Додека чекаме дали ќе има некој нов абер, околу играчите.

Да пополниме време.

Моментални ростери на екипите во нашата група во ЛШ
1.ПСЖ.
https://en.psg.fr/teams/handball/squad
За разлика од ланската екипа, промена имаат на десен бек, на местото на Кристопанс кој замина во Мелсунген, дојде Кент Робин Тонесен од Пик Сегед, на местото на Ненадиќ на лев дојде Јакоб Холм од Фуше Берлин ( овај ни е познат од ланската сезона, можи и на среден да игра), како и на пикер, на местото на Хенрик Тофт Хансен, тука е шпанскиот пикер Рубен Марчан.
Останатите се добро познати од лани.
2. Киелце
https://kielcehandball.pl/pl/druzyna/#zawodnicy/kafelki
https://kielcehandball.pl/pl/druzyna/#zawodnicy/kafelki
И кај ИСКРА нема некои коренити промени.
Прв голман си останва Волф,
Го сменија вториот голман, на местото на Корнецки ќе бидат двајца млади голмани, Блажејевски и Гелдин, првиот 21 година, вториот 19/
Кај бекојте нема некој драстични промени, од ланската постава единственото Стенмалм го вратиле од позајмица и има еден новак на десен бек, од Египет, Хасан Кадах, 205 см, моментално повреден.
На останатите позиции, крила, пикер се е исто.
Киелце со оваа екипа и со тренерот ( убедливо најдобар според мене ), повторно ќе биди меѓу главните фаворити за ЛШ.
3. Кил
https://thw-handball.de/team/kader/saison-2023-24/
Останаа без Зарабец, Сагосен и Ландин, шо не е мала работа, посебно околу улогата која ја имаше Ландин.
Како замена за Ландин дојде Винсен Жерар, таман дојде се повреди.
Останват засега само на Томаж Мрква, познат ни е од дуелите со Чешка.
За нареден период го потпишаја и Перез Де Варгас. шо е уште еден доказ како треба да се работи,
Не треба да мислиш само за оваа сезона, туку бараш и букираш за во иднина.
За да немаш после проблеми со преговорите. да се тегниш цело лето-идел-не идел.
На бек се горе долу иста постава од лани, на лев Ерик Јоханесен, Валиниус, Билик.,
Дувњак на среден и одбрана главен, а имат едно ново дете, од Фарски Острови, како замена за Зарабец.
Елиас Елефсен Скипаготу, вчера 7 парчиња со Балинген.
Имат доста добри играчи во Фарски Острови, нешто како Исланд, мала земја, големи таленти.
Наместо да се бркаме со Африканците, тука треба да се гледа шо има на лагер.
На десен Гурбиндо го зедоа ( со оглед дека Вајнхолд појќе е повреден од шо е здрав ).
Секако,прв избор е Харалд Рајнкинд.
На пикер една од најаките линии во ЛШ, Пекелер, Винчек и Оверби.
Мислам дек за нијанса имат послаб тим од лани, ама со онаа ротација шо ја имаат на сите позиции ( освен голман), не можи со нив да предвидиш.
4. Алборг
https://aalborghaandbold.dk/hold/liga/
Најголемо засилување Никлас Ландин на гол.
Нови играчи се Алекс Влах од Цеље, добро познат од ланска сезона, искина во ЛШ.
На лев го зедоа и Томас Арнолдсен од Архус, исто така познат од ланска сезона за нас, не отепа.
Лукас Нилсон го зедоа на лев, од РНЛ, на пикер и Симон Халд Јенсен од Фленсбург.
Останатите костурот од ланската екипа.
Хансен се врати од депресијата, на пикер покрај Халд Јенсен ги имат и Јеспер Нилсен од Шведска и Рене Антонсен.
Одбрана главен Мелгдард.
На десен бек се без некои мега звезди, но сите знајме шо значи данската школа за бековски позиции.
Крила стандард, Бартхолд лево и Бјорнсен десно.
Се на се, треба да се доста појаки од лани.
5. Пик Сегед.
https://www.pickhandball.hu/
Позната екипа за нашите простори.
Имаат некои рокади оваа сезона.
Нов тренер имаат, Кристиан Карпати, по една цела ера од 10ина години си замина Хуан Карлос Пастор.
Интересно е шо како и Пастор кој долги години како помошник и преведувач го имаше Кривокапиќ,помошните тренери и оваа сезона се од Србија, како и физиотераптевтот.
Шо е уште еден показател дека Србите доста вложваат во тренерскиот кадар.
Си замина Мирко Алиловиќ, дојде едно ТЕМНО ДЕТЕ од Норвешка

, од Елверум, Емил Имсгард. солидно голманче.
Ќе биди добра замена за Миклер.
На лево крило го зедоа Јелиниќ од Нексе, заедно со Фримел од ланската екипа, опасна двојка
Десно крило, го нема Богдан Радивојевиќ ( уште го чекаме абер да дај )

, на негово место Бенџамин Силаџи, а прва опција е Шоштариќ, веќе долго време.
Пикер тука се вечните Матеј Габер и Бенче Банхиди, плус го зедоа Глеб Калараш, добро познат.
На лев бек и среден немат промени, Бодо, Мачковшек и Жита на лев, на среден Бомбач и Мартинс.
По мое, единствена слаба точка на овај тим е десната страна, и лани имаа многу мака на оваа позиција.
Лука Степанчиќ е појќе повреден од шо е во игра.
Прва опција беше Шпанецо Гарсиендиа, не е толку стабилен овај, јак ко бик, ама малку мозок иако има доста потенцијал.
Имаат ново име во Пољакот Симон Џилакиевиќ, на местото на Робин Тонесен, кој замина во ПСЖ.
Треба да се на ланско ниво.
На домашен терен цврст орев за сите, на гости ранливи, па можи ќе искорстиме нешто.
6. Колштад
https://kolstad-handball.no/spillerstall/
Модерниот ракомет ТАТ
На крај излезе народната, не прај есап без да знајш колку ти е долга чергата.
Како и да е, ако нема некој импакт намалвањето на платите треба да се доста сериозна екипа.
Сагосен, Горан Јоханесен и Магнус Ред на бек, Бергерут на гол, Гулерут пикер.
Долги години газат на репрезентативно ниво,
Ќе видиме како ќе се покажат кога се работи за "КЕШ'.
Со скандинавците не си на чисто на клубски план, ќе изиграат со најаките, ќе изгубат од далеку послаб тим,
Па можи ќе имаме некоја среќа и ќе искористиме на 13.09.
Мислам дека ќе се покажиме на премиерата.
7. Загреб ( за крај ).
https://rk-zagreb.hr/aktualni-sastav/
Имаат промени од лани.
Си замина голманот Дино Славиќ ( опасен голман ), прв голман ќе биди Словенецот Пајнтар.
Останаа и без Жељко Муса и Граховац на пикер и одбрана. на нивно место дојде Сухољезник од Цеље ( тежок суртук за чување ) и Валчак.....
На среден само Карпо Сиротиќ остана, замина Додиќ во Цеље, доста солиден е Сиротиќ.
Ваљда некој од левите ќе покрива на среден, овај Милош Кос од Србија остај добар впечаток.
На лев се уште Кавчиќ од Словенија и можи најдобриот Звонимир Срна, овај се повреди и прашање е колку ќе е спремен.
На десен се доста солидни, покрај Ловро Кларица кој има потенцијал да биди салам бек во иднина го зедоа Куни Моралес.
Крила, можи и едни од најаките во ЛШ.
Ако земиме барем уште еден некој играч, би можеле да се носиме со Загреб.
Иако имаат далеку поголемо искуство од нас ( и на клупа се подобри), но со паметна тактика би можеле да скиниме бодој.
Сума сумарум, за наредна фаза не би требало да има проблеми за Киелце, ПСЖ, Кил, Алборг, го клавам овде и Пик Сегед.
За то 6то место по имиња Колстад би требало да е во предност, иако според тежината на играчите треба да се и пред Сегед, ама сепак, не е мала работа нестабилноста на финансиски план, прајме муабет за екипи со милионски буџети, шо ветиле плати на играчи кои се далеку над тие во Бундеслига, иначе не ти иди некој од Кил, Фленсбург за без пари, од патриотски побуди.
Останаа без планирано засилување на среден, си замина Смарасон во Магдебург, шо е очекувано.
Не седи секој за без пари.
Шанса од втор план ќе бара Загреб.
Ние ќе чекаме шанса од трет ( последен ) план.
Секој бод е премија, во вакво друштво и не треба да лета во облаци и да се биди нереален.
Треба да се проба да видиме да видиме до кај сме, и да се излези без респект на тие неколку меча на кои би имале некои шанси.
На мечевите дома, со Колстад, Загреб, оти а не и со Сегед, па и Алборг ( ако не потценат).
Во гости, секоја добра претстава ќе биди чекор плус за оваа екипа.
Да не се лажиме, играме со некои екипи шо имаат по 20 + годишно редовно учество во ЛШ.
Ние во овај формат на екипа играме 3та сезона.
Пред то се боревме со Тинекс Пролет за Челинџ Куп.
За почеток, за 3 сезони има огромен напредок во изгледот на екипа, и не треба да летаме многу во облаци.
Киелце ова екипа ја спрема преку 20 години, со огромни пари фрлени секоја сезона.
Ние овде глумиме лудило и забораваме кај бевме до пред 2019 година.
Ги читам на ФБ екпертите, изгубија на неважна утакмица со Металопластика, карат врнат, вакви такви.
Тепаја на небитен турнир со Олимпијакос, херои играчите, благослови фрлат до управата.
Не можи така, треба да се оди чекор, по чекор.
Главна цел е одбрана на титула.
Тука не смеј ни да се помисли на кикс.
Да не се избрукаме во ЛШ, да видиме до кај сме,
И да се изгуби со големи разлики од гиганти ко ПСЖ, Киелце, Кил нема да е срамно, само да личи на нешто екипата.
Сепак играме со кремот на европскиот ракомет.
Исто ко да играш во група со Сити, Реал, Баерн во фудбал, таква група добивме.
Со оглед на кризата во Барса, нема да ме чуди новиот шампион во ЛШ да се бара од нашата група ( единствено Веспрем дели од другата група).
Па ако продолжи платформата и во иднина, со појќе спонзори шо се неопходни да се оди полека напред.
Наеднаш ништо не можи, ете пример е Колстад, испукаја машки, на крај пукна тиквата.
И кај нас можи да се случи слично, сепак треба кеш за се носиш во ЛШ.
Загреб со неполни 4 милиони евра буџет не можи група да помини години.