Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
На сите некако ви пречи претседателот на РФМ да има свој клуб, скопски судии да судат на скопаки тимови со тим што не е пд Скопје и најверојатно сте во право. Ама н а ноту еден не ви пречи еден газда да има 2 тима во иста лига што го нема никаде во светот
 
На сите некако ви пречи претседателот на РФМ да има свој клуб, скопски судии да судат на скопаки тимови со тим што не е пд Скопје и најверојатно сте во право. Ама н а ноту еден не ви пречи еден газда да има 2 тима во иста лига што го нема никаде во светот
Дечко до пред скоро постоеше вардар јуниор, постоеше и втора екипа на металург, како тогаш не сметаа. Втора работа, дали според тебе има сомнителни резултати, дали е злоупотребен развојниот клуб??? Не, нити па имало намера на полусезона да го појачат клубот играчки па на другите екипи да им прават проблем. Едноставно кој има потенцијал од школата, некој млад странски надежен играч, па нека се покажи преку двојката за прекоманда во прв тим. И не си во право дека нема никаде на светот ваков случај, топла вода не сме измислиле ние.
На СИТЕ ТРЕБА ДА НИ ПРЕЧИ шо претседателот има свој клуб со високи амбиции, то е судир на интереси кој треба да биди со закон забранет. Никогаш нема да бидат шансите против таков клуб 50:50. Исто беше и во времето на михајло...
Вчера судите беа за во затвор, на крајот, без објаснување 2 мин за хосни, и свирено пробивање исто од хосни без никаква логика. Со фер судење вчера 5/6 ќе беше резултатот за нас. Неверојатно многу судите влијаеа врз резултатот.
 
Да бидеме реални. Не треба никој клуб да има две екипи во Супер Лигата, ни Вардар, ни Пелистер, ни никој, и не треба претседателот на РФМ да си има свој клуб. Ако сака да води клуб, нека си даде отказ од позицијата. Ама не функционираат работите така кај нас. Ај, сега Алкалоид игра со млади играчи, ама Киро што вика, ако се носат странци, ќе се носат квалитетни странци. Следната сезона или таа по неа, ќе им рипнат амбиции, ќе донесат 2-3 играчи од надвор, со пари, судии, РФМ на нивна страна, ќе си наредат да бидат шампиони. Ќе се помочаат на инвестициите другите клубови што ги прават, ќе се обесхрабрат другиве пари да даваат, и само штета ќе се направи на мак ракометот, а не добро ко они што мислат.
 
Многу тешка утакмица, не очекував дека толку ќе се мачиме.
Се случи второто сценарио, шо не го сакав, не се одлепивме и дозволивме да има судиско сценарио.
БУГАРСКИ ВОЗ.....:D
Уствари, прашање е и дали можевме да се одлепиме вчера со вакви судии?
Ме потсети то шо го гледавме вчера на едно друго време.
Ко се мачевме со Младост од Богданци, крај на 90ити, до кај 2002 негде.:anco:
Баш една ваква ДРЖ НЕ ДАЈ утакмица ја тепавме во Богданци, во сезоната 99/00, ко ја зедовме 5тата титула.
Тегнење, мачење, колење, бесење, а во екипа ги имавме Лазаров, Стојановиќ, Мисовски, Дивиот, Марковски, Темелков, Аљушо,.Злате Рамбо, Зарков, Ќани, Кире Поповски итн.
На спротивна страна ги имаш Горбах, Перо Банцалиски:D, Бичковски, Турченко и компанија.
Оди победи да те видам, СИУДАД РЕАЛ, европски гигант на то време мислам дека имаше изгубено во Богданци.:D
Даде Кире Лазаров гол за победа во последен напад, со еден сличен шут ко вчера на Хененберг.
Од средина на зона негде, во дијагонала на втора статива.
Мислам дека 20-19 тепавме, или 21-20.
Па по некое коло, за Велика Сабота беше. 2000 година, тепавме со ПОЖАРНИКАРИТЕ, во директен дуел за титула, 23-18.....:kuracc:

Околу утакмицата вчера.
Мислам дека Киро опасно не изненади вчера со та 5-1 зона.
Салам не поремети.
Не очекуваа нашите ваква тактика.
Скроз ја умртви играта на левиот бек и протокот на топка од лев бек кон гол, кон пикер, кон лево крило.
Се шо дадовме беше по средина, преку пикер, со принудни влезој на Хененберг или преку Хосни, и неколку многу важни гола од втор пикер на Батако и Мирко.

Наше изненадување шо можи не го очекуваше Киро беше Хосни, не очекував дека ќе заигра појќе батето.
Ко го видов Хосни во ростер ми се стемни...:shook:
Изненаден сум од него, позитивно овај пат, да не го плукам на секое.
Машки изигра, даде 6 гола, доста топки даде за пикер, крило, понесе машки товар во одбрана.
Нема збор за вчера, секоја чест.(y)
Многу важни голој даде, појќето од тешки ситуации и мали агли.
Доби и аплауз од битолчаните кои беа вчера во салата...
Доказ дека битолската публика знај да те награди и поздрави ко ќе види дека се залагаш, ама и да те исвирка, ко ќе си играш :kuracc:

Најверојатно Киро се спремаше за Дејвис или Павле, така ми личи мене вчера.
Вака испадна неочекувано добро за нас, шо во случај да го немавме Хосни, ќе немавме шутер на десна страна.
Ќе беше доста заебано, уствари беше заебано, ќе беше бетер заебано.

Како и да е, доста мака ни дадоа вчера.
Арно шо немавме многу технички грешки.
И шо не дозволивме контри и лесни голој во второ, иначе ќе беше катастрофа.

Кисум отсечен тоталка од мечот, ни шут, ни пробив, ништо. Многу се разочарав од него вчера, очекував дека ќе биди носител вчера.
Во одбрана во прво, преку него не отепаа, и во неколку акции преку Кукоски.
Промаја во централна зона.
Единствено шо напрај Кисум вчера е добро е шо ја држеше топката и не дозволи да губиме топки.
Требаше да биди подиректен малце и да напаѓа кон гол, вака ептен безопасен беше по голот.

Имаше проток на топка до пикери, тука успеавме да издржиме и по некоја добра топка за крило на втор пикер.

Според мене пак грешка се напрај околу изборот на играчите.
Требаше да има место за Стевановиќ вчера.
Не знам зошто Суси беше во ростер, а не доби никаква улога?
Освен шо го пуштија незагреан да мава пенали.
Онај вториот пенал, одвај до гол стигна топката, каде бе?

Стевановиќ е бавен, да, ама има други особини тој, робусен, јак на дуел, не паѓа лесно при контакт, можеше да се пушти со централната зона вчера.
Да проба со некој удар од надвор да ги извај од такт.
Вака на средина бевме безопасни, сите шутој ни беа или со влез во 9,или преку пикер.
Фалеа голојте од бековски позиции, имавме многу малку вакви голој, само неколку, од кои тој на крајот беше најважен.

Ако не беше вчера Хененберг ќе ОДЕШЕ ПО ПИЧКА СЕЗОНАТА. Ова е ФАКТ.

Не само вчера, и со Тиквеш во гости ја износи на плеќи цела утакмица.
На чоеко треба споменик да му напрат пред сала ако се освој титулата.
Пола ќе биди негова, без мајтап.
Ко ќе ми текни дека немаше место за него на 26.03.:facepalm:

За желбата и залагањето неам замерки.
Иам замерка во однос на тактиката од клупата.
Требаше да бидат похрабри Ацо и Звонко, во однос на тактиката во одбрана.
Да се проба со 5-1 зона, со некоја поповлечена 3-2-1 зона.
Вчера од авион се гледаше дека Ѓорѓиев му е најопасен во напад.
Во ситуација ко Серафимов беше скроз аут од утакмица, требаше да го изолират Ѓорѓиев.
Или барем да пробат да сменат нешто во одбрана.
Да го одалечат малку од другите бекој, или од играта со пикер.
Вчера сите акции беа или пенал или вишок по крила оти идеше до удвојвање на бекојте и отворање на простор по крила..

А така беше оти судиите ја диктираа играта.
Овие двајца тетовирани мангупи, уште од пред 10 и кусур години не кинат.
Ко игравме дерби утакмици со Тинекс Пролеќе на времето за Челинџ Куп.:)
Кој му да даде на овие ЕХФ значки, страшно нешто.:tapp:
Таман почнавме да се враќаме во второ и да диктираме темпо, почнаа со претставата.
70 % од исклучвањата шо ни ги свирнаа веза немаа од 2 минути.
Имаше неколку дуели надвор од 6 метри, свират пенал за нив.
2 чисти пенали не свирнаа во прво за нас, Пешевски го вчечат на 5 метри, вади 9 метри.
Исто и фаулот над Хосни во прво.
Зеде му ја зема топката на Василев, а не беше даен знак да почни игра, оти не беа вратени 3 метри зад топка.
Свири пробивање на Пешевски на +2 за нас, врска немаше.
Не беше пробивање ниту претпоследниот напад на Хосни, прво на Хосни излегва еден играч, овај вториот од сенка се прикрадва и се втурнува во дуел, зеде пробивање свирна.
Класично штеловање на резултат, во клучни моменти.
Му дава последен напад на 70 секунди до крај.

Чиста среќа шо Ѓорѓиев замина сам да решава.Тука се прекрши се, клучен момент.

Ако одеа на долг напад, гла сечам дека до крај ќе ја држеа топката и ќе му свирнеше некој пенал без врска и ќе не тепаа.
Вака, со малце среќа на крај, добивме последен напад и подолга толеранција да го потрошиме времето.
На крај испадна ко шо треба и заслужено заврши ко шо заврши.

Сега нека се одморат малце.
Да се реорганизираме па да се одработи тој тренинг меч со ДВОЈКАТА, односно да се запни малце појако од старт кај Пролетарците.
Па да имаме време во мир да се спремиме за МАНЧЕСТЕР СИТИ на 7 ми.:uzi::toe:
 
Ајде инвазија Охрид. Ќе биде интересно. Една недела после првенствената утакмица повторно ќе има интересна утакмица.
 
Фала курци , ама не органите на РФМ снимка од утакмицата треба да оди во ЕХФIMG_20230414_171438.jpg
 
Овие на се само на судии не личат, па дури и со ЕХФ значка.....o_O
Треба забрана за судење 2 години и решен проблем .
Инаку онај Киро лепотанот уште изјави дава дека изгубиле на искуство , место да се скрие негде уште филозофира.
Абе треба нашите еден исечок од сите спорни моменти да склопат , да го пуштат во јавност и ќе излезе едно добро видео од 15-ти минути.
 
Има ли инфо кога е ждрепката?Или веќе бидна
Мислам не , ама гледана ми е :angel:
Автоматски споено мислење:

IMG_20230414_200436.jpg

Да му акниме и ние една тужба на РФМ :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
За вчера има муабети не дека рфм и киро со мукаетов ја средиле туку биле платени судиите од михајло свињата па сега ништо чудо да има поголема санкција за тетовираните оти на своја рака си ја договорија а не преку николов и начевски кој треба за се да се прашаат во секој случај нашите за ништо никој не ги прашува и среќа шо тепавме а ќе беше трагедија да имаме пораз на онаа игра во одбрана па Херенберг ги среди !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
За вчера има муабети не дека рфм и киро со мукаетов ја средиле туку биле платени судиите од михајло свињата па сега ништо чудо да има поголема санкција за тетовираните оти на своја рака си ја договорија а не преку николов и начевски кој треба за се да се прашаат во секој случај нашите за ништо никој не ги прашува и среќа шо тепавме а ќе беше трагедија да имаме пораз на онаа игра во одбрана па Херенберг ги среди !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Ќе видиме по ставот на РФМ, и нема шо да чека тука Пелистер да даде приговор , треба РФМ сама да ја прегледа и да ги казни говедата на забрана судење 2 години.
 
За вчера има муабети не дека рфм и киро со мукаетов ја средиле туку биле платени судиите од михајло свињата па сега ништо чудо да има поголема санкција за тетовираните оти на своја рака си ја договорија а не преку николов и начевски кој треба за се да се прашаат во секој случај нашите за ништо никој не ги прашува и среќа шо тепавме а ќе беше трагедија да имаме пораз на онаа игра во одбрана па Херенберг ги среди !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Аман, пак ли е Михо крив? :D

Глупости пишуваш, тие судии ги делегира РФМ, се знае чија е федерацијата. Нормално дека ќе ги санкционираат, мора да се исперат некако, сепак во живо одеше утакмицата.
Пишав и претходно, овие судии беа судии на Металург на времето. Гз и гаќи е едниот од нив со Жика, го шета на секое првенство во публика.
 
До кај се само стигнати вештачките од алкалоид. На сите спортски портали во натписите за алкалоид-ПЕЛИСТЕР ангажираат ботови со женски профили да пишат коментари од типот то кире, браво за дечките и да ја фалат играта на алкалоид. Ова е врв на егоизмот во македонскиот ракомет. Иако лично сметам дека овај проект ќе заврши многу порано од сите очекувања нема да потера многу ќе пукни тиквата меѓу Кире и Жиката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom