И
Игнориран член
Гостин
Свежиоtoseto![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Свежиоtoseto![]()
Koj ke e najradosen ako se vraka gupakot ?Свежио![]()
Who?Guess whos back ????![]()
![]()
Papata po 1000004 pattoseto![]()
Цела Македонија ќе ја види"ИГРАТА"на Пелистер и "мајсториите"на капитенот Дрогата...
Претплатниците на Телекабел ќе гледаат во HD резолуција...
Осеќам дека ќе се изглупираме пак,и дека салам ќе не товарат Илиев и Орде,ама ај оставам мала надеж дека ќе тепаме..
Ние со оние глувците од Вардар не можевме да се справиме и примавме голој како на тренинг сега можам да замислам шо ќе биди,плус на пикер Павловски..
Единствено нападот ако не извај,ама гледајќи ја формата и пред се процентот на реализација и техничките грешки на капитенО тешко нас ќе биди,посебно кога ќе се земи во предвид дека дечкото е незаменлив,заедно со Чачиќ,овие двајца ако не се штеловани ќе го скрниме салам...
Ќе се крстиме во Папата....
Радовиш ја има најслабата одбрана од сите појјаки екипи во лигата(ако можи некоја екипа(освен Металург) да се наречи ЈАКА)...
Плус нека имат во предвид дека против себе ќе го имаат можи најдобриот голман за контри во лигата,секоја мала шанса за контра ќе ја џитни Паунков напред,ако ја губат топката лесно како шо си знат,пред се мислам на Дрогата и Чачиќ ќе не сакати Пискало на контри....
Сите се брзи упм,плус Ордев и Илиев знат да ја пренесат топката од своја половина и да ја стегнат без размислување..
Главните играчи се во екипата,огромна слобода имат,и стварно дечките се уходани доста,имат добра техника,добар шут,брзи се доста и се незгодни за чување..
А ко шо имаме килава и трома одбрана можам да замислам шо ќе биди...
Каша попара ќе бидиме,посебно ако не застанат на линијата и да си го играт единственото нешто шо го знат 6-0 одбрана..
Ако излезат ќе не сакатат,ко шо неаме играчи за таква одбрана тешко нас ќе биди,освен можи за некоја 5-1 поплитка зона,за да можи тој истурениот брзо да се спојува со средишниот дел на зоната,оти ако не дат густина и не се движат добро околу линијата џабе и 6-0..
Ко шо се трапави нашите ништо чудно пак да ни се шетат ко оние мочковците од МРК и да го решетат Арсиќ...
После никој не е спасва...
Лошо ќе биди ако се впуштат во бркање,како шо напраја со МРК.
Мора да наметнат бавно темпо,досадно,да ги нервират,Радовиш не е учен на бавна игра,тие сакат да играат,брзо играат немаат некоја комбинаторика и дисциплина во играта...
Се се сведува на Илиев и Ордев.ќе видите и во недела..
Илиев е главниот организатор,а Ордев е главниот шутер,троши еден куп топки во напад,нешто слично како Дрогата...
Ама за разлика од капитен-ЧЕТО наше Ордев има далеку подобар ефект,доста добар удар има,добри движења со нозе,дриблинг на прв чекор,удар од место,од трк,скок шут,иако не е многу висок,негде 188 е,знај да дај топка до крила, набиен е доста и знај да издржи дуел,така да ако нема чести прекини на нападите како шо бараше Ќани и на дуелот со МРК(ама кој го слуша)ќе не сакати,ви кажвам уште отсега,10 парчиња само Ордев ќе ни стегни(освен ако не го прочита Арсиќ)...
Значи та позиција на 2ка во одбраната ќе биди најклучна,овде ќе мора некој салам да пуштат,ако го пуштат Кире ко шое трапав и несмасен 100 исклучвања ќе јади..
Исто и Маркудов нема да брка работа..
Богдан можи би завршил работа,ама и тој е бавен за Ордев,ако не го фати одма уште при прв контакт гарант или ќе му избега или ќа сркни 2 минути...
Папата би бил добар избор овде...
Чачиќ нека го чуват за напад,не е за одбрана тој,посебно не со овие,ко оси се брзи...
Десниот бек му е висок и доста трапав и тромав,нешто слично ко Чачиќ е граден,нема техника а нема ни некој шут..
Е тука Дрогата ако не успеј да заврши работа и да го задржи не знам шо да речам појќе за детето,ако му бега и тој десниот нека си седни на клупа и нека ја штелова предницата за напад...
Е сега сигурно ако не му оди на десниот(а не ми се верва да му оди)Глигоров ќе го клај Ордев таму,а ништо чудно да го клај уште на почеток зошто и врапчињата научија дека најслабата страна во одбраната ни е Дрогата...
Е овде ако го клај,ќе има голема опасност,.зошто Ордев е одличен играч 1на 1,и ако не можи да шутка ќе ја дава топката кај Пискало..
Тука можат да бидат опасни..
Исто и Илиев е страшен играч,одличен техничар,не е висок многу,180 и некое сантим-че,ама страшно брз и интелентен играч,опасни движења има,контрола на топка..
Знај да шутни ко ќе треба иако гледа прво да ја дај кај Ордев или Павловски..
Значи ако не успеат да ги затворат овие двајца на здравје ќе биди бричењето,а ќе треба многу трчање и преземање,и пред се ПРЕКИНИ НА ИГРА,ЧЕСТИ ПРЕКИНИ,ФАЛОЈ,ФАЛОЈ ФАЛОЈ..И ГУСТИНА НА ОДБРАНА....
Исто и пикерот како знат мора да го затворат,ако го остат има да ги поремети Павловски,дечкото е страшен играч,знај да се загради добро,да прими топка со една рака,ќе не сакати,а имат и топка кој да му дај..
Тие се тие 4ца главни играчи во напад,шо ако не ги затворат можат да не сакатат..
Одбрана не играт некоја,имат само еден висок играч близу 2 метри,другите се кепециама вакви екипи не ни одговарат ич,исто ко МРК,брзи,ниски играчи кои можат да ги пратат во корак и Дрогата и Чачиќ и да ги убијат едноставно..
А ко шо се трапави и несмасни овие тешко нас ќе биди ако не успејме некако да ја рзвлечиме играта кон внатре..
Овие се идеална екипа да си ги шлакаш преку крила,се знај дека ќе излезат подлабоко на бекојте,па ќе имаат шанса да се разиграт крилата и пред се пикерите...
Ако не успеат ова да го искористат нека одат да се отепат..
Не знам стварно шо е толку сложено,па пичка му матер,гледаш не оди бре шутот,пробај навлечи играч на себе,и со обично вркстување со средниот бек навлекваш чоек на себе и имаш после да бираш кај ќе даваш топка,или со спшуштање на топка до пикер или со продолжена топка до крило,просто ко грав..
Ама на кој да му кажваш..
Јас стварно не знам шо мислат дека е ракометот овие,не е само земи бапни ја и билдај статистика 7 гола од 28 шутој...
И после се чудиме оти сме губеле,ќе губиме,ко мислиме дека уште е времето на Пепи Манасков,пред 30 години,кога цела екипа стоеше и играше за него..
Дека крилата служат само да ја свртат топката еднаш и толку...
Уште овде ако изгубат мислам дека нема смисла појќе да се дискутира за нешто друго освен за наредна сезона....![]()