Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
1961 имаат три играчи ама ако гледаме така алкалоид нема ниту еден па до последно не мачи за тоа не треба само подршка туку и судии како шо треба по можност од странство да ја поминиме сезоната и после да го бараме за тренер онај од нексе Бранко Тамше си велам тој можиме да си го дозволиме и уште не можам да се начудам кај Фуксе Берлин клаено дете Јарон Сиверт само со ум и смиреност и се разбира барем еден мотор во екипата како Гидцел
Кај нас мора да се расчисти со ѓуптинот или ќе игра или го седнуваш на трибина од таму е лошата атмосвера а не од публиката ,вчера се вика тајмаут тамунсе караат ѓупците а теренот смирува на шо личи тоа после ние не сме чинеле а данецот и да е добар не можи на ваков интернационален состав да му го најди чарето дури се разберат се преведи заврши утакмицата а Божо си го лади се шета по Европа муабето ми е ако не решиме со судии и со ѓупакот џабе ќе се нервираме па само ќе носиме играчи а тренерот приказна за себе ги немаме видено играчите колку и како можат од шо се ротира без врска едино василев се гледа дека можи напред и назад а другите попара влези излези самонпосинкот го турка а сите гледаме дека треба да му се дај шанса на близнаците но рака на срце има напредок од тоа со војводина до вчера со Берлин барем во одбрана ако се вратиме на време за нападот и глупоста без голман па лесни голој да примаме со алкалоид и Берлин нека кажат стручњаците и за крај мислам да не пишиме и да пишиме се е џабе доста е @Tomasino да пиши на секое да не се мачиме ние другите [emoji6]

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Сега е најважно да се спремат добро за Мотор во вторник.
Оваа утакмица не смеј да се изгуби ни под разно.
Не смеат ни да помислат на нешто друго освен на победа.
Ако тепа Архус во Шпанија, а зошто да не е така, ако играт без калкулации.
Во тој случај со победа против Мотор ќе бидиме на трето место на крај.
Шо ќе биди успех.
И можност за полесен противник во 1/8 финале.
Само ќе треба сега сериозно да си ја сфатат работата.
Зошто сметано од утакмицата со Нексе лани, во 1/8 финале, ние неаме победа на домашен терен на важен меч.
Ако се земи мечот со Вардар лани за титула, то се 6 важни утакмици без победа на домашен терен.
То загрижва.
Пелистер отсекогаш важел за домашна екипа, шо игра со 200 % од силите на домашен терен, дури и со далеку појаки екипи, сега се претвораме во нестабилна екипа, секој да ни продава сила во нашата сала, шо не е добро.
Имаме 2 порази ( од Нексе и Архус ) од екипи посилни од нас ( Нексе лани ) и Архус сезонава.
Иако со малку подобра тактика и психичка подготовка можевме да ги добиеме овие 2 меча.
Требаше да изиграме подобро со Бидасоа, не само дома, туку и на гости.
Не сме послаби од нив за така да не тепат во Шпанија.
Со Агуас Сантас влеговме несериозно, на крај на ќоро ископавме бод.
Со Фуксе веќе нема шо да се дискутира, класи се во прашање.
Со Вардар 1961., на двата меча во Битола лани, се е кажано. :busi:
Добро е шо успеавме да врзиме 2 победи во гости со Мотор и Агуас, иначе ќе беше поразителна сезоната.
А. реално групата беше топ, за лагано да си освојме трето место и да не се замараме за конечен пласман и да си го чекаме противникот во 1/8 финале.
Сега, нека изиграт сабота со ДВОЈКАТА, без повреди, без форсирање на главните играчи, па да се спремат за Мотор.
Па после ќе биди полесно, ќе нема утакмици вторник- викенд и ќе можиме да се посветиме само на плеј офот.
 
На крај можеби и подобро ќе е да се 4, нормално доколку Нексе добие во Лисабон, и во таа група стана неизвесно. Мислам дека подобро би било да се вкрсти со Некае отколку со Спортинг за 1/8 финале.
 
Шо прајме ние филмој и управата ја префрла кривицата кај публиката дека не оделе и се пишело па критикувале се рушела атмосверата а никој не збора дека тренерот нема збор во играта хосни шутка кога сака и како сака се кара со русниот мислам беше на тајмаут во игра си карале мајките костовски и атанасиевиќ а посинкот тановски мора да игра и после ние сме криви или јовиќ ако ги тепа во Сабота цела атмосвера е нарушена во тимот и таму треба да си ја бараат вината !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Реално е за очекување е да се карат играчите во порази баш то е реакција подобра отколку рамнодушност спрема пораз. Со неколку победи сега што следат во низа ќе се подигне атмосферата. За дербито ќе бидат топ на крај сите заедно ќе се радуваме.
 
На крај можеби и подобро ќе е да се 4, нормално доколку Нексе добие во Лисабон, и во таа група стана неизвесно. Мислам дека подобро би било да се вкрсти со Некае отколку со Спортинг за 1/8 финале.
И јас го делам истото мислење со тебе и сметам дека во 1/8 финале е подобро да се вкрсти со Нексе одколку со Спортинг.
Во секој случај ќе мора да се победи Мотор а нема да биди воопшто лесно.

-----------------------------------------------------------

Кога се натпреварите од Сеха?
Тука глеам добра можност за воигрување на новите играчи.

Од она малце шо можевме да го видиме во последните два натпревари, Ларс има три постави на бекој шо можи да ги изротира на 15-20тина мин. во текот на мечот без да имаме пад во играта.

1. Суси - Дејвис - Хосни
2. Хенеберг - Кисум - Радович
3. Стеванович - Танкоски - Павле/Хосни

Има ротација за мерак, само треба правилно да ги изротира и да немаме осцилации во играта како во есенскиот дел.
Да имавме уште еден десен бек салам за да не импровизираме со Павле и Радович, ќе беше екипата за мерак ама и вака е сосема добро пополнета секоја позиција.
 
Математики се во прашање, има многу калкулации :)
На крај и во игра сме за 3 место во групата, а можи многу лесно да сме и 5ти, да не бидиме многу сигурни во победа над Мотор :D иако е must win утакмицата, ама не чека тешка утакмица и тие ќе сакаат победа за да бркаат 4 место во групата.
1. За 3то место ни треба, победа на Пелистер и победа на Архус во гости кај Бидасоа Ирун шо реално е за очекување, далеку поквалитетни се данците, амааа, ама од друга страна, какви се киксој поминаа до сега, ова не ме чуди ни да тепа Бидасоа или во најмала рака и нерешено како шо му одговара па да се тие 3, па така ние и со победа и во најмала рака нерешено сме 4 место.
2. Од кај сте сигурни дека Нексе ќе е 1 место во другата група ? :D Или дека ќе извади поволен резултат во Лисабон ? Мислам претешко е, апсолутен фаворит е Спортинг тука и мислам ќе игра на победа за тоа 1 место во групата, па да чека 4то пласирана екипа од нашата група, поквалитетен тим се Спортинг од Нексе.
3. И на Нексе не му е сигурно 2 место во таа група Ц, во случај пораз на Нексе во гостувањето кај Спортинг, и победа на Гранољерс кај Аплпа Хард, тогаш Гранољерс и Некси би имале ист број на бодови по 14, меѓусебните гол разлика му се 0, па така се гледа на тие два дуели гол повеќе во гости, а тука Гранољерс даде 36 во Нексе и ќе биди пред нив.

И на крај премали се шансите да вкрстиме со Нексе, освен ако извадат бод или победат во Португалија, а ние победиме или нерешено со Мотор :D
Едно е најсигурно дека со нив на 14ти играме во СЕХА, другото ќе видиме....

Од трите можни противници со кои можи да падниме: Нексе, Спортинг, Гранољерс, најмногу ни одговара Нексе, плус со сите сме првата дома мислам, па со добра разлика во Битола, можи да се надеваме на нешто, иако е претешко, со Спортинг и Гранољерс нема шо да бараме, порази се во двомечите.

Сума сумарум за нас најповолна ситуација е, must win на Пелистер, Нексе непоразен во гости кај Спортинг и Бидасоа не поразени дома од Архус, така Нексе 1 во Ц, ние 4 во Д.
Нексе пораз од Спортинг, и Гранољерс да не победи во Австрија кај Алпла, а ние да победиме со Мотор. Така Нексе 2 во Ц, Пелистер 3 во Д група.
Победа на Спортинг, победа на Пелистер, победа на Гранољерс, победа на Архус (реално сите 4 треба да се фаворити) ни ги дава Гранољерс во 1/8 финале.
Победа на Спортинг, бод или победа на Бидасоа, тогаш Спортинг 1, Пелистер 4 и играме со нив.

Има многу комбинаторики ме мрзи да ги пишам, ама на крај мислам дека ќе падниме со Шпанците и свеста ќе ни ја земат.
Чекаме и доста резултати од други да ни се поклопат коцките, од нашата најпрво, па уште од три други Спортинг-Нексе, Бидасоа - Архис, Аплпа - Гранољерс.

Во ваква ситуација не знам колку е и попаметно да се оди понатаму во 1/8 финале, барем мое мислење, со сите можни 3 екипи сме аутсајдери, некакви шанси можи да имаме само со Нексе, со другите две ќе е тешка екскурзија и тренинг за противникот, а двомечот иди баш мислам пред утакмицата со Вардар !
Така да, ова е мое мислење, не мора одма реплики, би рескирал испаѓање во група и цела посвета,тренинг и мотивација на 26ти за утакмицата со Вардар, ваќа џабе малтретирања и ризик од можна повреда на играчи пред НАЈБИТНИОТ меч за нас во годината, зато пушти ги нека војуват Мотор.
За мене MUST WIN е победа во Скопје и многу подрагоцена и побитна победа за разлика од поминвање на група и лесно испаѓање од Гранољерс....(пак ќе речам мислење е ова, не треба согласност и критики :smirce:)
 
Во 2ката донесоа пикерче или ќе кубурат со Самоил и Иван Димитровски
 
Во 2ката донесоа пикерче или ќе кубурат со Самоил и Иван Димитровски
Ко шо сум збучен од празниците можам да покријам јас еден правец (само одбрана) пари не барам :D
 
Нека игра то дете Самоил, машина е во одбрана
Сето то е во ред и јас то го поштовам но на 16 години по 50 мин играње не е мн здраво, детето сеуште нема врзано здрава коска недај боже да има некаква повреда.
Ако по некоја основа Кузмановски, Талевски па и Атанасијевиќи ги квалификуваме ко просечни таленти, Самоил е за ниво повисоко кој на овие години игра толку зрела одбрана. Можам со сигурност да кажам дека не седи тука долго и е скаутиран. Голема предност е како шо разбрав (ако ме лажеле и јас ве лажам) има швајцарко државјанство вратени биле пред 5 години назад и нема да му биде проблем за во Германија оти веќе го знае јазикот.
Незнам по колку години во репрезентација ќе има за скоро пикери кој во потполна смисла ќе изгледаат на пикер. После Ѓоргоноски сме немале кој би дале игра во два правци.
 
Сето то е во ред и јас то го поштовам но на 16 години по 50 мин играње не е мн здраво, детето сеуште нема врзано здрава коска недај боже да има некаква повреда.
Ако по некоја основа Кузмановски, Талевски па и Атанасијевиќи ги квалификуваме ко просечни таленти, Самоил е за ниво повисоко кој на овие години игра толку зрела одбрана. Можам со сигурност да кажам дека не седи тука долго и е скаутиран. Голема предност е како шо разбрав (ако ме лажеле и јас ве лажам) има швајцарко државјанство вратени биле пред 5 години назад и нема да му биде проблем за во Германија оти веќе го знае јазикот.
Незнам по колку години во репрезентација ќе има за скоро пикери кој во потполна смисла ќе изгледаат на пикер. После Ѓоргоноски сме немале кој би дале игра во два правци.
Самоил + Карасманакис :uzi::uzi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom