Цела година се критикува, овај ваков овај таков, овај појма нема вака ќе напрајме така ќе напрајме, дрва сме,вакви сме,такви сме, со исклучок на некој кој постојано се надева и дава подршка! Тимот е тој, играчите се тие, лигата е таја, тренерот е тој.Имавме доста тешка и заебана сезона во однос на играчите со многу повреди. Да, се згреши, знајме дека се згреши негде,знајме дека не одеше дека немаше игра итн итн.. ама нема назад! Значи то е факт! Колку и да плукаме по управата и по играчите џабе ни е.. управата донесе еден куп играчи за да ја смени играта, значи реагира се труди, пробва, ај да не мрда ајде де ама се труди! За играчите се изнајадовме лајна и на крајот за џабе, дејвис крена во форма, суси се враќа, костески е машина, каспер е прејак, итн..не велам да нема критика ама ја претерваме се преценваме во секој поглед. Не објавуват на страните, слаби сме, сме се радвале како барса да сме ја тепале, дрва сме биле само не вреѓат и се ситат!
Па како да не се ситат ко и самите се вреѓаме?! Се плукаме?! Сега сме во ситуација каде што треба подршка а не плукање и притисок врз екипата! Ако не ние тогаш кој?! Ако не ги бодриме ние тогаш кој? Ништо неможи да се смени сега ако се критикува и се плука, баш напротив се дава подршка ГОЛЕМА ПОДРШКА! Во однос на хосни јас бев тој што напиша дека забушава на тренинзи и дека ја прај ѓупската, ама гледаме дека со инает не бива. Јас мислам да му се дај подршка и него да се крени и да ја смириме ситуацијата ако можи арно, ако не нека се повлечи..мора да се напрај хемија во тимот! Па нели сме ракометен град? Нели се сака ПЕЛИСТЕР и кога губи и кога победва? Ајде да докажиме дека сме таков град! Играта се подобрува, имаме играчи, имаме добар тим и шо е најбитно имаме ракомет во градот, имаме спорт треба да се цени!
Кој ме сфати ме сфати.. кој не, нека си продолжи со плукањето и ширење негативна енергија.. во која само штети и нема никаква корист!
ПОДРШКА ЗА УПРАВАТА,ПОДРШКА ЗА ТРЕНЕРОТ,ПОДРШКА ЗА ПЕЛИСТЕР, ПОДРШКА ЗА СПОРТОТ ВО БИТОЛА!
САМО ПЕЛИСТЕР САМО БИТОЛА!