Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање, дали Кукуловски за време на светското беше повреден?
Spored toa sto go vidov deneska od nego ne deluvase loso, mnogu podobri dvizenja ima od televo, nema da e loso da se ufrli vo repkata, nema sansi da bide takva katastrofa kako Taleski.
Druga rabota, Kukoski e najdobar makedonski defanzivec vo momentot a i toj ne bese povikan vo repkata...
 
Има некој повеќе информација за Мандалиниќ шо е работата (повреда на ребрата) денес очигледно дека под инекции има играно се гледаше по гримасите дека не е како шо треба.
Мараш си растура стандард малио, солидна партија и од Кукуловски, барем овие двајцата се со мн подобра форма во последниве утакмици, другите имаат надолна форма. Хендави дефинитивно ќе не крени скалило погоре и ќе донесе стабилност. Не сум задоволен денес од играта но се гледа дека ќе има напредок.
Мислам дека Жељко ја пронајде правиот бековски тандем за константност во играта но треба малку време тоа да се склопи.
Брза бековска линија Периќ, Кукуловски и Мараш има хемија во овај тандем,
Втората бековска линија Мандалиниќ, Танковски и Велковски(Стјепановиќ).
Мислам со ваква постава ќе дојде до израз баланс прва бековска линија со втора да нема големи падови.
 
Spored toa sto go vidov deneska od nego ne deluvase loso, mnogu podobri dvizenja ima od televo, nema da e loso da se ufrli vo repkata, nema sansi da bide takva katastrofa kako Taleski.
Druga rabota, Kukoski e najdobar makedonski defanzivec vo momentot a i toj ne bese povikan vo repkata...
Не само денес, на подготовките беше исто добар, и со Загреб претходната изигра доста солидно, од ваков Талески јас тврдам дека е подобар моментално сигурно.
Побрз, појќе скок, дели асистенци, побрз проток на топка, знет да пробијат на 6 итн..
А за Мишевски во напад моментално е Хансен и Лацковиќ во едно реално, за мене разочарување е Танкоски, доста споро напредува и игра многу мала улога во Пелистер..можда најдобро ќе беше да си остани во Металург уште некоја сезона..а иначе да Кукоски се слагам, во дефанзива е топ а исто е и во форма, од дефанзивците кој ги имаме на располагајне моментално е најдобра опција, игра квалитетни утакмици со добри противници, се надевам дека ќе е повикан во репрезентација на следни собири, а и не е воопшто стар, има 32 години, најдобри години за дефанзивец. Нејсе, проштавајте ако ви забегав од темава..
 
Бабич требаше од вториот тим да го префрли во прв тим Цветан Кузмановски. Во напад е 5 пати подобар од ојлевски. Млад е таман ќе добиеше искуство. И да се сложувам, танковски е мачно да се гледа како игра. Јован Талевски од вториот тим ми се чини е во подобра форма од него.
 
Едно прашање, дали Кукуловски за време на светското беше повреден?
Не беше повреден. Мислам дека на почетокот од сезоната имаше некоја повреда на рамото, после знам дека тренираше а и го видов на некој натпревар од ЕЛ против Рнл ако добро се сеќавам.
Не ќе имаше место за некој миленици на брестовац ако ги земеше Кукуловски и Кукоски.
 
Бабич требаше од вториот тим да го префрли во прв тим Цветан Кузмановски. Во напад е 5 пати подобар од ојлевски. Млад е таман ќе добиеше искуство. И да се сложувам, танковски е мачно да се гледа како игра. Јован Талевски од вториот тим ми се чини е во подобра форма од него.
Se slozuvam, Cvetan Kuzmanoski odigra dobro na SP.
 
Тврда утакмица, меч со многу грешки, но победата е заслужена и чиста како солза и +4 имавме во еден период, срамота ќе беше пак да се губат вакви утакмици, мора да се научат тие лекции, солидно водство да се задржи, при крај на мечот да не се како пијани кокошки и да ни прават пресврти, да се игра ракомет 60 минути, да не паѓа топката, шо викаше чика Лино мора да ја гледате како злато ! :D
Пред некој ден со Загреб во СЕХА пред мечот, мислев сигурно ќе изгубиме, ама какви 30 минути му изигравме таму, па второто така лесно се да пропадни во вода, пуштија курбан се, требаше да си клат сите прст на главата, дали заслужија пораз после такви 30-35 минути игра !!! Како друг тим да излезе второто...
Треба да победат и утре, па после за следната со ГОГ да бидат уште мотивирани и да се реваншираат за тој несреќен пораз во Данска.
Играч на мечот според мене Томислав Кушан :cuc::cuc:
Какво играчиште е овој, па нема маж шо можи да го задржи во одбрана, чудовиште, секоја чест за дечкото, нека му дава пасош федерацијата и нека игра за Македонија, на к*р ќе ги качи сите наши пикери и пак голови ќе дава, многу опасен играч !
Кукоски :sakasuste: Мики од секогаш бил тепач, сите стартови му се на работ на 2 минути, има судии кои одма го санкционираат, некои му прогледуваат низ прсти, ама е роден за дефанзивец, топка врви, чоек не врви :D Заедно со Вегар ни се одличен тандем во одбрана Кукоски - Вегар :uzi::uzi::pistoldz:
Мандалиниќ влечи повреда, затоа има и слаба минутажа, да е фит, не верувам дека толку долго ќе го држи на клупа Бабиќ, затоа шанса сега добива Кукуловски, кој оваа шанса ја користи максимално !
Браво за дечкото, добар напредок има, искина и со Загреб таму, најдобар ни беше, еве и сега солиден, добри вкрстувања прави со Периќ, асистенции, топ играч. Кога дојде од Вардар искрено мислев дека го планираат за втората екипа и нема шо да бара во овој тим, ама со добра работа, можи да излези нешто од детето, можи нема да е некој играч класа сега како бек ап за Мандалиниќ, ама @Prezimeto добро пиша за него, му фали само тренинзи со скок шут и со висина не е лош, само да го подобри тој дел од играта скок шут, да го врзат со такви тренинзи еден месец, ќе има топ да го напрат....
Мараш е уште дете, сега направи 20 години, висина има и повеќе од идеална за лев бек, за удар да не зборам, само исто треба многу работа со него, има надеж во овие деца, само му фалат утакмици, сеа заеба работа и короната па беше се закочено, со поконстантна минутажа од натпревар во натпревар е се подобар и подобар Мараш, за разлика од Велковски кој трча со глата надолу е разлика како ден и ноќ.
Само во вакви егал утакмици, со противник од твојот ранг, треба искуство, Стјепановиќ требаше да го користи повеќе, полека полека да се врати Стјепановиќ на старата форма, ќе биди топ, ама денес не беше воопшто лош Матео, четири гола плус 2-3 пробивања токму над него, солиден меч !
Периќ ме разочара мене, не можи вака топло ладно да игра, ептен непредвидлив играч, на една утакмица лупа 7 гола, на друга се мачи да пробие одбрана, пенал љуфна, 3-4 топки фрли безвеза во аут, на 2-3 пати неуспешни додавања до пикер, му треба малку психијатар на дечкото да го размрда во мозочето :D Точно сега дека не е Циндриќ и да очекуваш да напрај бум, ама кога треба најповеќе, тој тогаш го нема нигде.
Хендави е класа, кога имаш голман е одма подруго, 70% е голманот во екипата, фалат уште неколку корекции на тимот, да биди уште подобар, фали Маџовски на лево крило, Ојлески е тапа таму, Ојлевски, Граџан и Џукиќ, кажав неколку пати до сеа се вишок во оваа екипа и не му е местото тука, следен трансфер во Бутел или Тинекс Пролет, на тие позиции мора да се бараат играчи, на десно крило можи и не треба Радовиќ и Костески се ок, лево крило, лев бек, пикер, па потаму уште еден голман, да си биди се како шо треба.
 
Ај вгодина на прво место, алав да му е ги оќорија од пари [emoji16]
4c1b5fbefbd411ec88922a45f2b942a0.jpg

На толкави буџети треба и мора да размислуваат за нова сала
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Одбраната топ.Кукоски звер, Хендави, за почеток одличен, фати се шо требаше, во клучни моменти.
Ќе биди уште подобар како ќе одминува сезоната
Тешка игра во напад, иако успеваме да напрајме шанси за гол.
Но, реализацијата не е сјајна.
Иако повеќето промашени удари беа од тешки ситуации, под закана за одземање на топката.
Ама, не смеј да се дозволи да се промашват такви зицери како на Ојлески.
Разбирам, еден, два удари да промашиш, ама толку чисти топки, од огромен агол да ги промашиш.
Од авион се гледаше дека голманот Барточ го чита ко селски буквар.
Живи му ги фаќаше топките.
На 2 метра голман ти да му шутираш високи топки, во зона на распон на раце не е најсјајна идеја.
Мора лево крило да се купи некое екстра, како шо беше Милан Поповиќ.
Такво крило му треба на Пелистер, не да се заебаваме онде, по 5 чисти зицери да се промашват.
Или да се игра со Граџан на лево крило, уште полоша идеја.
Ојле ќе погоди од мртов агол, некој екстра тежок удар ќе извај, ќе промаши од чиста контра.
И Граџан е паднат доста во форма, се гледа дека доста влијаеше кај него то шо немаше минутажа оваа сезона.
Но сепак, неспорно е дека има квалитет за втор пикер во екипата.
Само да не се работи за потешка повреда на Кушан, ако е така ќе биди многу лошо.
Пола екипа е грамадата.
Она шо најпојќе ме радва овие 3 утакмици е шо му се даде конечно шанса на Мараш и Кукуловски.
Посебно Кукуловски, ако веќе не земат нов бек, добро е да игра детево.
Има потези, добра конституција за лев бек, брз е на прв чекор, непредвидлив, има преглед на игра, знај да види кај е пикерот, крилата.
А, и добар шут има,
Со добра работа со детето, на техника и промена на правец при пробивање на зона, скок шут,и ако му се дај добра минутажа во наредните утакмици ќе биди од огромна помош за Стипе.
Има иднина детето.
Замената за Периќ е сега најголем проблем, клучна позиција во напад е средниот бек.
За да дај топка до Стипе или до пикерите.
Прај доста грешки Периќ, некогаш пребрзо носи одлуки, посебно со тие луцидни додавања, ама знај и да пушти пас шо никој не го очекува.
Интелегентен играч, нема збор.
Но, му треба замена, не можи 60 минути да игра, зато и се случват тие грешки, од преголем умор.
Треба да се види со Танкоски на наредните утакмици во СЕХА и Супер Лига, дали ќе се вклопи дечкото во системот.
 
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25-25 (8-15)

Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)

Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, И. Димитровски 1, Петровиќ 5, Петровски 2, Арсеновски 2, С. Талевски 7, Ј. Талевски 2, Дрогришки 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Пет. Атанасијевич, Митревски, Блажевски 1, Белистојановски 1
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути

Тиквеш:
Стојановски, Велков, Димитров, Петров, Коловски, Симиќ 6, Смиљаниќ 5, Гошевски 4, Коцев 4, Медиќ 1, Окардов 2, Јанчев 2, Лазов 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom