Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Многу глуп потег напраја...
Барем ако веќе го сменаја требаше Кире да го вратат да ја дозаврши сезоната.
Вака со Ќани незнам шо добиваме на неколку утакмици до крај на сезоната.
По овие потези можи да се запримети дека управата незнат кај терат и немат везе од водење на клуб.
 
Сосема неочекувано Томче Петрески од денес не е повеќе тренер на Пелистер. Младиот прилепски стручњак само 7 меча ја водеше екипата и во нив забележа 5 победи и 2 порази. Посебно тежок беше оној во Струмица од Зомимак М од 9 гола разлика. Но главната причина не се лошите резултати, туку лошата комуникација и недоразбирањата со клубската управа. Неговиот помошник Игор Николовски ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а тимот му е добро познат, бидејќи беше помошник тренер од самиот почеток на сезоната. Николовски ќе биде четврт тренер на битолчани во текот на сезоната по Поповски, Костадиновски и Петрески. Ќе дебитира на мечот од Купот в сабота во Битола против Прилеп. Во плеј-офот ќе ја води екипата на преостанатите седум натпревари и ќе се обиде да го врати Пелистер во ракометна Европа по едногодишна пауза.
 
Па поголем хаос со тренери не можи да биди. Нека помини сезоната некако, ќе видиме што ќе прават на лето, тогаш е клучниот момент, оваа сезона е секако пропадната. Во меѓувреме, се надевам некако ќе се избори тоа 4то место кое воопшто нема да биде лесно за освојување.

Пласман во челинџ куп и цело лето шанса да го постават клубот на здрави нозе е она што се бара. Она што апсолутно не ми е јасно е што е поентата на милион менувања на тренери сред сезона. И сите бесмислени, ниту еден од нив не е тренер со искуство и какво такво реноме.
 
Не треба да заврши само со Томче смената,треба да се прекинат контактите со Иве,Баге и останатата ВИП РАКОМЕТНА ЕЛИТА која носеше играчи сите овие години и го донесе клубот на ова дереџе...(да ни бегаат играчи за кои беа платени големи пари(даени капари,пари на рака однапред и шо уште не)по само 2 месеци,ете и годинашната епизода...доказ дека нешто чкрипи овде....
Или нека клат еднаш ред во клубот или нека си одат,не да се заебават вака да ни се смеат сите,на секој 2 месеци тренери менват,доказ дека работите во клубот се каша-попара....
Уште живејме во минатото кога се праеја реформи од типот СМЕНИ ГО ТРЕНЕРОТ И СЕ ЌЕ БИДИ КО ШО ТРЕБА...
Рибата од глата смрди,треба да се напрај реформа во начинот на кој се раководи клубот,па после да се бараат резултати....
 
Мн голема грешка што го отпуштија тренерот , требаше да му дадат повеќе време за да се докажи !!!!
А засилувањата се катастрофални посебно тој филич или како да го викаат помалце голој од воденичаров има даено.....
 
Аууу!!! Леле, леле, леле. Шо да се кажи...... Па ако веќе не беа задоволни остај го до крај, и онака со него или без него оваа сезона е сапуница.
Не е ова Манчестер Јунајтед. Али си викат ај барем ке заштедат некоја сума да не седи ТОмче, и со него и без него исто..... Изгледа ке е така а можи и немаше така да биди ако беше некој друг салам тренер кој од оваа багра од странци со исклучок на некои веке спомнати можи и нешто ке изваеше...... Како и да е ова уште еднаш покажа дека мора да дојди сериозна ракометна структура во клубот, која правилно ке ги работи финансиите од Спонзорот, како шо се прај во Металур и вардар, со сериозен скаутинг и преговори.Џабе бараме тренер, играчи кога ако следите во сите јаки клубој прво се носат спортски директори , тие ако се салам, ке дојсат салам тренери, а овие салам играчи. Има илјада клубој во овој спорт и фудбалот, пример Рома, Челзи, кои со спортските директори ги воскреснаа клубојте,се разбира со КЕШ!!! оти без КЕШ денес 0 успех.Така да мислам на ова прво треба да се работи , ако спонзорот стварно сака да вложи и да ги облагороди парите. Баталете структури од минатото кој во 21 век неможат да функционираат. Па донесете да му се невиди ако треба и скопјанец,странец чоек експерт било кој, за ова нека се одделат 60% од буџетот, тој за 30% ке најди тренер кој со деца од балканот кој ги има 10000, ке го крени клубот,привремено, па после со продажба на некој од нив, и ке карат и така со инвестиција и во младата школа, постепено ке се крени полека и клубот за на долгорочни патеки како металург. Само така ке ни се исполни 15 годишниот сон-пост за РК Пелистер да биди рамо до рамо со Металург и вардар.Баталете гордост и суети. ова веке ги надмина сите очекувања....ова е кошмар!!!
 
Како тргнаја со тренерите ќе го вратат Цане Крстевски кај и да е....:icon_mrgr:
П.С.
Јуниор изгуби на гости против Тинекс па најверојатно тие испаѓаат од трката за 4то место...
Лошо ќе биди ние да изгубиме со Јуниор па да решаваме со Пролет како лани....
А тука можи се да случи,ништо чудно и Струмица да изгуби во Скопје како лани...
Ќе мора да се тепа во Скопје по секоја цена,се друго е неуспех....
 
Ова е типичен аматерски потег. Не дека го бранам Томче, ко прво не ни требаше да го ангажират, ама безвезе е да се менва тренер по 5 утакмици o_O И не било за утакмиците него лошата комуникација со управата :sneaky: Изгледа ги бришел од фејсбук и не му враќал на чат :icon_mrgr:
И шо ќе постигнат сега со Ќани? Ќе го пуштат и него низ вода, има уште некој шо остана тренер да го клат или со Ќани до јуни ќе истуркаме?
За тренер да воспостави систем, уигра одбрана и напад на некое ниво и година дена се малце, особено ко ние шо испревртивме 25 играчи оваа сезона. Не знам шо очекуваја прво со екипата Кире шо ја имаше на располагање. Поголема мизерија од таа екипа немало никогаш, Чатле ѓоа шок терапија беше, а човекот е со години надвор од ракометот. Томче можи не беше најидеалниот во зимата, особено во ваква ситуација кога се менва пола екипа на сред сезона, ама подобро да го остаеа уште некое време, итака на крајот повеќе од 4то место не можиме да истуркаме.

Се ова е доказ колку управата е озбилна. Прво ниеден од нив не само шо не бил ракометар него не ни имал врска со ракометот (освен Гино) а второ очигледно дека се чекаат на контактите од Баге и тоа шо ќе му понудат менаџерите. Е ова е најпогубна тактика. Сите се вртат околу клубот, ѓоа нешто солат памет, никој никаква одговорност не превзема и на крајот испаѓа многу бабици = килаво дете.
Жалосно е клуб со толку ракометни легенди, спортски работници да нема ниеден на никаква функција во спортскиот сектор во клубот.
Не е проблемот шо не излегват на прес пред секоја утакмица. Проблемот е во то шо освен Зоки шо ќе напиши рапорт од утакмицата и Славчо шо ќе кажи два збора на вестите то е то. Нека се појават во некоја емисија, да се кажи кои се моменталните можности на клубот, кои се амбициите, плановите... Ај Ефто излегваше 3 пати годишно само и секоја година истиот муабет беше. Овие освен тие две ретчиња текст од претседателот другите ко млади невести се кријат да не кажат нешто повеќе.
На крај, можно е и она најнесакано сценарио oд пред 3 години. Да му се стемни на Циле пак шо овие спичија парите на безвезни играчи и не успеаја ништо да напрат и да кажи еве пробав јас ама не ја бива работата и да се повлечи. Е то ако се случи (а со нас ништо не е невозможно) нејќам ни да помислам шо ќе биди понатаму.
Најискрено се надевам дека малце од малце ќе се уозбилат и ќе постават некоја основа на лето. Под основа подразбирам ТРЕНЕР а не привезок, човек што ќе има апсолутна власт над екипата и кој самиот ќе си го склопи тимот според буџетот. Стручен штаб кој ќе си дојди сосе тренерот и кој ќе има некаква улога за време на тренинзите наместо да листат билтен. Подготовки, редовни плати, колку-толку да се подобрат условите во салата... И то би било то. За сеха лига и за тоа да се смешаме со Вардар и Металург тоа за некои 4-5 години најрано итоа под услов уште од утре да почнат да работат како шо треба во управата.
 
Да го видиме и ова чудо...:гик:
 
Последно уредено:
Со кој играме следна утакмциа од плеј-оф и кога ?
 
Со кој играме следна утакмциа од плеј-оф и кога ?
Со Вардар дома,во текот на другата недела(од вторник до четврток)би требало да се игра..ако не ја одложат оти на 2 мај играт ВЕЧНИТЕ МЕЃУСЕБЕ...:icon_lol:
 
Последно уредено:
http://tip.com.mk/eksluzivno-golmanot-i-kriloto-na-rk-pelister-zaigraa-na-fudbalski-natprevar/
Ооооо... Во на директорот тимот настапиле бе...:pos:
Па нека играт почесто фудбал , оти од в година тешко дека ракомет ќе играт тука во Битола.

п.с. Овие од тип.мк страната за грев се кутрите. Па екслузивно го најавиле:facepalm:
 
http://tip.com.mk/eksluzivno-golmanot-i-kriloto-na-rk-pelister-zaigraa-na-fudbalski-natprevar/
Ооооо... Во на директорот тимот настапиле бе...:pos:
Па нека играт почесто фудбал , оти од в година тешко дека ракомет ќе играт тука во Битола.

п.с. Овие од тип.мк страната за грев се кутрите. Па екслузивно го најавиле:facepalm:
Декси го пиши а беше страничен судија на утакмицата, јас бев...
Таков шпиц корпулентен како голмано Пелистер нема а Пискачо го ангажирал во Јени Мале.:icon_lol:
Инаку која мизерија сме еј ракометари а фудбал играт, кој ракометари кој бакрачи.
Ептен ми чкрипи овде со ова управа овие се дојсени колку да замачкат очи, јас одам до таму шо кузнај и Циле дали дава пари, кај е го видовме?
Можи да е некоја игра, со вакви стоки никогаш не се знај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom