Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
@Шоути
Како новинар и навивач на Пелистер, би требало кога одиш на тренинг или после натпревар да земаш изјави, да го прашаш претседателот на клубот или некој од управата неколку прашања. Излезете од та шема на коректност и поставете му неколку конкретни и критички прашања на одговорните луѓе на клубот. Доста само со статистики за натпреварите. Навивачите ги интересират конкретни одговори на конкретни прашања, кои очигледно Зоки и другите спорстки платеници во градот не ги поставуваат со години.

На пример :

1. Дали Пелистер планира промена во играчкиот кадар пред мечот со Вогошча во Челинџ Куп и дали дополнително ќе се засили за пролетниот дел од првенството ?
2. Дали има интерес или воопшто контакт со некој бизнисмен за евентуално купување на дел од акциите на РК Пелистер од Општина Битола, по принципот на продажба на ФК Пелистер ?
3. До каде се најавуваните корекции и реновирање на спортската сала Младост и дали уште се на линија со СЦ Јане Сандански како шо изјавија летово:cool: ?
4. Дали во случај да не се изнајди спонзор или сопственик за РК Пелистер, општината ќе го зголеми буџетот на клубот за наредната година ?
5. Дали е вистина дека парите наменети за ФК Пелистер, со новиот буџет ќе се пренаменат за потребите на РК Пелистер пошо ЗК Пелагонија и Пелистерка го превземат целосно финансирањето на фудбалот ?
6. Дали ќе има промена во управниот одбор доколку и ова сезона не се реализират зацртаните цели ?
7. Кој чекори се превземени во младинските школи на клубот за кој секојдневно изјавуват дека ќе ги подобреле и ќе бидат темел на клубот ?

Значи има еден мал милион на прашања нејасни и неодговорени... Ова е само еден мал дел од нив како пример шо можите да му ги поставите во едно интервју со некој од одговорните лица во клубот.

Засега имате супер покриеност на спорстките клубој во градот, прегледи од секој викенд како телевизија и то е за поздрав, ама немојте да бидите во ист кош како оние платениците од ТЕРА и Орбис.


:oleee:
Многу прашања има за поставување ама никој ги нема поставено то е маката.
Не е можно толку да сме назад и да немаме појма шо се дешава со клубот воопшто или шо се дешава преку неделата :несвест:
Ете на пример никој немаме појма како е работата со повредата на Колев ни па има од кај да дознајме едниствено ќе дознајме в петок на преносот ко ќе видиме дали се загрева или не :)

А и тој Мишевски бе па се отепа пишење за Работник,Вардар,и некој слични такви а преку сила една објава ќе извај за РК Пелистер со преку сила 2 реченици и една слика сликана од турнирот во Прилеп :tapp:
 
Za salata stadionot i za kupvanjeto na rk Pelister ke se znaj posle izbori ustvari treba da mu se dadat pod koncesija na zik i ostanatite isto v godina da go kupat i rk Pelister druga rabota mozno e cile da si napraj sala vo kasarnata no rekov i ke povtoram se zavisi od partijata
P. S. Ne znaev deka kusiot bil novinarot pa samo da mu cestitam za dosega srabotenoto i samo da prodolzat taka so srdzan ;)

Sent from my 6039Y using Tapatalk
 
И јас слушнав дека Циле бара место за сала за Работник да напрај.
Мора во скоро време да се крени Пелистер оти решен е Циле да го турка Пелистер мора значи некако да дојдат подобри времиња оти вака ништо не прајме... :(
 
За Петок е најавен ракометот и од МТВ, незнам од кај излезе таа информација сега за Недела, ама има два профили на РК Пелистер, од официјалниот имаа кажано исто дека е Петок, е сега од овај другиот профил Недела :pos: Овие изгледа од другиот профил се КОНТРА-ПРОТЕСТАНТИ :pos::pos::pos:
 
На официјалниот кажаја дека е недела,на тој другиот петок.
Изгледа напраја рокада од МРТ оти Вардар ебачиците играт петок.
 
http://macedoniahandball.com.mk/event/7557/
Недела е дефинитивно.
Уште ова утакмица ако ја изгубат и нека не не замарат појќе,по 7 кола да имаш веќе 3 киксој на толку фрлени пари јасно е колку е сато,
Ги гледав Борец со Вардар Џуниор ,освен Илиев кој игра 60 минути и пикеро Павловски ништо немат,мора да се спомни и Ордев кој е опасен бекап за Илиев,ако му остајш простор можи да те изрешета.
Не е многу висок за лев,негде 187.88 ама подвижен е,и незгоден за чување,знај да шутни без да му ја мисли многу,со Вардар тој во второ ги извај,со неколку шутој од далеку.
Давитковски појќе е додавач,а и многу му излегваја него,не моеше ништо да напрај,доста бавен е,прекумерна килажа има,му треба залет од 5 метра да се крени,единствено со некој влезој ако напрај нешто,бара дуел игра доста,ќе можи Бојанчо да се справи со него.
То левото крило не е лошо,десно го имат Мартинче,го знајте.:pipi:
Одбраната и ГОЛМАНИТЕ на Борец се тежок КРИМИНАЛ,ко стигнаја оние дечиштата од Вардар да се шетат и да шуткат од кај сакат,онај Вујовиќ си имаше лесен шутерски тренинг,искина шанкурето,топка не фатија голманите,ама појќето беа чисти отворени шутој од 8 метри,без ни обид за блок.
Металург 2 му извај бод во Велес,31 гол дадоја.
Плус ќе имат суспендирани играчи,двајца сркнаја директен црвен,Е ПА ШО ТРЕБА ПОЈЌЕ,ако не тепат во недела ИЧ НЕКА НЕ СЕ ВРАЌАТ,нека ги пуштат тие шо се од другите градој,нека му платат на Камени една карта во еден правец за Горажде и ајт таму,нека не не мачат појќе да не замарат.
Јас не можам да го сфатам мустако,стварно,кажва тренираме,прајме ова она А СИ КУЛИРА ОНДЕ И Е ИНДИФЕРЕНТЕН КОН СОСТАВОТ,не ми е јасно,пробва нешто дипломатски да кажи на прес,ама појќе од очигледно е дека чкрипи работата,ете почнале од тн БОРД да му го копат гробо,ако изгуби Велес ќе го спашкат,така ми оди,и тие сеа сакат да се отарасат од платата,видоја дека напраја грешка шо потпишаја на 4 години со 60и кусуро години тренер,ај шо потпишаја ама НЕ ДОЈСОЈА ИГРАЧИ,и јасно е се дека работата НЕ ОДИ.
Ова ти е исто ако купиш скапа кола,ги фрлиш сите пари за неа,а да немаш после пари ни масло да смениш,истото го напраја овие легендите.
Кренаја еуфорија некоја,ЛАЖНА ВО СЛУЧАЈОТ,демек се враќаме на старите патеки,а носат онде 2,3та класа играчи дури и за наша мизерна лига.
Јасно е дека чкрипи работата нешто во екипата,за брзо ќе се дознај шо,појќе од провидни се,на крај можи и Камени ќе си биди жртва,ДА ОСТАНАТ НАШИТЕ ПАРИ ВО ЧЕКМЕЏЕТО НА ПАРРТИЈАТА,ама можи да го јадат стапо легендите од бордо,ако по некоја случајност го спашкат Камени а старио си ги бара парите,е дури то ќе биди СИТУАЦИЈА.:pos:
Нема да ме чуди и то да го напрат,и да пропадни тој проект,уште непочнат,со овие не треба ништо да те чуди,да те чуди ако се работи нешто,за вака не навикнаја.
Кажва некни мустако ЦЕНТРАЛНИОТ БЛОК НЕ ФУНКЦИОНИРАШЕ,кој централен блок бе кој бакрачи,не уби тој Кобетиќ на обична финта со промена на правец,100 пенали изнуди.
Можи не функционираше ПРЕКИНОТ НА ИГРА,ТО ДА,,за то е во право,оти топката нон стоп си се шеташе од средина кон десно, без да го прекини некој нападо,и шо одбрана играме,и на 6-0 со влезој во зона не успевавме да прекиниме напади,и лесно не решаваја,само во неколку ситуации ги носевме до закана за пасивен ,ама пак ќе не решеа оти имаја голема толеранција од судиите.
Е сеа овие бекој на Велес ако не можат да ги фатат и слободно нека не не замарат тие ДЕФАНЗИВЦИТЕ НАШИ и нека си го барат чарето во Кромберг негде нека работат.
Илиев ако го остат да разигра ќе биди заебано,тој од почеток е опасен дури е свеж,после паѓа,ако го остат да не му излегва никој ќе биди заебано,знај да шутни од трк,од место,да влези,да дај на пикер,продолжена топка до бек или крило,ќе ни напрај еден куп проблеми ако го остат и се статични.
Нема смисла ова појќе стварно,џабе само нерви киниме,без потреба.
И клучните прашања останват неодговорени,КОЈ ГИ НОСЕШЕ ИГРАЧИТЕ,ОТИ НЕ СЕ ЗЕМАТ НОВИ ИГРАЧИ,ете Колев се повреди никој нема да кажи ДАЛИ Е СЕРИОЗНА ПОВРЕДАТА ИЛИ НЕ,абе греој еј,21 век дојде никаква комуникација немат со публиката,ми пишат онде некој соопштенија на ФБ,кратко ,резултат само и кога се игра и то е:pipi:
 
Ќе киксниме гарант со Борец... Домашна екипа се, имат публика полна сала на секој натпревар а сеа за со Пелистер уште поголем притисок ќе напрат од трибини и толку ќе биди. Па уште ако е и Колев повреден, поразот е неминовен.
Штом во текот на ова недела не збркаја играчи значи ќе си терат со овие до крај. На сила некако ќе истуркат да влезат плејоф и со ова екипа и то ќе биди.
Шо се пријавија за Челинџ ко не планираја со странци уште од ова сезона, уште не ми е јасно. Демек ете Европа играме а неможиме дома плејоф да фатиме.:facepalm:
Не беа будали останатите екипи шо откажаја, знат колку му се силите и дека е само џабе пари фрлање настапот таму.
Само ние и Прилепчани се исиливме како слепци демек ќе играме а за греој сме и ние и тие... Тие видовме како поминаја, ние допрва ќе се бламираме.
Околу Касим...
Мое мислење е дека ако планираја да прат проект на долги патеки треба да се држат до тој став.
Остај го 2-3 сезони па ако нема успех после то бркај го, уствари сам ќе си замини порано ако види дека не оди работата. И ова сезона замина укурац, ама ете полека еден филтер да се напрај од ова екипа па в година да се купат бекој јаки и уште еден голман а да се ослободиме од непотребните играчи како Вешо, Везенио, Ивица,Маркудов, Коко, Кире , Никучо крилото.
Тој охриѓанецот нека го чуват само за одбрана и да се носи и пикер.
Ко ќе се ослобидиме од овие горенаведените нека се носат нови па така секоја сезона филтер да се прај да се дојди до состојба кај шо ќе имаме 10тина играчи шо ќе бидат барем на ниво на Николич и подобри. Е тогаш ќе можиме лесно да добиваме утакмици во наша лига.
Ако имаш пари то се корегира во едена сезона, ако немаш какко шо е моментално во Пелистер, потребни се неколку сезони за да се донеси екипата на некоја нормала.
Касим мора да остани барем 2сезони и да си наметни чоекот негов стил на игра и работа.
На тие играчи шо не му одговара воопшто нека не идат во Битола. А како шо се збора доста од играчите се жалеле оти ги вреѓал и му викал. Епа шо да ви прај бе ко сте дрва, браво да ви речи ?
Неможам сварно да разберам како мислат да имат напредок во кариерите со онаков пристап.
Или ќе работиш професионално или ќе глеаш ракомет од трибина, трето нема.
 
Давитковски и уште еден се казнети нема да играт в недела ама сепак е многу тешко гостување во Велес а ако го нема Колев уште потешко ама ќе видиме спорт е се е можно јас мислам дека ќе добиеме 2-3 гола разлика :D

Ова сезона нетреба да чекаме чуда бе а не посебно со овај ростер да играчи мислам дека и Камени ко дојде рече дека успеси треба да бараме од наредната сезона и реално во оваја имаме сили да бидиме на првите 2 места сега есента и да влезиме плеј оф па за другата година шо ќе биди и шо ќе се дешава ке видиме :)

П.С. Немој да му текнало случајно на експертите од управат да го бркат Камени уште сега!!!!:mad::cujte:
 
Каков кикс бе со Борец :D
Тука ни е Ивица Лазаревски, ги знај како дишат :pos:
Ќе ги покажи квалитетите токму против нив, знај кај имаат дупки во тимот, ќе го покажи својот неоткриен талент :цицки:
Ајде Ивица, ајде Пелистер :pos:
 
Som razerva mu e na kapitenot se e jasno so kapacitet e deteto garant e skopjance [emoji16]

Sent from my 6039Y using Tapatalk
Не се губи какво Скопјанче од Охрид е детето до лани играше Охрид , Иван Тасески... Не е за европа ама за нашава лига е одличен лани играше Охрид и покажа поубај способности него тие странците шо земаја 2-3 пати плата поќе од него... Годинава го немам глеам ич како играт ама се надевам ке ви бркат работа детето :D
 
Табелата комедија во суперлигата... :icon_lol:
Ми личи на табелата лани во втората фудбалска лига. Сите од 1во до 7мо место начукани во +/- 5 бода. Ќе биди интересно до самиот крај околу тоа кој ќе избори плејоф. Сега ќе почнат и Пелистер и Работник да ги играт потешките натпревари на гости и сигурно ќе има уште по некој кикс тука на двете екипи, па ситуаицијата на табелата ќе стани уште похаотична.
Засега Охрид ми делуваат како најстабилни засега и сигурен патник во плејоф, освен ако не влезат во некоја црна серија (шо не вервам) и сами да си ја искомплицират работата.

Се некако ми оди дека в недела губиме во Велес и дека после тој натпревар ќе има драстични промени во клубот. :icon_mrgr:

upload_2016-10-21_23-47-53.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom