tamu mu e mestoto ne mu e na klupa i ova so ne mu nosi uste igraci na desno krilo desen bek i levo krilo mi izgleda mestaljka da gi fati udolnica jovic i sundo i normalno da prevzemi samo narecenata bitolska legenda brance koj arno go izbrkaja od kaj kiro inace uste jajca ke lizese na selektorot mislam deka za brzo jovic ke go vratat vo vtorata ekipa so sundo si bea okej ama sega 3cata koj da kazi pobrzo losa rabota. Dali e vistina deka sezonskite ke bidat nad 7000 denari dali upravata stvarno takvo nesto ke napraj takov kiks do 6000 prifatlivo ama ako e pokje nema ni 10 da prodat.
 
Не треба да се форсират за резултати на неважни турнири.
Дали ќе победиме со Металопластика во некакво си ретро дерби, или денес со Олимпијакос на пријателски турнир нема никаква важност.
Само да не се повреди некој вечер со Олимпијакос, то треба да е приоритет.

Вчера требаше да се пуштат сите шо досега немаа некоја минутажа, да фатат малку игра и ритам.
Џабе го трошеа Тајник, Батакот и тн, во меч без никакво значење.
Не знам шо се случва со Павле? Требаше Ѓорѓоски да го пуштат нека се делка детето.
За Петровиќ и покрај оптимизмот од порано, некако сум скептик дека ќе се снајди во една ваква средина со толку играчи и конкуренција, најпојќе заради висината и слабиот скок шут против висока зона.
Не е ни за десен, ниту за крило, не е ни негова вина шо не е за крило, кога никогаш не играл на таа позиција.

Настрана резултатите досега, играта ме загрижва, иако е почеток на сезона.
Ама, ако се познава денот по утрото ќе треба уште многу да работиме.

Од новајлиите покрај Гебдан, единствено Тајник дели.
Одма се гледа дека е школован и интелегентен играч, со преглед на игра, знај кога и кај треба да дај топка. не без врска да е фрла и форсира напад и удар без позиција.
Следи движења на крила, пикер, на другите два бекој.
Некако нема бекап со левата страна, со Цехте подобро се читат и доста топки одат на десна страна.
То шо ме бендисва и шо можи да е џокер плус за разлика од лани е играта на Танкосен.(y)
Ко ќе е заедно со Тајник делува доста добро, знај шо треба да напрај, да пробие, да шутни.
Шо докажва дека можи Танкосен далеку појќе би се снашол од втор план, како лев бек, отколку да го има товарот на организација на игра.
Засега е одличен, искина, ако продолжи вака ќе имаме една интересна постава.

За Цехте не би се сложил со останатите дека е толку лош.
Точно е дека не е прва класа десен бек, ама има ракомет во него.
Не е за џабе во Словенска репка ако нема квалитет.
Има солиден шут, не е тежок на чекор, знај да се движи со топка и да нападни на зона, не прај многу технички грешки.
Само му треба време и пред се соработка со левиот бек, на брзи додавања,кога ќе биди Тајник извлечен надвор, треба да да решаваат наизменично со меѓусебни додавања со левиот бек, па да се отвори простор со брз залет некој од бекојте да ја нападни зоната со скок шут, вака со бавни напади тешко оди.
Вака се гушат со левиот бек и делуваме збиено.
Добро ќе биди да се земи уште еден десен бек, по можност некој класичен шутер, Цехте појќе да се користи и во одбрана.
3 месеци се збора за десен бек, и уште зборат дека ќе дојсат, речиси помина преодниот рок абер немаме.
Барем на проба да земеа некој, па да видиме шо има на лагер.
Вака и да земат кога ќе се уигра?
Ако нема десен бек, поубо со Павле Атанасијевиќ нека одат.

Најпојке ме изненадва Борзаш, во негативна смисла, дечкото некако изгубено ми делува, на сите утакмици.
Нерезонски шутој зема, слаб во движење и укрстување, тромаво ми делува ептен, кога треба да повлечи и продолжи чекор и пас тој шутира од лоша позиција, кога треба да шутира се двоуми и го фаулират или дуплират.
Без обид за скок му се грото од шутојте, ниту пак пробва од место или под зона да упати удар.
Од левите бекој шо се изредија досега, најслаб впечаток остај.
Ваљда ќе се среди,нормално ако се работи ко шо треба со него.

Не е толку страшно за на лев бек, тука имаме најпојќе коњи за трка, различен калибар на играчи.
Тука е Кисум, Стевановиќ, Павле, Ѓорѓоски ( овај некако ми остава добар впечаток, само треба на одбраната да работи доста)
Десната страна е проблемот, заради слабата ротација.

Барем ако не планират да земат ново десно крило, нека го префрлат Белистојаноски, таман му е на детето времето да се пушти да игра.
Ќе има многу утакмици во Суперлига за да се делка и да си билда самодоверба.
Не можи Батакот 60 минути да игра, ќе го прегорат, нема никаков ќар така од него.
 
@Tomasino
Танкоски е лев бек, најдобрите партии во Металург ги даде на лев бек, затоа и го сметавме за потенцијал.
Дечкото се изгуби кога почнаа да го играат среден.
 
А со лево крило шо прајме , треба некој сигурен на крило кога е тесно да е стабилен да дај гол , Цветан и Петар се ок кога губиме да лупат голој, ама кога се крши резултат се нестабилни .
За тимови од ЛШ свесно ќе остават простор да завршваме напади од лево крило ќе напрат разлика и толку ќе биди.
 
ke ne skinat krilata realno od ziceri promasuvanje i ovie desno se ebivetar, lani ona sho go igraja klasicen debakl beshe
 
Се надевам дека до пред да одат Истанбул ќе донесат уште 2 играчи, сите знајме на кој позиции ни се најпотребни.
Иако победија денес, играта е далеку од она шо треба да биди за вистинските натпревари во ЛШ и домашно првенство.
Продолжват Шундо и Јович да се глупират и да форсират една постава цело време.
Сери го играт само одбрана, кој кур?
Танкоски не доби ни минута денес а претходните два меча искина на терен, зошто ?
Тајник и батако ги трошат по 60мин на небитни натпревари и ризикуват да останиме без двата најдобри поединци.
Борзаш е чорба на последните неколку натпревари и упорно го остават во игра да троши топки во напад. Можи Сери и Емилијан да покриват во такви ситуации.
Данецот на пикер освен во одбрана, во напад тотално бескорисен и највероватно тој е најголемио FAIL овај трансфер период заедно со Цехте(овај очекувам да ја крени формата).
Ако не планират десно крило да носат, мора Белистојановски да добие прекоманда.

Пак ќе речам, ова екипа е шаренолика и има доста квалитет, само ќе треба да се донеси квалитетен тренер шо ќе ги синхронизира и ќе го извај максимумот од играчите.
Освен Џееона кој е слободен и вервам достапен за преговори, друг тренер квалитетен слободен во овој оериод нема.
Нека го исконтактират побогу и нека го решат тренерското столче еднаш после 4 години лутање.
Џирона тренер, Јович и Шундо Асистенти, Бранче на трибина или да ја превземи втората екипа пошо Пинки ќе ги запусти. Од Пролече изгубиле со срамен резултат 22:12.
Фали тренер шо ќе ја комплетира сложувалктата и ќе бидиме екипа за мерак.
Вервам дека и Стерјев е свесен кој се слабостите на овој ростер и за брзо ќе ги реши.

Честитки за победата и достоен настап на завршницата на СЕХА турнирот во Истанбул.
 
Додека чекаме дали ќе има некој нов абер, околу играчите.:pos:
Да пополниме време. :busi:
Моментални ростери на екипите во нашата група во ЛШ

1.ПСЖ.

https://en.psg.fr/teams/handball/squad

За разлика од ланската екипа, промена имаат на десен бек, на местото на Кристопанс кој замина во Мелсунген, дојде Кент Робин Тонесен од Пик Сегед, на местото на Ненадиќ на лев дојде Јакоб Холм од Фуше Берлин ( овај ни е познат од ланската сезона, можи и на среден да игра), како и на пикер, на местото на Хенрик Тофт Хансен, тука е шпанскиот пикер Рубен Марчан.
Останатите се добро познати од лани.

2. Киелце
https://kielcehandball.pl/pl/druzyna/#zawodnicy/kafelki
https://kielcehandball.pl/pl/druzyna/#zawodnicy/kafelki

И кај ИСКРА нема некои коренити промени.

Прв голман си останва Волф,
Го сменија вториот голман, на местото на Корнецки ќе бидат двајца млади голмани, Блажејевски и Гелдин, првиот 21 година, вториот 19/
Кај бекојте нема некој драстични промени, од ланската постава единственото Стенмалм го вратиле од позајмица и има еден новак на десен бек, од Египет, Хасан Кадах, 205 см, моментално повреден.

На останатите позиции, крила, пикер се е исто.
Киелце со оваа екипа и со тренерот ( убедливо најдобар според мене ), повторно ќе биди меѓу главните фаворити за ЛШ.

3. Кил

https://thw-handball.de/team/kader/saison-2023-24/
Останаа без Зарабец, Сагосен и Ландин, шо не е мала работа, посебно околу улогата која ја имаше Ландин.
Како замена за Ландин дојде Винсен Жерар, таман дојде се повреди.
Останват засега само на Томаж Мрква, познат ни е од дуелите со Чешка.
За нареден период го потпишаја и Перез Де Варгас. шо е уште еден доказ како треба да се работи,
Не треба да мислиш само за оваа сезона, туку бараш и букираш за во иднина.
За да немаш после проблеми со преговорите. да се тегниш цело лето-идел-не идел.

На бек се горе долу иста постава од лани, на лев Ерик Јоханесен, Валиниус, Билик.,
Дувњак на среден и одбрана главен, а имат едно ново дете, од Фарски Острови, како замена за Зарабец.
Елиас Елефсен Скипаготу, вчера 7 парчиња со Балинген.
Имат доста добри играчи во Фарски Острови, нешто како Исланд, мала земја, големи таленти.
Наместо да се бркаме со Африканците, тука треба да се гледа шо има на лагер.
На десен Гурбиндо го зедоа ( со оглед дека Вајнхолд појќе е повреден од шо е здрав ).
Секако,прв избор е Харалд Рајнкинд.
На пикер една од најаките линии во ЛШ, Пекелер, Винчек и Оверби.

Мислам дек за нијанса имат послаб тим од лани, ама со онаа ротација шо ја имаат на сите позиции ( освен голман), не можи со нив да предвидиш.

4. Алборг

https://aalborghaandbold.dk/hold/liga/

Најголемо засилување Никлас Ландин на гол.
Нови играчи се Алекс Влах од Цеље, добро познат од ланска сезона, искина во ЛШ.
На лев го зедоа и Томас Арнолдсен од Архус, исто така познат од ланска сезона за нас, не отепа.
Лукас Нилсон го зедоа на лев, од РНЛ, на пикер и Симон Халд Јенсен од Фленсбург.
Останатите костурот од ланската екипа.
Хансен се врати од депресијата, на пикер покрај Халд Јенсен ги имат и Јеспер Нилсен од Шведска и Рене Антонсен.
Одбрана главен Мелгдард.
На десен бек се без некои мега звезди, но сите знајме шо значи данската школа за бековски позиции.
Крила стандард, Бартхолд лево и Бјорнсен десно.
Се на се, треба да се доста појаки од лани.

5. Пик Сегед.

https://www.pickhandball.hu/

Позната екипа за нашите простори.
Имаат некои рокади оваа сезона.
Нов тренер имаат, Кристиан Карпати, по една цела ера од 10ина години си замина Хуан Карлос Пастор.
Интересно е шо како и Пастор кој долги години како помошник и преведувач го имаше Кривокапиќ,помошните тренери и оваа сезона се од Србија, како и физиотераптевтот.
Шо е уште еден показател дека Србите доста вложваат во тренерскиот кадар.

Си замина Мирко Алиловиќ, дојде едно ТЕМНО ДЕТЕ од Норвешка:D, од Елверум, Емил Имсгард. солидно голманче.
Ќе биди добра замена за Миклер.
На лево крило го зедоа Јелиниќ од Нексе, заедно со Фримел од ланската екипа, опасна двојка
Десно крило, го нема Богдан Радивојевиќ ( уште го чекаме абер да дај ) :icon_mrgr:, на негово место Бенџамин Силаџи, а прва опција е Шоштариќ, веќе долго време.
Пикер тука се вечните Матеј Габер и Бенче Банхиди, плус го зедоа Глеб Калараш, добро познат.

На лев бек и среден немат промени, Бодо, Мачковшек и Жита на лев, на среден Бомбач и Мартинс.
По мое, единствена слаба точка на овај тим е десната страна, и лани имаа многу мака на оваа позиција.
Лука Степанчиќ е појќе повреден од шо е во игра.
Прва опција беше Шпанецо Гарсиендиа, не е толку стабилен овај, јак ко бик, ама малку мозок иако има доста потенцијал.
Имаат ново име во Пољакот Симон Џилакиевиќ, на местото на Робин Тонесен, кој замина во ПСЖ.

Треба да се на ланско ниво.
На домашен терен цврст орев за сите, на гости ранливи, па можи ќе искорстиме нешто.

6. Колштад
https://kolstad-handball.no/spillerstall/
Модерниот ракомет ТАТ:D

На крај излезе народната, не прај есап без да знајш колку ти е долга чергата.
Како и да е, ако нема некој импакт намалвањето на платите треба да се доста сериозна екипа.

Сагосен, Горан Јоханесен и Магнус Ред на бек, Бергерут на гол, Гулерут пикер.

Долги години газат на репрезентативно ниво,
Ќе видиме како ќе се покажат кога се работи за "КЕШ'.

Со скандинавците не си на чисто на клубски план, ќе изиграат со најаките, ќе изгубат од далеку послаб тим,
Па можи ќе имаме некоја среќа и ќе искористиме на 13.09.
Мислам дека ќе се покажиме на премиерата.

7. Загреб ( за крај ).

https://rk-zagreb.hr/aktualni-sastav/

Имаат промени од лани.
Си замина голманот Дино Славиќ ( опасен голман ), прв голман ќе биди Словенецот Пајнтар.
Останаа и без Жељко Муса и Граховац на пикер и одбрана. на нивно место дојде Сухољезник од Цеље ( тежок суртук за чување ) и Валчак.....
На среден само Карпо Сиротиќ остана, замина Додиќ во Цеље, доста солиден е Сиротиќ.
Ваљда некој од левите ќе покрива на среден, овај Милош Кос од Србија остај добар впечаток.
На лев се уште Кавчиќ од Словенија и можи најдобриот Звонимир Срна, овај се повреди и прашање е колку ќе е спремен.
На десен се доста солидни, покрај Ловро Кларица кој има потенцијал да биди салам бек во иднина го зедоа Куни Моралес.
Крила, можи и едни од најаките во ЛШ.

Ако земиме барем уште еден некој играч, би можеле да се носиме со Загреб.
Иако имаат далеку поголемо искуство од нас ( и на клупа се подобри), но со паметна тактика би можеле да скиниме бодој.

Сума сумарум, за наредна фаза не би требало да има проблеми за Киелце, ПСЖ, Кил, Алборг, го клавам овде и Пик Сегед.

За то 6то место по имиња Колстад би требало да е во предност, иако според тежината на играчите треба да се и пред Сегед, ама сепак, не е мала работа нестабилноста на финансиски план, прајме муабет за екипи со милионски буџети, шо ветиле плати на играчи кои се далеку над тие во Бундеслига, иначе не ти иди некој од Кил, Фленсбург за без пари, од патриотски побуди.
Останаа без планирано засилување на среден, си замина Смарасон во Магдебург, шо е очекувано.
Не седи секој за без пари.
Шанса од втор план ќе бара Загреб.

Ние ќе чекаме шанса од трет ( последен ) план. :D
Секој бод е премија, во вакво друштво и не треба да лета во облаци и да се биди нереален.
Треба да се проба да видиме да видиме до кај сме, и да се излези без респект на тие неколку меча на кои би имале некои шанси.
На мечевите дома, со Колстад, Загреб, оти а не и со Сегед, па и Алборг ( ако не потценат).
Во гости, секоја добра претстава ќе биди чекор плус за оваа екипа.
Да не се лажиме, играме со некои екипи шо имаат по 20 + годишно редовно учество во ЛШ.
Ние во овај формат на екипа играме 3та сезона.
Пред то се боревме со Тинекс Пролет за Челинџ Куп.
За почеток, за 3 сезони има огромен напредок во изгледот на екипа, и не треба да летаме многу во облаци.
Киелце ова екипа ја спрема преку 20 години, со огромни пари фрлени секоја сезона.
Ние овде глумиме лудило и забораваме кај бевме до пред 2019 година.
Ги читам на ФБ екпертите, изгубија на неважна утакмица со Металопластика, карат врнат, вакви такви.
Тепаја на небитен турнир со Олимпијакос, херои играчите, благослови фрлат до управата. :popce:

Не можи така, треба да се оди чекор, по чекор.
Главна цел е одбрана на титула.
Тука не смеј ни да се помисли на кикс.

Да не се избрукаме во ЛШ, да видиме до кај сме,
И да се изгуби со големи разлики од гиганти ко ПСЖ, Киелце, Кил нема да е срамно, само да личи на нешто екипата.
Сепак играме со кремот на европскиот ракомет.
Исто ко да играш во група со Сити, Реал, Баерн во фудбал, таква група добивме.
Со оглед на кризата во Барса, нема да ме чуди новиот шампион во ЛШ да се бара од нашата група ( единствено Веспрем дели од другата група).
Па ако продолжи платформата и во иднина, со појќе спонзори шо се неопходни да се оди полека напред.
Наеднаш ништо не можи, ете пример е Колстад, испукаја машки, на крај пукна тиквата.
И кај нас можи да се случи слично, сепак треба кеш за се носиш во ЛШ.
Загреб со неполни 4 милиони евра буџет не можи група да помини години.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom