Тврда утакмица, меч со многу грешки, но победата е заслужена и чиста како солза и +4 имавме во еден период, срамота ќе беше пак да се губат вакви утакмици, мора да се научат тие лекции, солидно водство да се задржи, при крај на мечот да не се како пијани кокошки и да ни прават пресврти, да се игра ракомет 60 минути, да не паѓа топката, шо викаше чика Лино мора да ја гледате како злато !

Пред некој ден со Загреб во СЕХА пред мечот, мислев сигурно ќе изгубиме, ама какви 30 минути му изигравме таму, па второто така лесно се да пропадни во вода, пуштија курбан се, требаше да си клат сите прст на главата, дали заслужија пораз после такви 30-35 минути игра !!! Како друг тим да излезе второто...
Треба да победат и утре, па после за следната со ГОГ да бидат уште мотивирани и да се реваншираат за тој несреќен пораз во Данска.
Играч на мечот според мене Томислав Кушан


Какво играчиште е овој, па нема маж шо можи да го задржи во одбрана, чудовиште, секоја чест за дечкото, нека му дава пасош федерацијата и нека игра за Македонија, на к*р ќе ги качи сите наши пикери и пак голови ќе дава, многу опасен играч !
Кукоски

Мики од секогаш бил тепач, сите стартови му се на работ на 2 минути, има судии кои одма го санкционираат, некои му прогледуваат низ прсти, ама е роден за дефанзивец, топка врви, чоек не врви

Заедно со Вегар ни се одличен тандем во одбрана Кукоски - Вегар



Мандалиниќ влечи повреда, затоа има и слаба минутажа, да е фит, не верувам дека толку долго ќе го држи на клупа Бабиќ, затоа шанса сега добива Кукуловски, кој оваа шанса ја користи максимално !
Браво за дечкото, добар напредок има, искина и со Загреб таму, најдобар ни беше, еве и сега солиден, добри вкрстувања прави со Периќ, асистенции, топ играч. Кога дојде од Вардар искрено мислев дека го планираат за втората екипа и нема шо да бара во овој тим, ама со добра работа, можи да излези нешто од детето, можи нема да е некој играч класа сега како бек ап за Мандалиниќ, ама
@Prezimeto добро пиша за него, му фали само тренинзи со скок шут и со висина не е лош, само да го подобри тој дел од играта скок шут, да го врзат со такви тренинзи еден месец, ќе има топ да го напрат....
Мараш е уште дете, сега направи 20 години, висина има и повеќе од идеална за лев бек, за удар да не зборам, само исто треба многу работа со него, има надеж во овие деца, само му фалат утакмици, сеа заеба работа и короната па беше се закочено, со поконстантна минутажа од натпревар во натпревар е се подобар и подобар Мараш, за разлика од Велковски кој трча со глата надолу е разлика како ден и ноќ.
Само во вакви егал утакмици, со противник од твојот ранг, треба искуство, Стјепановиќ требаше да го користи повеќе, полека полека да се врати Стјепановиќ на старата форма, ќе биди топ, ама денес не беше воопшто лош Матео, четири гола плус 2-3 пробивања токму над него, солиден меч !
Периќ ме разочара мене, не можи вака топло ладно да игра, ептен непредвидлив играч, на една утакмица лупа 7 гола, на друга се мачи да пробие одбрана, пенал љуфна, 3-4 топки фрли безвеза во аут, на 2-3 пати неуспешни додавања до пикер, му треба малку психијатар на дечкото да го размрда во мозочето

Точно сега дека не е Циндриќ и да очекуваш да напрај бум, ама кога треба најповеќе, тој тогаш го нема нигде.
Хендави е класа, кога имаш голман е одма подруго, 70% е голманот во екипата, фалат уште неколку корекции на тимот, да биди уште подобар, фали Маџовски на лево крило, Ојлески е тапа таму, Ојлевски, Граџан и Џукиќ, кажав неколку пати до сеа се вишок во оваа екипа и не му е местото тука, следен трансфер во Бутел или Тинекс Пролет, на тие позиции мора да се бараат играчи, на десно крило можи и не треба Радовиќ и Костески се ок, лево крило, лев бек, пикер, па потаму уште еден голман, да си биди се како шо треба.