Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Koja igra.ne zaebavaj ako ne bese golmanot uste prvoto duplo ke gubevme celo vreme toj i starecot ne drzeja vo igra do dusa i kriloto se macese so crnogorecot a drugite gi nemase ...Samo igrata vo odbrana bese podobra drugoto se pak corba ne piker na site mesta ni falat igraci a kani slobodno neka se pakuva od strana gledano na strimot samo skoka ko petel zaklan i se buni kaj sudiite arno denes po arno sudea ako bea ko nekni protiv rabotnicki so deset razlika ke zagubavme ...abe so da prajme muabet dosta e zamaranje oci neka vadi crevoto so partiskiot proekt


p.s.ko dojde na poraz da se radvame protiv ohrid se e jasno :mad:
 
Абе незнам шо се надевате на бодови во гости....
Реално гледано јас мислам од сите ќе изгубиме во гости, уште првото коло кога изгубивме од Прилеп ми беше јасно шо ќе не снајди понатаму, со МРК знаев дека ќе го јадиме, Охрид е каде каде поквалитетен од нас, тие лани и дома не добија, среќа само шо не изгубивме 7-8 разлика па да го јадевме срамот, Арсиќ е најзаслужен за минималниот пораз, во гости не барајте бодови, единствено само Металург 2 можи да ги тепаме тие се најотепани во лигата, ама со Пелистер се е можно така да и тие можи да не чукнат иако треба да ги добиеме, а во гости со Металург, Работнички, Борец, Радовиш не барајте бодови, па би рекол и Пролет и кога бевме стабилни порано имавме тешки гостувања во Скопје кај Тинекс, многу незгодна екипа, добар тренер имаат Ико ќе не среди, порано и да ги добиевме таму ќе беше минимално со 1 гол, а дома шо ги тепавме 9 разлика не е одраз да се гледа за утакмциата таму, овде под еуфорија, публика, едно друго ги столчивме таму не ме чуди ништо и да изгубат...
Нас на домашен терен екипите курташак си играат не па гости, порано и колку да бевме слаби дома се играше со срце и жар на терен и тешко гостинска екипа да не добиеше, сега паднавме на ниво на Радовиш...
Следат сега серија порази, па во времето на Ефто имавме подобри резултати !
 
Горе долу се сложвам до негде кажаното со сите вас и сите се сложваме дека оваа е утната ствар уште од почетокот почнувајки од управен одбор, тренери па се до играчи:oleee:
1. Мислам дека е згрешана стратегијата на клубот. Ако од почетокот се потенцира дека оваа сезона е за стабилизација на клубот, не се бараат резултати (така Цревото на Орбис кажаваше) да се застани на здрави нозе прво, да се врати реномето на клубот, па од другата година да почне веќе со резултати, излез во Европа и не знам ти што уште. Ако е тоа така, зошто се зема десен бек кој има 40 години. Добро кажаја многу мина овде на форумот, каква инвестиција е тој? Ако не се бараат резултати тогаш направи една екипа од 10 деца по 17-20 години (по можност да се бекови) надополнета со Коко, Игорче, Папата, Кире Митревски (домашните играчи) чисто како поискусни играчи кој можиш многу повеќе да ги искористиш во одбран (Папата и Митревски) на позиција 2,3,4, Коко на пример и Игорче како предни на пример. Посекако не можиш да испадниш бидејки јуниорите на Минчо испаѓаат 100%. Ако нема векје деца од кај нас затоа што најдобрите се во Металург и Вардар, тогаш требаше да се побара во Србија, Црна Гора, Хрватска. Качи се во автобус, оди во Србија изгледај 2-3 турнири собери 4-5 деца. Требаше да се искористи ситуацијата која е во Србија, затоа што таму е дно моментално во ракометот. Зборувам од финансика смисла (нема ниедна екипа која стои финансиски добро), мислам дека истото е и со Црна Гора. Има дечиња који играат таму за без пари и едвај чека некој да ги побара. На крај краева не треба да си некој филозоф, да се јавиш кај 2-3 менаџери и да ти дадат предолзи за некоји потенцијални засилувања. Наполни еден автобус донеси ги, нека бидат на проба овде 1-2 недели и од нив одбери 7-8 дечина. Потпиши ги на 3-4 години и работи со нив. Таа ситуација донегде ја искористи Металург, кога заминаја сите па Лино најде 2-3 деца од Србија, 2-3 деца од Хрватска. Истото го направи и оваа година. Овие "анонимуси" со ги донесе оваа година, играат одлично, дури и за едниот од нив направија некоја сторија на EHFTV како едно од најпријатните изненадувања во Лига Шампиони. На крај краева јас прво би потпишал со некој такви деца на 3-4 години по 1000 евра ( некој голобрази дечиња) од колку да му давам на некој 40 годишен по 1500 евра месечно. Истото важи и за другите странски "засилувања" што ги донесоја оваа година. Значи се е до визијата и работата и изборот на стручниот штаб со тие деца
2. Кога сме кај стручниот штаб. За мене ова е клучна и најбитна работа, а и најтешка истовремено. Сите се сложваме дека проверените тренери како што се спомнуваат овде како решенија коштаат многу пари. Зато треба да се свртиме кон малдите тренери. Да го најдиш правиот тренер кој има авторитет, форсира брз, модерен ракомет и има знае да работи со млади. Кјани е промашена инвестиција. Чоекот игра ракомет со се играше во античко време. Без идеја, без контра, реализација и како некој циркузант скока и се дери покрај аут линија. Во право си @Tomasin во Македонија нема. Тие се капацитетите за жал.:( Али не можам да се сложам со тебе дека Абудула е тренер за Пелистер. Чоекот освен некој авантури шо имал по 3-4 месеци во Преспа, во Грција во некој второлигашки женски екипи, друг ангажман нема. Плус човекот гледа како да заработи некој динар, надвор од ракометот. Продава некој патики и работи како електричар во Грција. Шо значи не се гледа во ракометот али чека, ако му се јави некој, ке прифати. Ке биди неколку месеци тренер и толку е. После 2-3 години повторно аут од ракометот. Така да тој надвор е од случувањата од ракометот и сега ние ке го враќаме во живот, ајде ела во Пелистер. Цревото е исто така погрешно решние. Добро кажа еден тука. Ја направи екипата ти, цртач на табла за светско и европско, еве ти ја екипата, води ја. Ама не е тој толку глуп. Зошто да си ја пика глата в торба? Директор си е на катастарот, си зема од таму пари, зошто сега си го губел трпението со овие незналиците наши, да губи, да се бламира, да го прозиваат. Второ и тој е надовр од ракометот добри 6-7 години. Едно е да дрдлаш на табла и да да кажваш то шо мислиш. Ела спроведи го тоа на терен. За кажвање на табла и цртање сите од овај форумот можиме (на некој начин и тоа го правиме овде) али теоријата и праксата не е исто. Затоа треба да се најди некое решение, некој млад тренер, со модерни визии за ракометот, што има како играч барем играно негде надвор, има видено како се работи, сака да напредува, сака да се проба како тренер. Такви експерименти направија хрватите први со Бабик и Голужа. Иако двата учеа од Лино година две, али гедам дека форсираат многу подруг ракомет од овај што го гледаме со лино. Играат брзо, со доста контакт, доста трчање. Гледам сега и србите таа тактика ја прават има доста млади тренери кај нив, во екипите нивни во недостиг на финансии. Војводина ја гледав имаат некој млад тренер и воопшто не играат лошо. Доста форсираат брз ракомет. Сега го тепаја Татран во Лига Шампиони. Како прво таквите не коштаат многу, бидејки ке му биди ватрено крштеваење како тренер (или можда претходно работел и го печел занаетот година две во некоја второразредна екипа) и второ ке сака да работи со цел да се докажи и ке има визија како ке му изгледа екипата во наредните 2-3 години. Али јас не гледам таков кај нас. Последен експеримент беше Звонко и до негде се покажа како успешен. Тие го ставија Кјани, а на чоекот во кариерата му беше строго забрането со закон да не ја преминва линијата од центарот. И ние сега очекуваме од него, да форсира брза игра, брз напад, контра-полу контра Сме го згрешиле чоекот:facepalm:

3. Играчите- Засилувањата што ги зедоја оваа година се тотално промашување. Едниот немаше кај да оди од ко му пропадна трансферот па дојде кај нас. Напраен како буре, па ајде да потрча за да ослаби па да види другата година ако му успее пак да замини. Овај другиот 1 месец беше Металург и кај му ги дадоја клоците и кај нас беше претставен како да иди од Кил. Дечкото немаше 1 минута на терен изиграно. Чачик или како е векје на 40 години дојде овде да земи некој динар ако можи. Едно видео шо го има прикачено кога "играл"ЛШ. Прво видеото е старо неколку години и трето ако заприметите има по еден гол од секоја утакмица во ЛШ. Шо значи многу играл. Појке Пандев има даено од него во ЛШ од колку тој. @Tomasin вели бек разбијач. Бек разбијач е да ја закачи од 10-11 метра. Овај едвај од 9 метра ја дофрла чоекот. Со Работнички даде 2-3 гола и тоа на страната на голманот, каде што не блокираше блокот. Тие се голманови топки. Напрај 2-3 пробивања, 2-3 технички грешки, одбрана не игра. Тој со неговите 40 години, со своето искуство треба да биди двигател на оваа екипа. Да знае кога да го смири нападот, да асистира, да дае гол кога екипата е во бунило. Далеку е од играч што му треба на Пелистер, а да не збораме за нешто друго. Дојдовме на дереџе да се радуваме ако се врати Папата, чоекот се нема задржано нигде повеќе од 3 месеци во друг клуб (го избркаја од Унгарија после 3 месеци, го избркаја од Вардар после месец дена) и ние се крстиме во него. Со ова се гледа до кај дојдовме:tapp:. Али во секој случај битолчанец е, па е добродојден
ДРОГАТА:ban: ако е талент дај тогаш и ние да почниме да играме ракомет. Талент со шут 20/5 против Прилеп, Работнички, Вардар 2? Па ние да земиме да шутниме против тие Кил ке даеме од 20 шута 5-6 голови а не против Прилеп и Радовиш. Детето му го наполнаја паметот дека е Карабатик, никаква техника, никаква перцепција на играта,или асистенција, најслабиот одбранбен играч во во цела екипа и како патор во нозете. КАТАСТРОФА. Во друг екипа кај шо имаш асолен тренер, каде што ке играш според заслугата и колку вредиш, тогаш дрогата нема да игра повекје од 5 мин по утакмица. Овде кај Кјани секој прај шо сака. Епа затоа кај и да е ке го сменат од тренер.
Сакав да кажам дека овај партиски проект е тотално неуспешен. Не можиш ти бе со "ПРОЕКТ" 5 до 12 ке правиш екипа, правиш управен одбор (внатре сите од партија пикнати) и изиграваат нешто. Или да се почни од нула, посекако сезоната е промашена, иако според мене промашена е уште од август кога почнаја или вака не оди. Ова само ке тони и тони се повеќе и повеќе, а нажалост од тоа само патат вистинските љубители на ракометот во Битола (ако сеуште има такви):cuc:
 
Koja igra.ne zaebavaj ako ne bese golmanot uste prvoto duplo ke gubevme celo vreme toj i starecot ne drzeja vo igra do dusa i kriloto se macese so crnogorecot a drugite gi nemase ...Samo igrata vo odbrana bese podobra drugoto se pak corba ne piker na site mesta ni falat igraci a kani slobodno neka se pakuva od strana gledano na strimot samo skoka ko petel zaklan i se buni kaj sudiite arno denes po arno sudea ako bea ko nekni protiv rabotnicki so deset razlika ke zagubavme ...abe so da prajme muabet dosta e zamaranje oci neka vadi crevoto so partiskiot proekt


p.s.ko dojde na poraz da se radvame protiv ohrid se e jasno :mad:
Како шо стојат работите и на опстанок во лигата ќе се радваме во иднина.
И мене не ми се верва ова шо се дешава Пелистер да биди последен во лигата и да губи од сите екипи во една ваква полуаматерска лига, ама то е реалноста и нема бегање од неа.
Со Охрид јас ја рачунав за пораз уште од ко го видов првично распоредот, и не е чудно да се изгуби од нив... Него никако не смееше да загубат од МРК и од Работнички дома. Тие два порази се показателот дека незнајме кај тераме, али тое...
Констатиравме сите дека Ќани требаше уште некни да го сменат за доброто на екипата,ама си се штитат копилињата партиски. Се е интерес и зато ќе страда клубот, пошо немат ни срам ни перде.

Сега следи утакмицата со Металург дома, која се надевам дека ќе го испечати отказното решение на Ќани. Сакам да не усрами Лино и да не победи со 10 разлика дома, па после нека се сликат и Цревото и тие кловнојте околу него. А ако и после то го остат Ќани, тогаш сериозно ќе почнам да мислам дека ова е уште едно сценарио како она во фудбалот каде намерно беше клубот осакатен за да испадни во втора лига. Ако му го напрат истото и на РК Пелистер, цел живот аир да не видат од еден до последен таму во клубот.
 
Ајде малку позитивно.Гледам сите сте down...
РК Охрид - РК Пелистер 22 -21 - Нека Патат Вештачките. ... Само едно име знам:sramezliv:
 
Настрана сите муабети со буџетот, Двојче апашо, Пискачо побожниот и Ќани дунстерот...
Мислам дека дури не дојдат уште 4ца играчи од нас екипа не бива.
Комплет бековска постава и едно десно крило се минимум. Втора утакмица по ред ја играме со Дрогата - Николиќ - Старио 60 минути, па 20 акции да ги имаат увежбано на тренинг (а имаат само 2) ќе не прочитат уште по првите 5 минути.
Десно крило е исто така must have. Овој младичот од Велес вчера го гледам му остана дупка огромна убо влезе си отвори простор и ко го виде Колев отворен се уплаши и во него ја пушти само, не ни шутна :facepalm: Со Работнички заеба контра исто, неколку пати топката му падна...
Него му треба клупата, ако добива шанса по 10-15 минути од утакмица ќе стекни рутина постепено, вака само влегва од грешка во грешка и комплетно ќе се изгуби.
Да се донесат уште тројца бека одма ќе мрднат и овие тројца шо ги имаме моментално, вака нема конкуренција знај Дрогата дека тој е само и си прај шо сака. Старио е океј играч ама за 60 минути макар и напад само не е никако, и тој влегва во грешки губи концентрација...
Кире и Маџовски нека заборат топка и слично, нека почнат да бројат играчи и да вежбат блок и фаул, за друго и не се искрено.
Папата исто би го вратил, Перо не е лош со оглед на то дека нема кој да го проигра, Маркудов ми е енигма, не е лош во одбрана ама напад е колку да не сме со играч помалце.

И на крај се паѓа во вода со на Ќани тренинг програмата и неговите замисли. Јас бев на 5-6 тренинзи до сега, се едно исто се тренира :facepalm:
Тренинг програма од лето господово 87'ма кога ракометот се играше со одење.
Нема тренинг за рекуперација после утакмица, нема шутерски тренинг, нема тренинзи кои се посветени само на напад-одбрана и на контра... Нема ни тренинзи во кои екипата треба да се опушти и да се здружат, зато атмосферата е никаква.
Индивидуално никој не работи со играчите... И ние чекаме да почниме да играме нешто :kruna:
 
1.Треба играчи,и то салам играчи за да личиме на екипа...
2.Треба тренери,тренинзи,работа и сериозносит и пред се работа на долг рок,ако се зема тренер да му се дат одврзани раце да ја спреми екипата по негов вкус,тренер кој ќе остани најмалку неколку сезони,најмалку,а не ако изгуби некоја одма менвај го,па ајде одиме со нов концепт..
Ете видете низ годините наназад,кога Пелистер имал најдобри успеси во континуитет?
Ко беше Каменица на клупа,ама мустако беше неколку сезони во клубот,ги знаеше играчите и екипата од година во година растеше,а не ко после шо праеја..
Ќе зема странец,па ќе изгубеше во Прилеп,Куманово,Велес,па ајде спашкај го па враќај го дежурниот спасител Цане Цауро:pos:,па после иста песна наредна сезона,избркај го Цане дојси го Нишевиќ,Зечевиќ,Јевремовиќ,па со нив ќе се испокараја па враќај го пак Цане..:pos:
И како да имаме успеси?Па и тие 6 титули дојдоа пред се зошто имавме стварно најдобар играчки кадар,а не од некоја добро замислен тренинг стратегија,секогаш се работело на ќоро...
Не можи така,имаја шанса со Маковеј да напрат екипа која ќе прај ршум во лигата во наредните 10 години,ама таман нешто почнаја и ебаја се,како по обичај...:sneaky:
Џабе е сега и да го сменат Ќани и да довлечкат некој странец,ако не го задржат на подолг рок исто како да не бил тука,не се прај така екипа..
Ете сегде во Европа сите екипи шо имат некоја ракометна стратегија и план за во иднина почнуват од тренерот..
Јасно ќе си знат каква игра сакат да имат,кој е планот за екипата во наредните 5,10 години и според то си барат профил на тренер кој можи да ги оствари тие работи..
Ете Сиудад со еден тренер кој работеше долго време напрај успех,Кил години иста приказна,ете моментално кај нас,Лино,Раул..
Не можи ти да менваш тренери секоја сезона..
Подобро да донесат еден салам тренер,нека го плаќаат ако треба и дупло,ама напрај еден план,остај го да работи,дај му време,а не да си играме :kuracc:...
Ете Звонко е на лагер,се изделка батето,ама некој треба да го врати овде,да му понуди услови,иначе не е будала да бега од Романија,таму барем го поштоват и стекна некое реноме,без разлика шо и таму е драпај си :kuracc:во сите екипи,не се знај кога ќе ти се испрај пред врата инспекција и ќе се клај катанец на клубот..:giggle:
3.Треба салам управа,која ќе работи на долги патеки,а не инстант партиски проекти и заебанции со луѓе од партија,проекти со тенденција да пукнат во секој момент......
4.Треба спонзори,кои ќе дат стабилност и пред се сериозност на сите работи шо се наведени погоре...
А не спонзори од типот абе ќе дам ама да ми дајте ова,или нека влези овај и јас ќе влезам...
Треба да му понудиш на спонзорите услови за тие да ти дат пари,чиста математика...

Е така се прај екипа,а не ко овие,од толку играчи на лагер не можеа да измиксоват една екипа...
Да видиш дали ќе се вклопат играчите,профилите на играчите,да предвидиш како ќе изгледа сето ова на терен,па пичка му матер бе,срамота е да го играме онај дооден ракомет..
А со овие играчи не можи да се очекува да играме ништо поинаку,ако сака и Врањеш да дојди...
Значи ова сезона нека напрат еден ресет,нека напрат еден филтер шо можи да се задржи за наредна сезона,па ако се паметни да додават макар по 2 играчи годишно,не треба појќе,ама да напрат една добра основа..
А не да се дупиме вака...
Напрај една основа од 10ина играчи и после само додавај,така се прај екипа...
Барем за почеток,а то е за да можиш барем Челинџ да фаќаш секоја година,па ако се најдат спонзори некогаш амбиците да растат,иначе ќе се заебаваме,ете речиси 20 години иста приказна е со клубот,една сезона арно,три неарно...:icon_mrgr:..
 
0
tick_vrabotise_arrow_up.png
Објавен на: 07-10-2015 | Компанија: РК ПЕЛИСТЕР АД Битола | Индустрија: Администрација


Код на огласот:TJFIFH

Работно место:Административен службеник

Компанија:РК ПЕЛИСТЕР АД Битола

Индустрија:Администрација

Реон:Битола

Отворен од:08-10-2015

Отворен до:13-10-2015

Плата (ден):10000

Број на работни места:нема информација

Вид на вработување:нема информација

Потребни квалификации:нема информација

Детали за огласот:

Веб страна:

Контакт телефон:нема информација

Контакт емаил:нема информација

Извор:Prv.mk
 
12143151_923008344450047_7542764513295074438_n.jpg
e ova e marketing i najava na utakmica a ne ko ovie nasite eden plakat na vrata od salata ke zalepat i ti dumaj se koga e slednata utakmica:facepalm::facepalm: ejjj stigna ekipa od vtora liga po organizirana da bidi :mad::mad::tapp:
 
Е то се тие ситници за кои трубиме овде а овие шупелките од управа не способни да ги реализираат. То е показател дека благе везе немат од водење на клуб.
Прво и основно за еден клуб е опремата, PR, спонзори...
Пелистер моментално има фејк опрема, нема спонзори и незнај да организира натпревар. То ме нервира и тука се гледа дека се изгубени тотално. :jajce:
Можеа да одат кај Чулако во ИНС медиа и да му ги печатеше флаерите тој а за возврат ќе залепеа на дресот една реклама на ИНС и крај, завршена работа. Одма подруго делува вакви плакати и најава одколку она мизерната со фломастер напишана.
Опремата е смешна бе...:sramezliv: Сите екипи му се смеат на натпревари, одат со лажни адидас дресој и јако тренерки од дебелиот. Од старт оставаш впечаток дека си индијанска екипа.
Џабе стотици страни ние испишавме овде ко то не допира до никој таму во клубот. Си терат по свое и само уште поќе го тонат клубот. Собрани сите партиски потрчковци таму, како некој кловној на трибина со тие тренерките излитени јако од пред 5 сезони. Незнам кој се ги има носено нив... Па мене ќе ми биди гнас да ги облечам бе, ко знам дека 100 души пред мене ја имат носено истата тренерка.:facepalm:
И како капак на се и резултатите се поклопват во целата мизерија, за да ти се одмили и ракомет и се... И после кој спонзор сакаме да дојди во клубо ? Кој ? Јас сварно незнам како можи толку бе да не ги воочват овие работи ? Нема некој околу нив да му кажи, да ги посоветва, да му објасни дека незнат кај терат ?:toe:

Како не му е срам, јас сварно незнам. :notworthy:
 
Важно на вратите за време на тренинзи му го МАНАЈА:kluc:...:facepalm:
Ејјј до кое дереџе дојде Пелистер бе,да се заклучват ко некој крадци од сопствените навивачи...
Изгледа ние му се "криви"за то шо губиме од кој стигниме(ако "резултатите не се во прв план")..:facepalm:
Со ова клубот го допре дното,не памтам јас барем во последните 20ина година откако нон-стоп го следам клубот некогаш вратите на тренинг да биле затворени за јавноста..
Освен ко дојде за кратко Боро Чурлевски за тренер,наредната сезона од ко замина Маковеј,и то беше само за кратко,и нормално ко ќе имаше некоја евро-утакмица..
Шо се плашат не знам,демек некој му ги издава тактиките?:pos:Ах леле мајко....:popce:
Не е ни чудо од ова "управа",истото го праеја и пред 4 години ко изиграваја некој ВИП секјурити пред некој ноќен клуб,небаре Циле тушнико ќе влегвал во клубот,односно ќе идел на тренинг, па ги затворија вратите на тренингот и изиграваја некој ракометни газди во салата...
Ах бе,до кое дереџе дојде Пелистер,да се затвора небаре седница на партијата е,не се плашете бе толку,ние го сакаме Пелистер и ќе останиме со клубот и понатаму,за разлика од вас,шо кога ќе ви заврши""мандато"ќе заборајте кај е салата,како шо и беше случајот пред да ве инаугурираат во вашите нови"спорстско-раководно-партиски"функции...:ban:
До кое дереџе дојдовме не ми се верва...:facepalm:
Дунката да продава карти од пред 2 сезони:pos:,да ти затворат врати на тренинг,да бегат од публиката небаре на татковците нивни е клубот...:popce:
Ај да е приватен клубот разбирам,така решил газдата,ама со НАШИ ПАРИ да изиграват спасители овие внуците на Александров и Черноземски а навивачите да бидат шо подалеку од салата,то му е и целта,колку помалку луѓе толку помалце критики:zloo:....
 
Нема зима за клубот со вакви "спонзори"...:shook:
Нека се плаши Европа,here we come...:motorce:
 
20 спонзори :pijani:
Нема пари за 7 крстени играчи, два комплета дресој и тренерки... :несвест:

Брао за управата :zver:
 
сите кафичи ги залепиле спонзори :pos:
шо се способни тие да спонзорират, кафето на играчите пред и после тренинг бесплатно му е?
а централен спонзор се знај, газето, тој коли и беси
Скопско спонзор :kuracc: цркнете комити кој веба :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom