Нема шо да се додај за утакмицата, од она шо веќе беше кажано на форум или напишано по медиуми.
Победа чиста ко солза.
Вардар ги потцени и ја плати таксата.
Децата играт со срце, гризат за ракомет,
Ко ќе влезиш во утакмицата без страв,респект или потценување  кон противникот полесно се игра.
Сум ги гледал и следел  континуирано сите екипи на Пелистер, во сезоните од 95та па наваму.
Овие деца најпојќе потсеќат на екипата од 2001/02, со Маковеј.
Спој на младост и искуство, брза игра, страшно спремни на кондиција.
Се игра на победа на секој меч, без калкулации.
Некогаш ќе немат ден, како со Тиквеш дома, или со Струга на гости.
Ама пристапот кон играта е ист, нема промени.
То е заслуга на Јовиќ, секоја чест за чоекот.
Зато добиват пофалби од јавноста во Битола.
Тука отсекогаш се ценеле инаетот, желбата за победа. мотивот да се докажиш пред публиката.
Плус, кај децата поттикот од публиката нема негативен ефект како со звездите од првата екипа.
Кај првата екипа, ко ќе видат публика в сала како со хендикеп да почнуват да играт.
Рацете сечени в крај, то е недостаток на самодоверба, некоординација со тактиката на стручниот штаб и слично.
Од тие причини за првата екипа има појќе критики отколку пофалби низ градот.
За да се смени нешто, кон подобро,  ќе треба да се смени драстично пристапот кон играта, да се работи далеку појќе.
Како и да се промени селектирањето на играчите.
Наместо да се фрлат пари за скапи странци или скапи домашни игачи, треба да му се дај шанса на децата.
Ете го Кузманоски на лево крило, пушти го нека си ја проба среќата.
И на среден, како сосема друга опција од Периќ, пушти го Атанасијевиќ, покажа дека вреди детето.
Имат добра шанса да напрат нешто во домашната лига.
А и во Европа,  барем за 4то место.
Но, ќе треба неколку измени во екипата, посебно на лево крило и десен бек.
П.С.
Се во ред околу спортскиот дел.
Напредва клубот, од година во година, то е факт.
Но и мене во овај момент далеку појќе ме загрижва ОСТАНУВАЊЕТО ВО СИЛА НА ТОЈ ДОГОВОР ЗА Т.Н. ПЛАТФОРМА.
Дури не се дефинира ова, шо понатаму и до кога се можи да заврши за многу брзо време.
Не ме бендисва то шо е на определен рок овај договор.
То остава простор за многу проблеми шо би можеле да настанат.